Во средата беа разрешени директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев,. Сменет е и т.н. организациониот директор од Детска – Алијазин Мемеди. Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, велат од МЗ
По барање на министерот за здравство Беким Сали, денеска до Министерството за здравство своите оставки ги поднеле директорката на Универзитетска клиника за детски болести, проф. д-р Аспазија Софијанова и директорот на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија, д-р Никола Васев, информираат од МЗ.
Согласно законските процедури, по назначување нови директори на овие клиники од страна на министерот, јавноста навремено ќе биде информирана, додаваат оттаму.
Министерот Сали минатата недела изјави дека ќе бидат преземени соодветни мерки, односно ќе ги разрешат или казнат директорите доколку под нивно влијание се формирале платите во клиниките.
„Фондот за здравствено осигурување направи увид во неколку клиники и финалниот извештај сè уште се чека. Добиен е само извештај од Детската клиника кој укажува дека има неправилности во прераспределба или организирање на исплатите по однос на дежурствата и другите ангажмани при формирањето плата за еден вработен“, рече Сали.
Увидот во клиниките од страна на Фондот следуваше откако ТВ Клан објави дека директорката на Детска клиника, Аспазија Софијанова земала над 3 000 евра месечно од Клиниката.
Според новинарот на ТВ Клан, Фуркан Салиу, кој објави и документ на својот фејсбук-профил, а за кој тврди дека е доказ за месечните примања на Софијанова, голем дел од сумата бил надомест за дежурства за време на кои директорката на Детската клиника наводно не била на работа. Според информациите што ги изнесе новинарот, д-р Софијанова земала повеќе пари за дежурствата отколку што ѝ е основната плата.
Ваквите информации ги демантираше Софијанова.
„Ниту еден денар немам земено надвор од мојата работа, работам само на Клиниката за детски болести и никаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утврден со соодветен правен акт и тој се почитува до детаљ. И на крај, никогаш мојата плата не била 300 000 илјади денари“, реагираше таа.
Ќе преземеме соодветни мерки, односно ќе ги разрешиме или казниме директорите доколку под нивно влијание се формирале платите, вели министерот за здравство Беким Сали.
„Фондот за здравствено осигурување направи увид во неколку клиники и финалниот извештај сè уште се чека. Добиен е само извештај од Детската клиника кој укажува дека има неправилности во прераспределба или организирање на исплатите по однос на дежурствата и другите ангажмани при формирањето плата за еден вработен“, вели Сали. Министерот вели дека се чекаат извештаите од уште четири други клиники за да бидат комплетирани и потоа да може еднократно да се преземат мерки кај сите клиники.
„Тоа би значело разрешување, евентуално казнување на директорите доколку се установи дека сето тоа е под влијание на директорот или администрацијата која ги формира платите“, нагласи Сали.
Тој додаде со нови анализи ќе се испита дали ова било пракса и во изминатиот период или само во делот на анализираниот период.
Анализите што ги прави ФЗО следуваат по обвинувањата од страна на новинарот Фуркан Салиу од Клан ТВ дека директорката на Детската клиника во Скопје, Аспазија Софијанова, земала над 3 000 евра месечно од клиниката, а голем дел од таа сума била исплата за дежурства за време на кои директорката наводно не се појавувала на работа.
Од Клиниката за детски болести, каде што Софијанова е директорка, тогаш посочија дека месечната исплата на надоместоците на вработените во Клиниката се извршува со примена на Законот на здравствена заштита и соодветните членови. Оттаму, додадоа дека во членовите на законот е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците за дежурствата.
Директорката на Клиниката Аспазија Софијанова велеше дека не земала ниту денар надвор од нејзината работа. Начинот на пресметка на дежурства, додаде таа, е утврден со соодветен правен акт и тој се почитува до детаљ.
По објавувањето на обвинувањата премиерот Ковачевски рече дека доколку во конкретниот случај се утврди прекршување на работните овластувања и процедури, веднаш треба да се постави нов директор на оваа установа.
Министерот за здравство Беким Сали, пак, кажа дека за секој поединечен случај во кој има злоупотреба ќе следуваат санкции. Тој воедно кажа дека во конкретниот случај има сомнеж за злоупотреба на почитување на Колективниот договор, но вели дека нивна работа е системски да се решаваат недоследностите и можните проблеми кои се појавуваат.
Министерот за здравство Беким Сали за вршител на должност медицински директор на Универзитетска клиника за детски болести ја именува д-р Стојка Нацева-Фуштиќ, додека за нов в.д. медицински директор на Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија ја именува д-р Виолета Клисаровска, информираат од Министерството за здравство.
Новоназначените директорки се именувани како вршители на должност до именување медицински директор, по распишување конкурс, но не подолго од шест месеци.