На свадбата на министерката Кнеисл Путин покажа дека не е така осамен во западното општество. Русија, сметаат западни дипломати, има интерес да ја третира идејата за померување на границите околу Косово
Во сабота на 18 август Владимир Путин беше во Австрија. Но не на официјални средби. Рускиот лидер беше поканет на свадбата на шефицата на австриската дипломатија Карин Кнеисл, член на екстремно десната партија ФПО, која е во коалиција со австриските демо-христијани. Несомнено дека тоа беше медиумски спектакл. Госитнот донесе хор на донски козаци на свадбата, со што таа доби интернационален елемент во музичкиот дел. Откако им посака среќа на младенците, Путин вечерта се сретна со германската канцеларка Ангела Меркел. Тема на средбата беа Сирија, Украина и енергијата.
Во изјава за „Ле Монд”, францускиот професор по политички науки Никола Тензер, вели дека ова е одлична можност за Путин да се појави како интимен пријател кај европски министер.
– Сега можеме да се види дека Путин одржува приватни односи со некои членови на екстремната десница во Европа – вели Тензер.
Австрија, како актуелен претседавач со ЕУ, го поддржува ширењето на ЕУ кон Балканот. Еден европски дипломат тврди дека „Ле Монд” дека Кремљ е „многу активен“ околу „експлозивниот“ план на размена на територии со Косово.
Поранешниот генерален директорат за проширување во ЕК, Пјер Мирел, неодамна во интервју со дописничката на МИА од Брисел, вели дека е зачуден од млаката реакција на Комисијата по изјавите на Тачи и Вучиќ и смета дека Брисел треба да предупреди за ризиците што ги носи можната поделба на Косово.
– Веднаш се помислува на Република Српска, но и албанската заедница во Македонија, па хрватските кантони во Босна кои би можеле да речат дека сакаат со Хрватска. Но, ова оди и подалеку: Унгарците во Словачка, можеме да замислиме дека и Русија во Транснистрија би го земале ова за пример, вели Мирел.
-Ако ова не е преговарачка тактика и ако е реална, а референдумот за името во Македонија не помине, апсолутно има ризик. Албанците во Македонија би можеле да си речат дека не им е место во таа земја. Во секој случај ќе се охрабри идејата за прецртување на границите, вели Мирел во интервјуто за МИА.
За Мирел оваа реторика е загрижувачка и поради тоа што отвора сомнеж дека принципите се сменети во Вашингтон и во Москва. Тој зборува за „домино” ефект доколку се допрат границите.
-Тачи вели „сакам само мала корекција“, но нема мали корекции во оваа област, тоа е невозможно. Ако допрете еден елемент, сите други можат да следат. Така што ова е екстремно ризично. Она што уште повеќе ми пречи и ме плаши е претпоставката дека Вашингтон има слух за Србија, но и Москва. Во Вашингтон со „големите мислители“ како Банон кои проповедаат екстремно десничарски ставови, знаете… а за Москва ова е благослов!, вели Мирел.