Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДОКТОР ЏЕВАД ФЕЈЗУЛИ: ПОРАНО НЕ СЕ ДИСКУТИРАШЕ ДАЛИ ДА СЕ ПРИМИ ВАКЦИНА ИЛИ НЕ

December 14, 2021 Filed Under: Македонија

За време на епидемијата со големи сипаници – вариола вера, во поранешна Југославија за месец и половина се вакцинираше 18, 5 милиони народ. Тогаш немаше сакаш – не сакаш, вели во интервјуто за „Вистиномер“, пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово

ДОКТОРСКО МОРА Д-р Фејзули вели вакцинациите мора да ги има во нормална употреба – го спасија светот од многу болести

ЗОРАН ДИМОВСКИ

За време на епидемијата со големи сипаници – вариола вера, во поранешна Југославија за месец и половина се вакцинираше 18, 5 милиони народ. Тогаш немаше сакаш – не сакаш, вели во интервјуто за „Вистиномер“, пензионираниот раководител на службата за општа хигиена и здравствена екологија при Центарот за јавно здравје Тетово, доктор Џавид Фејзули. Ние имаме Закон за заштита на населението од заразни болести коишто ја загрозуваат целата популација. Така што, не може некој да вели јас сум господар на своето тело! Да, ама ако си опасен за мене и за другите околу, не можеш да правиш што сакаш, туку мора да почитуваш правила, нагласува доктор Фејзули. Тој во разговорот за „Вистиномер“ објаснува како течел процесот на имунизација против вариола вера во седумдесетите години на минатиот век, говори и за појавата на голем број антиваксери и какво влијание имаат тие врз широките народни маси

Како гледате на пандемијата со ковид-19 како доктор во пензија, кој своевремено искусил и други пандемии и учествувал во процесот на имунизација?

– Микросветот е кај нас, во нас и околу нас. Вирусите и бактериите не можат да се уништат. Пандемии и епидемии, особено епидемии, имало во минатото и најверојатно ќе ги има и во иднина. Тоа е едно взаемно содејство меѓу луѓето, микросветот и бактериите, и едните и другите  сакаат да преживат, а за да преживеат сакаат да се населат некаде. А, во случајот вирусиите и бактериите преживуваат, ако се најдат во макрорганизам и во неговите клетки, инаку сами по себе тие се неживи супстанци, кои можат да преживат само ако влезат во клетка.

Конкретно, можам да ја посочам вариола вера. Јас бев еден од тие коишто вакциниравме луѓе. Тоа беше со грепкање и мачкање со течност и доста брзо ја снема оваа болест. Инаку, беше со висока смртност и на просторите на Југославија беше донесена од нашинци кои биле во Иран, па во Мека и дојдени во Југославија. Јас сум убеден дека сега за ковид-19 полека ќе се постигне тој колективен имунитет, а тоа значи дека повеќето ќе се стекнат со антитела.

Што е разликата на оваа со другите епидемии, и во однос на болеста од медицински аспект, но и од односот на луѓето кон оваа и претходните епидемии, како гледате на сето тоа?

– За жал разликата е што во последно време довербата во медицината како наука ја намалија токму одредени лекари и народот започна да се сомнева во одредени медицински постапки. Порано се верувало, кога ќе каже доктор и тоа е. Но, се појавија лекари кои се посомневаа во самата пандемија, дали навистина постои вирус, дали е тоа некој заговор. За жал и тоа доведе до недоверие кај општата популација, којашто за волја на вистината не знае што е вирус и што значат одбранбени сили во организмот, или таа цела имунологија. Зошто за да постоиме како живи суштества не диригира неурогената система, ендрокринолошката и имунилошката система на човекот. Овие три системи не прават да сме живи.Тоа е комплициран систем што и медицината не го дорасчистила.

 Дали имате чуство, дека иако сме 2021 година , сепак  има сè повеќе луѓе кои кон оваа болест гледаат со скепса, но и кон самата имунизација и покрај тоа што постојат докази и статистики кои велат дека вакцината помага во спречување и ширење на разни зарази?

– Да, за жал, така е. Вакцинацијата како метода одигра огромна улога. Со вакцинација ние спречивме детска парализа, дифтериија, тетанус, заушки, доста заразни болести кои напаѓале и од кои се умирало. Но, еве ги немаме тие болести и тоа значи дека вакцинацијата како медицинска метода е за поздравување и целта е да спречи болест или да ја ублажи. Ама, сега оваа работа е испревртена и од одредени лекари. Ќе се најдат лекари, не знам како, но моја претпоставка е поради одредени интереси, ќе покренат прашање што не е докажано и ќе го форсираат во јавноста.

Земете пример со аутистичниот спектар, цел свет се дигна на нозе дека поради одредена вакцина се појавува аутизам кај децата, а тоа го пласираат колеги лекари. Сега одредени американски статистики, велат дека на секои 50 породувања има по едно аутистично дете, ама не е од вакцината и тоа официјално се докажа.

Така што,  сега ако некој лекар каже нешто, широката маса се приврзува кон тоа што го кажал и затоа се појавуваат антиваксери.

(vistinomer.mk)

Filed Under: Македонија

ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ
КАНСКА КОНКЛАВА: БРАК ОД ЉУБОВ
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (129): КРЕМЉ ЌЕ БИДЕ ОБЕСХРАБРЕН, САМО УКРАИНА Е ВООРУЖЕНА ДО ЗАБИ

Најново

  • ШТО СЕ’ СЕ КРИЕ ЗАД ДОГОВОРОТ ЗА СТРАТЕШКО ПАРНЕРСТВО СО БРИТАНЦИТЕ?
  • ПОЛИТИКА КОЈА НЕ Е ЗА ЕУ, ЗЕМА И АНТИЕВРОПСКИ КРЕДИТИ
  • СИ ЏИПИНГ: РУСИЈА Е НАШ ВАЗАЛ ОТСЕГА ПА НАТАМУ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet