Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ДОМОТ НА ПАСТРМКАТА“ ОД АЛЕКСАНДРА ВЕЛИНОВА ПРОМОВИРАНА ВО БЕЛГРАД

October 28, 2025 Filed Under: Ревија

Во рамките на Саемот на книгата се промовираа вкупно шест наслови за деца. Дел од книгите беа поделени и во една белградска градинка

ПРОМОЦИЈА Фотографија од промоцијата на книгата „Домот на пастрмката“

Најновата илустрирана книга за деца „Домот на пастрмката“ од Александра Велинова промовирана во Македонскиот културно-информативен центар во Белград во рамки на Денови на македонската литература за млади. Целта е промоција на македонската литература, но и убавините на балканскиот бисер, Охридското езеро. Пораката е јасна, „првите пет се најважни на свет“, па и читачките и еколошките навики се стекнуваат од најрана возраст.

– Не смееме да дозволиме нејзиното Височество Книгата да падне во сенка на придобивките на современата технологија и вештачката интелегенција која зема замав. Денешните деца живеат во дигитален свет и треба да ги користат придобивките, но не и да бидат зависни од нив. А придобивките од читањето книги се јасни, учат од туѓи искуства, полесно расудуваат, ги развиваат креативноста и емпатијата која недостасува. Вештачка интелегенција да, но потребна е и емоцинална – вели Александра.

Промоторката Розе Костеска ја опишала „Домот на пастрмката“ како разгледница за Охридското езеро.

-Таа има дом ист како секое дете со сите потребни простории во него, но најважна е пораката која ја испраќа преку ликот на патрмката:„Не ми треба дом по најнова мода, мене ми треба само чиста вода“. Оваа порала упатува на размислување кај младите читатели што можат да направат за себе да имаат чист дом, чиста вода, чиста животна средина за живеење.Од мали нозе да се развие свеста за одржување на чиста животна средина, преку пишаниот збор и прекрасните илустрации.

„Домот на пастрмката“ беше промовирана на почетокот на летото на Охридското крајбрежје, кај познатата туристичка локација „Заливот на коските“ со поддршка на Општина Охрид, во соработка со Хидробиолошкиот завод и Наумовите ученици од училиштето „СВ. Наум Охридски“ од Пештани. Главната порака на оваа книга е да се развие еколошката свест за значењето и зачувувањето на Охридското езеро и пастрамката како загрозен редок ендемски вид.

Оваа промоција во нашиот КИЦ во Белград, пред бројни гости, меѓу кои и најмлади претставници на македонската заедница од Јабука, Р. Србија, е дел од манифестацијата „Денови на македонската литература за деца 2025”.

Книгоиздателството Едука претстави 6 најнови книги и сликовници за деца, а беше врачена и наградата ЛИТЕРАТУРНИ ПИШУВАЛКИ-ПРАШУВАЛКИ, која годинава за сликовницата „Пчеличката Баз”, ја доби авторката Билјана Лотеска.

Деновите на македонската литература за деца во Белград, продолжуваат со посета на детска градинка, каде на дечињата ќе им бидат подарени сликовници на македонски јазик како и ракотворби за деца со македонски обележја.

Третиот работен ден, беше посветен на потпишување Меморандум за соработка помеѓу српското книгоиздателство за деца „Пчелица” и нашето книгоиздателство „Едука мак”. Потпишувањето на овој документ се случи на Саемот на книгата, кој утре започнува во Белград.

Домаќин и организатор на овој тридневен литературен настан се нашиот КИЦ во Белград и директорот Васко Шутаров, идејниот автор, носител на проектот и соорганизатор на настанот Ели Маказлиева и Едука мак, а главен поддржувач на книжевното гостување во Белград, нашето Министерство за култура и туризам.

 

 

 

 

Filed Under: Ревија

„БУРНСТОК“, СО КОЈА МИЦКОПСКИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ, НЕ Е КОМПАНИЈА ЗА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА ТУКУ КОНСУЛТАНСКА ФИРМА
ЈОВАНОВИЌ: НА ВЛАДАТА И ОДГОВАРА ИНФЛАЦИЈАТА
ФИЛМАЏИИТЕ И НАТАМУ РЕДАТ УСПЕСИ
ШTO  ПОСТОЕЛО ПРЕД ГОЛЕМАТА ЕКСЛОЗИЈА (1)
КOГА ИЗБИРААТ ЛУЃЕ СО НАМАЛЕНА СПОСОБНОСТ ЗА РАСУДУВАЊЕ

Најново

  • „БУРНСТОК“, СО КОЈА МИЦКОПСКИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ, НЕ Е КОМПАНИЈА ЗА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА ТУКУ КОНСУЛТАНСКА ФИРМА
  • ЈОВАНОВИЌ: НА ВЛАДАТА И ОДГОВАРА ИНФЛАЦИЈАТА
  • ФИЛМАЏИИТЕ И НАТАМУ РЕДАТ УСПЕСИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet