За три децении, Гилијам (78) издржал неколку запирање на проектот, поради финансиите и потоа го рестартирал проектот; екипата која постојано се менувала и во неа биле актери кои биле целосно посветени, ама и такви кои биле незаинтересирани а згора имало и поплава која целосно го збришала целиот филмски сет.
„Човекот кој го уби Дон Кихот” е филмот што познатиот режисер го сними пред повеќе од 30 години или како Тери Гилијам стана Санчо Панса
Кога Тери Гилиам почна да работи на „Човекот што го убил Дон Кихот”, еден од продуцентите имал само 11 години.
Тоа беше неговата ќерка, Еми, која сега има 41 година.
Филмот мора да е еден од најмалерозните проекти на страста во филмската историја: За три децении, Гилијам (78) издржал неколку запирање на проектот, поради финансиите и потоа го рестартирал проектот; екипата која постојано се менувала и во неа биле актери кои биле целосно посветени, ама и такви кои биле незаинтересирани а згора имало и поплава која целосно го збришала целиот филмски сет. Документарниот филм за неуспешниот филм „Изгубен во Ла Манча” од 2002 година, беше снимен пред Гилијам да успее да го сними филмот.
Но, конечно, откако беше премиерно прикажан на Канскиот филмски фестивал, „Човекот кој го уби Дон Кихот” е дефинитивно завршен филм.
Во неговите обиди да го снима филмот за Дон Кихот, Тери Гилијам сака да види споредба. „Филмот е Кихот, а јас сум Санчез Панса, бидејќи јас сум тим оној кој само продолжува да турка напред”, рече режисерот.
На пат кон крајот на филмот, луѓето околу Гилијам постојано се менуваа, само неколку од нив од почетокот на проектот останаа кога филмот беше конечно снимен. Меѓу нив беше и неговата ќерка, ко-сценаристка со Тони Грисонс, кинематографер остана Никола Пекони, додека продуцент беше и на крајот Бенјамин Фернандез. Костимите што се користат во финалната верзија се исти како и оние во 2000 година, кога започна снимањето.
Оние кои што останаа со илијам на овој проект може да се наречат Гилиемовиот лични Санчо Панса: подеднакво важни во процесот на правење на делото, лојални и воодушевени со Гилиемовата упорност кој преживеа најтешките околности.
Гилијам имал сценарио напишано во доцните осумдесетти со Чарлс Мекаун, еден од неговите соработници на „Бразил” (1985), но тој не му се допаднал многу на Гилијам. Затоа го регрутирал британскиот сценарист Гризли, кој му помогнал да создаде нова верзија. Двајцата се адаптирале уште една книга за филмот „Параноја во Лас Вегас” снимен во 1998 година. Со Џони Деп и францускиот актер Жан Рошфор во главните улоги, стартот на „Човекот што го уби Дон Кихот” започна во 2000 година со катастрофалната експедиција во Шпанија. Рошфотр мораше да се повлече поради здравствени проблеми, а снимањето постојано беше прекинато од грмотевици, поплави и авиони од блиската база на НАТО. Сннимањето по една недела беше сопрено. Но, Гилиам помина речиси две децении обидувајќи се да направи филм. „Тоа е делумно и затоа што секој ми вели – заборави на тоа, оди напред “, вели авторот.. „Мислам дека тоа е главен мотив. Не ми се допаѓаат разумни луѓе кои ми кажуваат да бидам разумен”. Неколку пати годишно, Гилијам би го повикал Грисонс да работи на сценариото. Мајкл Пајлин, поранешен член на семејството Монти Пајтон, Роберт Дивал и Џон Херт, беа меѓу ѕвездите кои се вклучија во проектот во тие години, но повеќето од нив отпаднаа. (Гиљам го посвети филмот на Херт и Рошфор, и двајцата починаа во 2017 година.)
Финансиите постојано беа проблем.
Пеконини вели дека откако проектот започнал речиси пред дваесет години, снимањето се прекинувало и се продолжувало повеќе од десет пати. Секој пат кога тој бил, тој вели, „целосно скептичен”. Сепак, додаде тој, високо го ценел Гили.
„Сакам да работам со него. Ме возбудува, но јас ја обожавам. ”
Кога го прашале што го иритирало додека работел со Гилијам, Пеконини вели – тврдоглавоста. И ова е, по секоја веројатност, причината поради која „Кихот” конечно беше снимен.
Во финалната верзија на филмот Џонатан Прајс го игра Дон Кихот, илузионистот и галантниот човекот од Ла Манча, кој станува херој, како што во романот раскажува Мигуел де Сервантес. Гилјамовата приказна е поставена во модерните времиња: Тоби, кого го игра Адам Драјвер, е егоцентричен автор на рекламни филмови, кој, години откако во студентски денови го глуми Дон Кихот се враќа во Шпанија, за да се сретне со еден човек, кој пак мисли дека тој всушност е Дон Кихот и дека Тоби е неговиот верен придружник Санчез Панса.
Дури и последното снимање на филмот не беше без проблем. Португалската влада ги истражува наводите дека црквата, која е користена а е заштитена од УНЕСКО е оштетени за време на снимањето, иако Гилијам ги негира обвинувањата. Поранешниот продуцент поднел барање за авторски права и се обидел да го спречи филмот да се прикаже во Кан. Парискиот суд пресуди дека филмот може да биде премиерно прикажан според планираното.
Делото што го работеше Гилијам речиси половина живот конечно е готово. Тој вели дека е исцрпен и дека, за првпат по 30 години, нема што да прави.
Секогаш кога филмот е претходно завршен, „нешто секогаш беше на чекање”, вели Гилијам. „Постојано некој Кихот беше зад мене и ми мафташе – еј, ајде повторно да снимаме! Секогаш имаше нешто што ме турнаше напред. ”