Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДОЈЧЕ БАНК ВО ВРТЛОГ

September 22, 2020 Filed Under: Свет

„Довербата е почетокот на сѐ.” Така се рекламираше Дојче банк во 90-тите кај клиентите. Иако таквото тврдење одамна е минато, довербата на клиентите, банката во годините кои следуваа темелно ја прокоцка. Затоа што сакаше да игра во шампионската лига, се откажа од сите правила на доброто управување очигледно зашто посакуваниот успех не можело да се постигне поинаку. Профитот над сѐ, машината за пари мораше да биде подмачкувана.

РУСКИ ПАРИ Американски ревизори тврдат дека оваа банка перела руски валкани пари

ХАЈНРИХ БЕМЕ

Алчност и корупција биле движечка сила на системот на Дојче банк. Откако била платена казната од 600 милиони долари, банката вети големо расчистување. Во Франкфурт и фактички од тогаш биле вложени околу една милијарда долари за подобрување на контролните механизми и тој оддел зголемен за дополнителни 1500 вработени. Но, најновите откритија покажуваат дека матните московски бизниси можеби продолжиле и потоа. Во 2017 банката се уште испраќала извештаи до американскиот орган за сомнителни трансакции во Русија.

Банката како што беше и очекувано, ги отфрла сите обвинувања. Сите случаи содржани во протечените досиеја од ФинЦЕН банката како прво самата ги пријавила и како второ сите биле од периодот пред 2016 година. Сега банката била „друга”.

И обвинувањата против шефот на Дојче банк, Кристијан Зевинг, биле неиздржани. Зевинг кој на функцијата е од пролетта 2018, пет години пред тоа беше шеф на интерната ревизија. Неговиот оддел ги контролирал бизнисите во Русија – и не нашол ништо.

Сега се вели дека Зевинг ниту ги видел, ниту ги потпишал резултатите од ревизијата. Блед аргумент за да се тргне денешниот прв човек на банката од нишанот.

Не, станува сѐ појасно дека од на големо најавуваната „промена на културата” во Дојче банк нема многу и дека од 88 илјади соработници не сите разбрале за што всушност станува збор.

ЗАМИНУВАЊЕ Дали еден број осд 88-те илјади вработени во банката ќе заминат?

Да, експорт нацијата Германија има потреба од банка која работи на меѓународната сцена. Но, сите ветувања дека сега сѐ ќе биде добро и дека скандалите се веќе минато, со неодамнешните откритија станаа безпредметни.

Можеби банкарите од Франкфурт сепак треба да ја извадат старата реклама од фиока. „Довербата е на почетокот од сѐ”. Тоа до денес им е проблем. ФинЦЕН досиејата за Дојче банк се рамни на „капитулација”.

Дојче банк е вмешана секаде, колку е нештото повалкано, толку подобро. И како што сега покажуваат досиејата од ФинЦЕН: кај нив Дојче банк е во „врвот” бидејќи далеку повеќе од половината на протечените извештаи за сомнителни трансакции се однесуваат на германската финансиска институција.

Во завршниот извештај на американската служба за надзор се пишува за „алчност и корупција” кога во 2015 беа откриени бизниси со перење пари на банката во Русија.

ДОВЕРБА Во банкарството довербата е се

Не, станува сѐ појасно дека од на големо најавуваната „промена на културата” во Дојче банк нема многу и дека од 88 илјади соработници не сите разбрале за што всушност станува збор.

Да, експорт нацијата Германија има потреба од банка која работи на меѓународната сцена. Но, сите ветувања дека сега сѐ ќе биде добро и дека скандалите се веќе минато, со неодамнешните откритија станаа безпредметни.

Можеби банкарите од Франкфурт сепак треба да ја извадат старата реклама од фиока. „Довербата е на почетокот од сѐ”. Тоа до денес им е проблем. ФинЦЕН досиејата за Дојче банк се рамни на „капитулација”.

(dw)

Filed Under: Свет

ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС
ПРЕВИРАЊА ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА: СОЈУЗНИКОТ НА ТРАМП ВО ПОЛИТИЧКИ ПОДЕМ
ТАНЦОТ ЗБОРУВА КОГА ЗБОРОВИТЕ МОЛЧАТ – ТАНЦ ФЕСТ СКОПЈЕ ГО ОТВОРИ СВОЕТО 21. ИЗДАНИЕ

Најново

  • ГЛОБАЛНО ИСТРАЖУВАЊЕ: КАКО ВИ ОДИ РАБОТАТА?
  • ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ ИЗВЕШТАЈ НА РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦА: МАКЕДОНИЈА ИМА ПАД ОД ШЕСТ МЕСТА, СРБИЈА НА МИНИМУМ
  • ЦРВЕН КРСТ: ХУМАНИТАРНИТЕ ОПЕРАЦИИ ВО ПОЈАСОТ ГАЗА НА РАБОТ НА КОЛАПС

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet