Се изведува комичната опера „Рита“ која премиерно е изведена во Париз во 1841 г.
Операта „Рита“ од Гаетано Доницети во Националната опера и балет
Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет в среда, 21 септември, со почеток во 20 часот.
„Рита“ е приказна за младата и убава девојка, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен и среќен завршеток.
Диригент е Бисера Чадловска, режисер е Трајко Јордановски, сценографијата и костимите се на Марија Ветероска, а концерт мајстор е Јане Бакевски. Солистичката екипа ја сочинуваат: Ана Ројдева, Јане Дунимаглоски, Васко Здравков, Борко Биџовски.
Рита за прв пат е изведена во париската Опера комик во 1841 година..
Доменико Гаетано Марија Доницети (29 ноември 1797 – 8 април 1848) е италијански оперски композитор од Бергамо, Ломбардија. Негово најпознато дело е операта „Lucia di Lammermoor“ (1835). Заедно со Винченцо Белини и Џоакино Росини, бил водечки оперски композитор во Италија.
Доницети е роден во 1797 година во Бергамовиот Борго Канале, последен од трите сина, кварт сместен надвор од градот. Неговата фамилија била многу сиромашна и без музичка традиција, неговиот татко бил одржувач на градската заложувалница. И покрај тоа, Доницети добивал одредена музичка образование од Џовани Симоне Мауер, свештеник во Бергамовата главна црква, кој бил и композитор на успешни опери.
Доницети не бил посебно успешен како хорски пејач, но во 1806 година тој бил еден од првите запишани со целосна стипендија во училиштето Лециони Каритатеволи чиј основач бил Симоне Мауер, во Бергамо. Тој добивал исцрпни, детални вежби во областа и изучувањето на фугата и контрапунктот, оттука почнал да ја гради својата оперска кариера. После неколку мали, споредни композиции под менторство на Паоло Занца, Доницети потоа ја напишал неговата четврта опера, Zoraida di Granata. Оваа негова опера го импресионирала Доменико Барбаиа, познат и значаен театарски директор, кој му понудил договор на Доницети да компонира во Неапол. Компонирајќи во Рим, Милано и Неапол, Доницети успеал да достигне одреден успех (неговите 31 опереа напишани во период од 12 години биле со вообичаен успех, но оперските критичари често не биле импересионирани), но не бил меѓународно познат сè до 1830 година, кога неговата опера Anna Bolena ја имала својата премиера во Милан. Тој скоро моментално станал познат низ цела Европа. L’elisir d’amore, комедија изведена во 1832 година, која се смета за ремек дело во комичната опера, како и неговата Don Pasquale, компонирана во 1843 година. Кратко после операта L’elisir d’amore, Доницети ја компонирал Lucia di Lammermoor, опера заснована на роман на Волтер Скот the Bride of Lammermoor. Таа станала негова најпозната опера, и една од високите точки во bel canto (убаво пеење) традицијата.
После успехот на операта Lucrezia Borgia изведена 1833 година, опера со која ја зацврстил неговата репутација, Доницети следејќи ги стапките на Росини и Белини го посетил Париз, но неговата опера Marino Falerio страдала од споредувања со Белоновата опера I puritani, и тој се вратив во Неапол да продолжи со работа на веќе споменатото погоре ремек дело, Lucia di Lammermoor. Како што растела Доницетиевата слава, така се зголемувале и неговите ангажмани, па со оглед на тоа бил унапреден да пишува и твори и во Италија и надвор од неа. Доницети и неговата сопруга, Вирџинија Васели, имале три деца од кои за жал ниту едно не преживеало. Подоцна починала и неговата сопруга од колера. Во 1843 година, Доноцети почнал да покажува симптми на сифилис, денес попознато како биполарно пореметување. После неговото сместување во соодветна институција каде што се испитувала неговата болест, во 1845 година бил испратен на лекување во Париз. Таму имал посети од многу негови пријатели, меѓу кои и од Џузепе Верди, но Доницети повторно е вратен во неговиот роден град, Бергамо каде што и починал во 1848 година, после неколку години поминати во лудило. По неговата смрт Доницети бил погребан во гробиштата Valtesse но при крајот на 19 век неговото тело било перенесено во Бергамовата Базилика (Basilica of Santa Maria Maggiore), блиску до гробот на неговиот учител Симоне Мауер.