За само некогашна една хрватска куна младите двојки можат да добијат празна куќа, сопственост на општината. Ќе добијат и помош за истата да се направи пристојна живот. Иницијативата се прифаќа и тоа од млади двојки од Загреб и Пула
Општина Леград во хрватска Подравина отвора нова рунда тендери за продажба на куќи за 13 евроценти. Тоа е дел од демографската политика на питомото село покрај границата со Унгарија, кое донесе конкретни резултати во последните пет години. Веќе се продадени пет куќи за 13 евроценти, а младите семејства од Пула и Загреб се преселиле во Леград. Бројот на умрените се уште е повисок од оние на новоредниее ама бројот на запипшаните во градинките е нешто што ветува! Селото, некогаш град има близу 2.300 жители.
Леград се труди да привлече што повеќе жители во општината, но и да ги задржи оние што живеат таму, а распишаа и тендер за домување за млади семејства. Најавени се третата мерка, односно кофинансирање за купување куќа на подрачјето на општина Леград и мерката четири, односно адаптација на куќи и набавка на материјали за адаптација.
– Општината ќе кофинансира набавка на куќа за млади парови до 40 години или ќе им помогне да набават материјали за реновирање на домот. Станува збор за стари куќи кои се во сопственост на Општината. Дел од нив се за уривање, а дел за реконструкција – потврдиува градоначалникот на општина Леград, Иван Саболиќ.
Жителите на општината ќе имаат приоритет при купувањето, но тоа важи и за жителите од другите градови. Ваква мерка се најавува втор пат, а минатиот пат не се спровеела поради имотно-правни проблеми.
– Со овие мерки целта е да ги задржиме младите на подрачјето на Општината, да внесеме нови жители, но и да се занимаваме со недвижниот имот што го наследивме и не ни треба – заклучи Саболиќ.
Првото доселување на овој начин се случило на 15 мај 2019 година. Овој проект е подржан и со средства на ЕУ, што е добро да го прочитаат евроскептиците кај нас!
Во родилиштето во Копривница, најблискиот град, бројот на родени постојано е загрижувачки мал.. Така, продолжува трендот на значително намалување на бројот на новороденчиња, а за прв пат во изминатите 30 години бројот на родени бил помал од 700. Постојните демографски мерки не ја постигнувале посакуваната цел, но нови мерки се не напуштање. Една од нив е финансиска поддршка за доселување во општина Леград.
Девојчето Ника билое првото бебе родено на 1 јануари во пет часот во породилиштето Копривница. Сигурни сме дека малата Ника, второто дете во семејството, им донесе многу радост и среќа на своите родители, исто како и 691 новороденчиња во 2022 година. Бидејќи . постојните демографски мерки не вродиле со плод, се јавила одлука за нова мерка в општина Леград.
Во репортажа на Ал Џазира (https://balkans.aljazeera.net/videos/2024/2/3/kuca-za-13-eurocenti-mlade-porodice-se-doseljavaju-u-legrad) имаше средба со некои од доселените. Тоа се главно млади двојки со по едно или две деца. Добиле веднаш и работа за родителите а како што се види опфатот на децата во јасли или забавишта е комплетен! Голем е интересот на бегалци од војната во Украина, но во репортажата истите беа постари од пшросекот (45 години), но тие, бегалци од Харкив, додатоа дека ќе им кажат на оние украински двојки кои се помлади да се јават.
Во прелистување на напишаните текстови за оваа иницијатива не се сите такви што го поздравуваат „моделот“. Некои велат дека ја нарушува националната слика на градот (!), други пак, во Србија, главно тврдат дека се работи за куќи на бегалци – Срби за време на војната од 90-тите…