„Цивил“ организираше панел дискусија на тема: Сајбер нападите – предизборно оружје. Хакирњето е криминали тоа организиран а зачиудув фктот дека очевиднополитики инструираните напаѓачи врз слободните медиуми ги користат „алатките“ во државните институции
Невладината ЦИВИЛ организирше инатата недела панел дискусија на тема „Сајбер нападите – предизборно оружје“ на која станА збор за сајбер нападите врз интернет медиумите и како тие се користат како предизборно „оружје“. На панел дискусијата, панелистите ќе споделија информациите и искуствата на оваа тема, актуелна во светот и кај нас. Што се сајбер нападите, како тие влијаат врз работата на медиумите, какви комерцијални, медиумски и политички импликации имаат и како тие се користат како предизборно „оружје“, беа дел од прашањата на кои говореа панелистите – Сашо Орданоски, Јане Ѓорѓиоски и Ермин Климента. Модератор на дискусијата ќе биде Џабир Дерала.
Непосреден повод за оваа тема беа зачестените сајбер напади врз интернет медиумите во предизборниот период. Меѓу метите на такви напади се и Слободен печат, Цивил медиа, како и низа други интернет медиуми.
„Слободен печат којшто во последните два три месеци успеа да го дуплира и триплира својот сообраќај и влезе во 10те најчитани информативни портали. И тоа веројатно беше причината за повеќедневен напад – коментираше Сашо Ордановски.
Нападот е всушност загушување на сообраќајот на серверот.
Серверите на Слободен печат се лоцирани во Франција – исткна новинарот. – Првите предупредувања стигнаа од таму, дека сме под жесток напад. Интересно во случајот е што компанијата идентификуваше пет адреси од каде се врши нападот кои беа од Македонија. Некој да се дрзне од Македонија, и тоа не од приватни туку од државни институции како еден од поголемите државни универзитети, од едно од поголемите министерства во владата, една од најголемите енергетски компании, една од најголемите ИТ компании и од поголемите национални телевизии… Тоа се адреси кои би требало да бидат максимално заштитени.
Компанијата го пријави нападот во Одделот за компјутерски криминал во МВР не само затоа што е сериозен напад врз нашата компанија, каде секако имате огромни морални и материјални штети, туку бидејќи се работи за ретка прилика каде се идентификувани адресите и сметавме дека е важно да се идентификува начинот на којшто се извршени овие напади. Пред се за да се провери дали нивните сервери биле хакирани, што е многу веројатно.
Ако овој напад е проба пред изборите тоа може да има сериозни политички импликации. Замислете што ќе се случи ако на 3 април некој го хакира серверот на Фондот за пензиско осигурување, на пример. Зад тоа не стојат луѓе кои се шегувале тој ден, туку се работи за промислен организиран и смислено изведен напад“, истакна Орданоски.
Ермин Климента, веб девелопер во ЕЛАМИ, на настанот „Сајбер напади – предизборно оружје“, зборуваше за своето искуство со работата во Цивил и за нападите и проблемите со кои се соочувал пред неколку години.
„Имавме илјадници прегледни дневно, кога тие се распространети во текот на 24 часа не е проблем, но серверите кои ги имавме не беа подготвени да ги издржат тие напади. Не само што нападите ни го бутнаа серверот, ама и компанијата ни го избриша сајтот. Среќа направив „бек ап“, го вративме сајтот на друг сервер и во следната минута повторно се повторија нападите“, изјави Климента.
„Сајбер нападите се глобален проблем, ги има насекаде, особено се насочени кон медиумите, а колку е еден медиум е помал, полесно е да му се наштети и потоа да се избрише истиот. Такво нешто не може да се случи со поголеми компании, како што е примерот со Фејсбук“, додаде Климента.
Тој додаде дека сајбер нападите не се само од технички аспект, туку тие влијаат и во општеството, наштетуваат и предизвикуваат стрес и болка кај луѓето.
„Досега не сум видел некој кај нас да одговара за ваквите напади, за такво злосторничко здружување“, додаде Климента.
Во нашата земја има историја на вакви напади врз веб сајтови на медиуми и граѓански организации, но исто така имаме историја на разни напади на државните институции, банки и слично, за кои не се зборува во јавноста, оние кои се нападнати не сакаат да бидат прикажани како жртви или недоволно заштитени, особено институции кои чуваат важни работи, банки кои ги чуваат парите на граѓаните, но сметам дека ова е сериозна закана, не само кај нас туку и во светот“, изјави Филип Стојановски на панел дискусијата.
Стојановски изјави дека кај нас има два вида на сајбер напади, директни и „ддос“ напади.
„Директни хакирања, со цел да се влезе и да се направи штета, да се смени некоја содржина и сметам дека дефинитивно е потребно зголување на компјутерската безбедност. Ддос напади – кои доаѓаат од мрежи на компјутери и праќаат барања за пристап до содржина. Она што е важно е дека таквите мрежи можат да се создат не само во сопственост на оние кои напаѓаат, туку и со пуштање на вируси, кои фунцкиорнираат континуирано“, изјави Стојановски.
Стојановски додаде дека тие во фондацијата Метаморфозис пред неколку години се соочиле со таков вид на напади, во време кога ситуацијата со медиумите била крајно лоша.
„Ние во Мета пред неколку години се соочивме со таков вид на напади, на некој начин ситуацијата во медиумите беше крајно лоша, ние ги отворавме тие прашања барајќи преку јавна дебата да ги поттикнеме медиумите да бидат поодговорни, лажни вести и непочитувања, но и со цел граѓаните да ги вклучиме во тој систем, да бараат одговорност од медиумите. Во 2013 и 2014 направивме алатка времеплов, каде граѓаните можат да соберат медиумски линкови и за ги зачуваат, бидејќи оние кои објавуваат проблематични содржини по некое време ги тргаат, ни беше потребна алатка да ги зачуваме во оригинална форма. По создавањето ни се случија нападите, мораше да се земе поинаков вид на сервер, поголема заштита“, додаде Стојановски.
„Таквотот однесување е кривично дело, има затворска казна за тоа, дел од поголемо криминално здружување и исто така нормално за нашата држава е клучно градење на доверба во институциите, бидејќи со тоа на граѓаните ќе им се даде до знаење сериозноста на опасноста“, изјави Стојановски.
Активистот и блогер, Јане Ѓорѓиоски на панел дискусијата на Цивил „Сајбер нападите – предизборно оружје“, зборуваше за тоа како сајбер нападите делуваат на активистите и обичните луѓе, па и блогерите.
„Многу е интересно како овие напади на традиционалните медиуми делуваат врз мотивацијата на поединецот да го искажува сопственото мислење на своите приватни профили на социјалните мрежи. Можете да замислите како се чувствува еден блогер за сопствената сигруност кога ќе чуе дека е нападнат медиум како „Слободен печат“. Ми се имаат случувано интересни работи, хакерски напади на мојот блог од соседна држава, но имаше и насочени напади кои се случуваа секогаш пред изборите кога ние блогерите бевме многу активни. На секого останува дали ќе одолее на тие напади и ќе го совлада стравот и ќе продолжи понатаму“ истакна Ѓорѓиоски.