Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДРАМСКИ ТЕАТАР: ЧОВЕК ПЕРНИЦА – АКТЕРСКА ПРЕТСТАВА

May 7, 2019 Filed Under: Ревија

ЛИЛЈАНА МАЗОВА

Човек перниница е новата премиера во Драмски театар – Скопје што на сцената ја постави режисерот Јане Спасиќ. Автор на текстот е Мартин Мекдона, сценотрафијата е на Марко Јанев, костимите се на Ирина Тошева, музиката на Дарија Андова, дизајнот на светлото е на Владимир Димоски, а преводот на драмата е на Горјан Милошевски и Јане Спасичќ.

Ликовите во претставата ги играат актерите: Зоран Љутков е Катуријан, Филип Трајковиќ е Михаил, Златко Митрески е Туполски, Соња Стамболџиоска го игра ликот на Ариел, Симона Димковска е Мајката, Дамјан Цветановски го игра Таткото, малата Анастасија Аневска е Девојчето, Михаил Стојановски го игра ликот на Момчето. Актерите во Човек перница се единствената вредност во претставата.

Иако станува збор за сосем добар текст – и темата, и ликовите, и репликите –  режисерот Спасиќ, по изборот на текстот застанал в место. Немал речиси никаква идеја како понатаму.

Случки од животот и семејното насилство за авторот Мекдона се повод за драма која може да се третира како трагедија во која има и елементи на комедија. Во претставата ги има овие еклементи само благодарение на актерите и нивната  игра. Режисерот го нема и сето она што се случува на сцената е прочит/ снаодливост или моќ на актерите секој да го создаде својот лик.

Значаен е и фактот дека „се здружиле“ и се надоврзуваат еден на друг.  создаваат своја претстава во која нивната игра/ликовите и претставата ја доведуваат до состојба на гледливост. И секако дека треба да им се оддаде признание за она што сами гп извлекле/создале.

Како ликови, состојби, настани и болки на кои им е сосем јасно кој е кој. Натаму се заедно. Таквата нивна игра во текстот во кој е прецизно оформен секој лик и секој е дел од драмската приказна на авторот – да посочи, да ги расчлени нивните болки или секој друг дел од нивните животи – успеваат да го задржат гледачот за себе/за претставата.

Оттука е и фактот дека не само што Човек перница е нивна претстава создадена од различни разбирања/толкувања туку е и доказ дека добрите актери можат да функционираат и сами и заедно.

Не би можела да кажам дека е во прашање моќта на поединецот. Напротив, иако речиси оставени сами на себе, одново сами решиле и успеале да создадат  претстава која публиката може и да ја сака/гледа. Се разбира само ако сака да ги види токму нив во драмата со чисти/јасни ликови и состојби на Мекдона. Само така Човек перница може да опстои на репертоарот.

Она што можам да го препорачам е да ја видите ја претставата Човек перница и да бидете повеќе од два часа со актери кои тоа го заслужуваат: одличните Зоран Љутков и Филип Трајковиќ, сигурната во секоја реплика и сцена Соња Стамболџиоска, изострените ликови на Дамјан Цветановски, Златко Митрески, Симона Димковска, Анастасија Аневска и Михаил Стојановски. Сите тие тоа го заслужуваат. Не е воопшто едноставно актер да создава свој лик и своја претстава заедно со другите колеги од неа.

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet