Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДОКТОРОТ ФАУЧИ ПОТВРДУВА – ПОСТОЈНИТЕ ВАКЦИНИ СЕ ДОБРИ ЗА „БРИТАНЕЦОТ“, НО НЕ И ЗА ЈУЖНОАФРИКАНЕЦОТ

March 16, 2021 Filed Under: Свет

Националниот институт за алергиски и заразни болести во САД наскоро ќе издаде нови препораки за граѓаните вакцинирани против коронавирусот.

ФАУЧИ Фајзер и Модерна се добри и британскиот вирус

Во интервју за телевизијата MSNBC, главниот специјалист за инфективни болести во земјата, Ентони Фаучи рече дека наскоро ќе бидат објавени „голем број препораки” со најоптимални медицински  правила на однесување за луѓето кои примиле барем една доза од вакцината.

– Овие препораки ќе се однесуваат на патувања, за однесување на работното место и во молитвените куќи, рече Фаучи.

Како што истакнува весникот „Хил”, изјавата на Фаучи е дадена во врска со се почесто манифестираната независност на одделни држави, кои ги укинаа ограничувањата наметнати од пандемијата.

Властите во некои држави го укинаа задолжителното носење маски на јавни места и други безбедносни мерки, вклучително и дистанцата.

Администрацијата на претседателот Џо Бајден ги повика локалните власти да се воздржат од „рано укинување на ограничувањата” за да се избегне отстапување од позитивните трендови во борбата против пандемијата на земјата.

Директорот на американскиот Институт за алергија и заразни болести, Ентони Фаучи, изјави дека е можно за стекнување колективен имунитет против коронавирусот (Ковид-19) да треба да се вакцинира до 90 проценти од населението, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Водечкиот американски инфектолог, во „Њујорк тајмс“ (The New York Times) кажа дека претходно се проценувало дека за колективен имунитет е доволно да се вакцинира околу 70 проценти од населението, но процентот на неопходна вакцинација расте како што расте и леснотијата и брзината на пренесување на вирусот.

„Сè уште не ги знаеме точните бројки, но мислам дека e можно да биде потребно да се вакцинира до 90 проценти од популацијата со цел да се постигне колективен имунитет за коронавирусот“, рече Фаучи.

ИМУНИТЕТ За да САД добие имунитет на стадо е нужно покривање од 90 отсто со вакцини на населението

Во САД во тек е масовна вакцинација против коронавирусот, а првата доза од вакцината веќе ја примија повеќе од милион луѓе, покажуваат податоците на Центарот за спречување и контрола на болести во САД (CDC).

Британската варијанта на корона вирусот се брзо и би можела да стане доминантна во САД до крајот на март, вели д-р Ентони Фаучи.

Зборувајќи на виртуелен брифинг организиран од тимот на Белата куќа за одговор на Ковид-19, Фаучи рече дека оригиналната варијанта е се уште доминантна во САД.

Но, главниот медицински советник на претседателот кажа дека моделите покажуваат оти британската варијанта, која е наречена Б117, се шири бргу и може да стане доминантна за околу шест недели.

Според Фаучи охрабрува тоа што вакцините кои моментално се дистрибуираат во САД се ефективни и против Б117, но предупреди дека се помалку ефикасни за т.н. јужно африканска варијанта.

Фаучи рече дека се надева оти вирусот ќе биде ставен доволно под. Контрола пред оваа варијанта да стане доминантна во САД.

„Се се заснова на вакцинирањето што е можно повеќе луѓе и имплеменитрањето на мерките за заштита на јавното здравје“ рече Фаучи.

Според последните бројки од Центрите за контрола на болести најмалку 32 милиони Американци ја имаат примено првата доза од вакцината за Ковид-19, а 9.5 милиони ги имаат примено и двете дози.

Filed Under: Свет

БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА
ЛIИЦЕТО И ОПАЧИНАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА
МИЦКОСКИ МОДЕРНИО
ЕДВАРД ЏОЗЕФ ЗА ЦИВИЛ: НАТО САМИТОТ ВО ХАГ БЕШЕ УСПЕШЕН

Најново

  • БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
  • СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА
  • ЛIИЦЕТО И ОПАЧИНАТА НА ДИПЛОМАТИЈАТА

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet