Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДОЛГОВЕЧНАТА АМЕРИКАНКА РЕЈЧЕЛ Е РОДЕНА ВО БИТОЛА

October 25, 2022 Filed Under: Ревија

Таа го преживеала интернирањето во Треблинка во 1943 г., што го изведе бугарскиот окупатор, со илегален премин во Албанија. Од таму заминала во Бостон а таму го прослави својот 105 –ти роденден

БАБАТА И ВНУКАТА Славеничката Рејчел (Рашела) со пејачката Ароести

Битолчанката Рејчел Нахмијас го прослави својот 105. роденден. Таа е најстарата жива Еврејка од Битола, родена во далечната 1917 година, но соочена со тешките животни патешествија поради холокаустот, била принудена да го напушти родното гнездо и животот да го продолжи во Бостон, САД.

Се спасила од депортацијата во нацистичките концентрациони логори во 1943 г. така што била сокриена во багажникот од автомобилот на албанскиот конзул во Битола. Благодарение на него, останала жива и ја продолжила семејната лоза на далечниот континент, каде што деновиве со потомците, меѓу кои и светски познатата ладино-пејачка Сара Ароести, го прослави овој редок роденденски јубилеј.

За роденденот богослужба, ручек, дружба на „Зум“ со роднини од целиот свет и забавни игри

– За 105. роденден моето семејство ја посети во нејзиниот дом во близина на Бостон. Со неа присуствувавме на богослужбата во саботата, а потоа уживавме во ручекот додека на „Зум“ ја поздравија другите членови на семејството од целата земја. Нејзин роднина ѝ подари специјален проглас од гувернерот на Масачусетс, а и по сета возбуда таа сепак имаше енергија да игра со карти! Беше многу среќна – раскажува пејачката Сара Ароести, на која Рејчел ѝ е тетка, односно прва братучетка на нејзиниот дедо. Сара вели: „Иако има голема разлика во нашите години, многу сме блиски“.

Рејчел Нахмијас има 105 години и сè уште е многу здрава. Иако видот и слухот ѝ се намалуваат, таа и понатаму се движи и живее сама. На роденденот со помладите членови од семејството уживаше играјќи ја играта румикуб.

Жива е благодарение на албанскиот конзул од Битола. Семејството на пејачката Ароесте и она на Рејчел на почетокот на 20 век заедно живееле во куќата каде што денес се наоѓа пицеријата „Равена“ во Битола и каде што е сместена Регионалната канцеларија на синдикатите на Македонија. Стара фотографија од семејството Нахмијас и денес стои закачена во пицеријата, што укажува на богатата историја на овој објект на Широк сокак.

ИГРА СО КАРТИ Свечениот ручек обележан со игра со карти на лап топот – помош за слабиот вид на славеничката

Имено, ден пред депортацијата, 10 март 1943 година, албанскиот конзул кој живеел во куќата на семејството Нахмијас, кое претходно го иселиле нацистите, дознал дека ќе се земат работоспособни мажи и жени, па ја известил Рејчел дека е опасно да остане и дека може да ја спаси. Ја пикнал во багажникот од својот автомобил и на тој начин ѝ го спасил живот, а другите членови од семејството завршиле во Треблинка. Преживеал и нејзиниот брат Жак, кој тргнал да се школува во Италија и бил вклучен во отпорот на партизаните.

Тогаш Рејчел имала 26 години и спасувачите ја однеле во Албанија, каде што ја поминала војната. Со албанското семејство живеела до 1950 година, а потоа заминала за Америка. Роднините раскажуваат дека годините ги минала со спомените за Битола, им раскажувала за Калеје и Табане, соседите каде што живееле нејзините пријатели Евреи. Споделувала и игри што ги играла, како и спомени од храна, пример за фијони, специјално јадење со грав. Но, во душата ѝ останала една желба поврзана со родното огниште.

Рејчел е инспирација за работата на Сара Ароесте. Албумот „Монастир“ ја содржи и „Од Битола појдов“, народна македонска песна која Ароесте ја преработи во модерен аранжман, а учествуваат и музичарите Вевки Амедов, Сефедин Бајрамов и Мими Марковски. Песната „Јовано Јованке“ првпат е препеана на хебрејски јазик, а во „Едно време си бев ерген“ пее и хорот од детската градинка која го носи името на Еврејката „Естреа Овадија Мара“.

ТУКА СЕ И ПАРАВНУКИТЕ Многу генерации собрани на едно место

Една од нејзините песни – „Монастир“ ѝ ја посвети токму на нејзината роднина Рејчел зашто, како што вели, ѝ послужила како инспирација во животот.

– Таа е инспирација за мојата работа – преживеа толку многу, а, сепак, остана позитивна и дарежлива цел живот. Таа е прекрасна душа, а јас ѝ посветив дел од мојата песна со тоа што нејзините приказни се вткаени во моите текстови.

(fakulteti.mk)

Filed Under: Ревија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet