Леонард Мазинг, во 1890 година во Тарту (Естонија) ја одбранил првата докторска дисертација а македонски јазик насловена како: „За јазиковната оценка на македонските Словени“
ВЕСНА КОСТОВСКА
Со своите дела Л. Г. Мазинг даде поттик за развој на македонистиката кон крајот на XIX век. Неговите дела ги привлекле и другите автори на кои им била важна историјата на кирило-методиевата писменост, култура и етнолигвистика, додека политиката и пропагандата им била туѓа.
(Текстот подолу е преземен од интернет, нема запис за авторот)
Леонард Мазинг бил роден на 21 ноември 1845 година во с. Мустјала, Естонија и потекнувал од црковна фамилија. Починал на 4 април 1936 година во градот Тарту.
Мазинг бил доцент во Дерптскиот Универзитет на Катедрата за споредбена граматика на словенското наречје.
Во 1890 година во Тарту ја одбранил докторската дисертација, насловена како: „За јазиковната оценка на македонските Словени“.
Достигнувањата на Мазинг долги години остануваат непознати за македонската научна јавност, но во 1975 година Р. В. Булатова го истражува делото на Мазинг и го објавува трудот :
„Првиот истражувач на јазикот на македонските словени Л. Г. Мазинг (1845 – 1936 )“.
Овој труд бил објавен во 1982 година во книгата „Македонски јазик“, со што делото на Мазинг станува достапно за македонската јавност.
Во самиот труд на Р. В. Булатова, која врз основа на „огромната се’ уште непроучена архива на Мазинг“ во научната библиотека на Универзитетот во Тарту и на Архивот во Тарту, се дознава за македонистичката дејност на Мазинг. Имено, тој преку 45 години предавал во тогашниот Дерптски универзитет, каде што одржувал курсеви по споредбено – историски граматики на индоевропските јазици, споредбена граматика на словенските наречја, увод во славистика, филолошка и словенистичка литература, за црковнословенскиот јазик, за јужнословенската дијалектика, за источноевропските јзаици, итн. Тука, секако, влегува и интересот за македонскиот јазик и македонската посебност.
Во 1887 година Мазинг заминува во Лајпциг кај проф. А. Лескин, познат славист, проучувач на бугарскиот јазик. Тука се сретнал со двајца Македонци, Иван Ѓоргов од Велес и Димитар Топеничаров од Охрид, исто така ги проучувал, и делата на Верковиќ, Шапкарев, Драганов, Пулевски и други. Со што стекнал одлични познавања за македонскиот јазик.
Во неговата архива се зачувани материјали поделени на „јазични зони“, и тоа:
1.Бугарски
2.Зона Ч и Џ
3.Српскохрватски
4.Чакавски
- Кајкавски
- Словенечки
- Македонски
При тоа, македонскиот материјал е означен како „specific“ и останал непроучен. Посебно внимание Мазинг обрнал на tj и dj во македонскиот јазик што претставувал најатрактивен „проблем“ во славистиката.
Р. Б. Булатова за овој проблем вели:
„Поставувајќи си ја пред себе целта да даде лингвистичка карактеристика на јазикот на македонските Словени, Мазинг на општометодолошки план се обраќа кон методите познати во современата фонологија:
- Воспоставување на носителот на јазикот.
- Објективна анализа на постојните односи во јазикот.
Особен заклучок што го направил Мазинг во своето истражување е своевидноста на јазикот на македонските Словени.
Мазинг при своето проучување на македонскиот јазик, македонската територија ја поделил според акцентолошките критериуми на:
-Источна, а неа на северноисточна и југоисточна .
– Западна, а неа ја поделил на западна и северозападна.
При тоа Мазинг првенствено ги проучувал западномакедонските говори, кои „зачувале извесна подвижност на акцентот“.
За јазикот на македонските Словени тој го дава следното правило:
„Врз акцентот влијае количината на слогови, ако количината на слогови во зборот се зголеми, акцентот може да се премести:
КУ`ЗМАН – КУЗМА`НИЦЕ.
Скратувањето, стегнувањето во последниот збор, што го смалува бројот на слоговите, исто така, не влијае врз акцентот, којшто си останува на поранешните места:
КУЗМА`НЦЕ а не КУ`ЗМАНЦЕ “