Одлуката за старт на преговорите со ЕУ ќе биде или заеднички успех или заеднички неуспех, пред се на Европа. Се повеќе бугарски интелектуалци се опираат на аргументите на Софија а особено на ставот за уцена
Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на денешната прес-конфереција изјави дека ќе направиме за во декември да се одржи првата Меѓувладина конференција со ЕУ, чиј почеток во ниту еден случај не смее да зависи од идентитетските прашања.
– Одлуката за старт на преговорите со ЕУ ќе биде или заеднички успех или заеднички неуспех, пред се на Европа.Процесот за нас не завршува со завршувањето на првата меѓувладина конференција, одлуките се носат со консензус, во овој момент за секој чекор зависиме од сите земји членки. Ќе бидеме разумни и мудри и ќе го чуваме тоа што е наше, и ние ги почитуваме соседите, но бараме и тие да не почитуваат, рече Димитров.
Коментирајќи ги заканите за вето од Бугарија, вицепремиерот се повика на Договорот за добрососедство.
– Таму не е оспорено правото на самоопределување. Напротив, доколку се оспорува, тогаш тука нема пријателство, дециден е Димитров.
Во меѓувреме продолжија јавувањата на бугарски интелектуалци со антагонистички ставови кон Владата на Борисов. Така Иван Красев
(https://360stepeni.mk/ivan-krastev-za-bugarski-dnevnik-ako-stavime-veto-na-pregovorite-na-s-makedonija-ke-izgledame-smeshno/) истакнува „до вчера се боревме за отворање на ЕУ за Северна Македонија, денес сакаме да ги запреме. Не дека апсурдни работи не се случуваат, но убеден сум дека ниту Владата ниту претседателот не би дозволиле Бугарија да се најде во ситуација на тотална изолација во рамките на ЕУ“ вели бугарскиот политиколог
Иван Крастев не очекува Бугарија да го блокира почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.
„Не очекувам дека Бугарија ќе ги блокира овие преговори. Европската интеграција на Западен Балкан е стратешки важна за Бугарија. Покрај тоа, токму во рамките на бугарското претседателство тоа стана приоритет за Брисел. Во оваа смисла, бугарското вето би било апсурдно. Само ќе изгледаме смешно. До вчера се боревме за отворање на ЕУ за Северна Македонија, денес сакаме да ги запреме. Не дека апсурдни работи не се случуваат, но убеден сум дека ниту Владата ниту претседателот не би дозволиле Бугарија да се најде во ситуација на тотална изолација во рамките на ЕУ“,
вели политикологот Крастев во интервју за бугарскиот весник „Дневник“.
Во однос на отвореното писмо од триесеттина бугарски интелектуалци, историчари, научници и јавни личности против појаснувачкиот меморандум што Софија го испрати до ЕК и земјите членки, во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ, Крастев оценува дека тоа е важно, бидејќи, меѓу неговите потписници се некои од најавторитетните бугарски историчари.
„Јас не сум историчар, но сметам дека обраќањето е важно, затоа што меѓу потписниците има некои од најавторитетните имиња во нашата историска наука, бидејќи тоа јасно покажува дека историските спорови не се и не треба да бидат спорови меѓу земјите, тоа се спорови меѓу историчари. И затоа што Европа не може да не разбере ако нашиот став е дека сите нации во Европа се „природни“ и само „македонската“ е вештачки и дека само Македонците во Европа не знаат на кој јазик зборуваат“, вели бугарскиот аналитичар. Според него, почетокот на преговорите меѓу ЕУ и Северна Македонија не значи дека Бугарија ги прифаќа тезите на Скопје. „Едноставно, Брисел не може да ја замени потребата од сериозна историска наука“, посочува аналитичарот Крастев. Во меѓувреме внимание привлече и изјаата на доцент д-р Дечев кој за една бугарска телевизија говореше околу тоа дали македонскиот јазик бил вештачки.
„Убедени сме дека македонската нација и процесот на нејзино создавање, и покрај сите специфики и особености, не се разликуваат од процесите на создавање на која било друга нација. Македонскиот јазик е вештачки јазик до степен до кој сите стандардизирани јазици на овој свет. Мора да се разбере дека дијалект е само дијалект – нема име.
Официјален јазик на една земја не може да биде дијалект. Додека не се разбере дека идентитетот на една нација е динамичен и не се пренесува генетски, какви било заеднички преговори меѓу Бугарија и Македонија ќе бидат непотребни и ќе дојведат до ќорсокак “.
Доц.д-р Дечев објасни дека „северномакедонската нација е создадена во Титова Југославија“ и на овој начин не се влијаело само на нејзиниот јазик од Белград, туку и на неговата стандардизирана норма и азбука“.
„До летото и есента 1944 година, создавањето на македонската нација и јазик беше неизбежно, а кои се факторите и деталите за самоопределување се прашања за нејзините претставници. Северномакедонското општество не може да ја започне оваа дебата и отворено да се сврти кон своето минато на фонот на постојаниот притисок од Софија … што дава сосема поинаква слика за историската слика на бугарските револуционерни движења, кои беа отворени поборници за македонскиот суверенитет“.
Според доц.д-р Дечев, оние кои се против бугарско-македонското разбирање и го освојуваат електоратот со националистичка реторика се заинтересирани да го зголемат притисокот на Софија врз Скопје.
„Често се вели дека во секој случај Москва и Белград ги тријат своите раце од задоволство, но во Бугарија тие имаат доволно сили што можат да ги нарушат нашите добрососедски односи“, рече тој.