Даночниците ќе „ловат“затајувачи, УЈП и банките на „жешка“ линија!
АНЕТА ДОДЕВСКА
Иако Владата се повлече од првичната најава за целосен увид во банкарските сметки на граѓаните и нивните депозити, сепак останува предлог решението за увид во остварените приходи кои легунуваат на трансакциските сметки. Според економистите станува збор за политичка одлука која е даночно мотивирана – државата сака да ги стави под контрола неплаќачите на даноци кои остваруваат приходи. На удар ќе бидат приходите од кирии, закупнини, приходите по основ на плати од странство, но не и транферите од дијаспората, коментираат економистите.“.
Кои се аргументите „за“ и „против“ увидот во приходите на банкарските сметки?
Приходи остварени при работа во странство за кои не се платени даноци во земјата каде се заработени, приходи по основ на хонорари и авторски договори легнати на сметка од странство, приходи од закупнини и кирии, ова, според дел од економистите се таргети на најавената мерка – увид во банкарските сметки на граѓаните, односно на приходите, со цел да се стават под контрола оние заработки за кои сега не се плаќаат даноци.
„Генерално и иницијално за воведување на овој механизам е даночниот мотив. Се работи за мерка за проверливост на приходите, односно механизам за утврдување на точноста и втората цел е стеснување на обрачот околу сива економија, а во случајов тоа се непријавени приходи кои државата сака да ги стави под контрола, а со тоа и под режим на оданочување“ – објаснува даночниот експерт Павле Гацов.
Дирекцијата за заштита на лични податоци дала негативно мислење за предложените измени на Законот за банки a реагираше и на законските измени со кои ќе се овозможи и Царинската управа да блокира сметки по основ на неплатени царини.
„Со измените се овозможува преобемно и неограничено обработување на личните податоци, кои по својот обем не се неопходни во однос на исполнување на целите заради кои се обработуваат “- соопштија, меѓудругото, од Дирекцијата за заштита на личните податоци и укажаат дека УЈП ќе мора со сите механизми задолжително да обезбеди заштита при собирањето, обработката и чувањето на личните податоци
Против законските измени се изјасни и Македонската асоцијација на банките чии преставници веќе имаа средба со надлежните од Министерството за финансии и Управата за јавни приходи. Банкарите предупредија дека со увидот се навлегува во приватноста на граѓаните, се доведува во прашање заштитата на личните податоци и се губи банкарската тајна. Од Министерството за финансии тврдат дека приватноста на граѓаните не само што нема да биде нарушена, туку ќе биде заштитена на повисоко ниво од сегашното.
„Управата и со постоечкиот закон добива податоци за сметките на граѓаните на писмено барање. Со промените би се добивала само приходната страна по автоматизам, за останатите податоци Управата и понатаму ќе мора да поднесе писмено барање. Трошењата на граѓаните и состојбата на сметката не и се потребни на УЈП за изработка на претпополнетата даночна пријава“ – соопштија од министерството.
Неодамна и премиерот Зоран Заев изјави дека целта на измените е да се натераат оние кои остваруваат а не пријавуваат, пред се големи приходи, да ги плаќаат давачките кон државата.
„Нема да се прави увид во одливот на средства од сметките, туку само во приходите и тоа е исклучиво за наплата на даноците. Онаму каде што има најмногу приходи, наплатата на даноците е најмала. Апелирам до граѓаните да немаат никакви стравови, ова е само начин УЈП да си ги наплати даноците“ – изјави неодамна премиерот Зоран Заев.
Под контрола и зарботката во странство?
Со механизмот за увид во банкарските сметки под контрола, меѓудругите, ќе се стават и приходите што се остварени, заработени во странство, без разлика дали зборуваме за хонорар или плата.
‘Зборуваме за хонорари или примања по основ на авторски договори во странство, и доколку не е платен данок и не се пријавени – тогаш новиот систем би го регистрирал тоа и ќе мора да се платат давачките, односно персоналниот данок. Друг пример е плата заработена на легален начин во странство. Доколку е платен данок во земјата каде работи, тогаш би требало да се достави документ за доказ. Доколку не е платен данок во странство, тогаш граѓаните ќе мора да го платат дома, во земјава“ – објаснува економистот Гацов и додава:
„Крајната цел е зголемување на даночните приходи, односно досега непријавените заработки ќе се евидентираат и ќе подлежат на даночење, значи ќе имаме зголемување на даночната основа а со тоа и на приходите од плаќање на давачките“ – вели Гацов.
Со законските измени, преку автоматизирање на размената, УЈП ќе ги добива од банките податоците за приливите на граѓаните, резиденти на Македонија од странство. Според првичните информации добиени од банките, станува збор за околу 100.000 трансакции, (не лица), на месечно ниво, но дали ваквите трендови ќе се задржат и во наредните години зависи од тоа колку граѓаните ќе остваруваат приливи од странство
Заклучно со првиот квартал од годинава, според податоците од Управата за јавни приходи, по основ на Персонален данок на доход, УЈП наплатила скоро 59 милиони евра што во споредба со истиот период лани, е повеќе за 3,6 отсто по основ на ДДВ, кој е носечки во структурата на даночните приходи, изнесуваат 187,4 милиони евра и во споредба со првиот квартал од 2017 година има потфрлување за 5,25 отсто.
Трансферите од дијаспората не се “таргет“,изјави Заев во една од своите релации со темата. Со мерката за увид во банкарските сметки нема да бидат опфатени транферите од странство, објаснуваат и економистите. Велат дека треба да се направи разлика од приходи и приливи, а трансферите во случајов не се приходи па оттука и не подлежат на режим на оданочување.
За да се спроведе целата операција ќе биде потребна голема и нова логистика на механизимите и на УЈП но и на банките. Операцијата, според експертите ќе се проведува преку шифриран систем, и како што пристигнуваат приходите, така тие би се регистриралеле во УЈП. Овој систем ќе треба да ги „улови“ оние кои досега не пријавуваа и не плаќаа давачки за остварување на приходи.
„Трансефрите што доаѓаат од странство се приливи а не приходи и тие нема да бидат опфатени со оваа мерка. Со увидот во банкарските сметки ќе треба да се „уловат“ луѓето кои имаат приходи на пример од закупнини а не ги пријавила. За нив освен глоба затоа што не ги пријавлиле во Годишна даночна пријава, ќе имаат и обврска да ги пријават, односно да платат данок.
Економистите за „Порталб“ велат декај моделот на увид на УЈП во банкарските сметки на граѓаните се применува во европските земји, но не и во земјите од регионот, односно на Балканот. Според коментарите на дел од познавачите, оваа мерка за контрола врз приходите на некој начин е и можна увертира за најавеното прогресивно одданочување – со цел да се направи анализа на состојбите со пријавени и непријавени приходи и нивната висина, параметри кои би биле значајни за можните даночни измени.. Во ваков политички амбиент, според експертите очекувани се бурни реакции и за најавеното прогресивно одданочување но и за мерката – увид во приходите на банкарските сметки.
„Не е е исклучено дека со воведување на оваа мерка и согледување на ефектите од неа, пред се зголемени даночни приходи, можно е пролонгирање на пргресивното оданочување. Но засега ова е само можно сценарио“ – коментираат познавачите за „Порталб“.
Според најавите, новиот механизам треба да стартува од 2019 година, пришто со почетокот на следната година системот ќе почне да функционира а ефектите ќе се рефлектираат во даночната пријава во 2020 година
(Текстот е објавен во Порталб.мк со кого Глобус има договор за преземање на текстови)