На почетокот на месецов Живко Гроздановски е избран за нов претседател на Друштвото на писатели на Македонија. Друштвото го очекува многу рбота
Писателот Живко Грозданоски (38) е нов претседател на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ). На последното редовно изборно Собрание што се одржа на 1 јуни а кое нје доби некаков одек во јавноста, Грозданоски е избран во конкуренција на Весна Дамчевска Илиевска, Мирче Нешовски, Југослав Петровски, а Јордан Ѓорчев претходно ја повлече кандидатурата за прв човек на ДПМ. За Грозданоски гласале најголем број од присутните активни членови на Собранието.
ДПМ воедно избра и нови раководни органи, а беа усвоени и измени и дополнувања во Статутот на Друштвото. За членови на Управниот одбор се избрани: Зоран Анчевски, Виолета Танчева-Златева, Марина Мијаковска, Сузана В. Спасовска, Бранко Цветкоски и Димитар Пандев.
Избран е и Суд на честа, кој го сочинуваат: Лидија Капушевска-Дракулевска, Санде Стојчевски, Анастасија Ѓурчинова, Владимир Мартиновски и Славе Ѓорѓо Димоски.
Инаку Грозданоски е роден во 1986 година во Кичево. Основно училиште завршил во Бигор Доленци и во Кичево, средно во Скопје. Дипломирал на катедрата по италијански јазик и книжевност. Учествувал на неколку меѓународни резиденции и студиски престои во САД, Италија и БиХ. Во октомври 2006 година, во рамките на двонеделната работилница DoKo YoMi во Косовска Митровица го снимил краткиот документарец “In Cage”, кој следната 2007 година го претставил на Филмскиот фестивал во Кан (Critics’ week).
Раководството на ДПМ наскоро ќе ја одржи својата конститутивна седница, на која ќе биде избран и потпретседател на Друштвото.
Пишува проза и книжевност за деца. Неговите кратки раскази се преведени на десетина јазици, а неговите романи се преведени на бугарски („Куфер за тројца“, „Или-или“, 2014) и на италијански („Последното име на иднината“, „Антолог“, 2018). Преведува и препејува од и на италијански јазик. Член е на Друштвото на писателите на Македонија и на Здружението на преведувачи на Македонија (ЗПРМ).