БОРКО ЗАФИРОВСКИ
Додека се уништуваа последните остатоци од Главниот одбор на Сојузот на борците, политичките врвови ги примаа неписмените и неупатени емисари (луѓе за 100 евра…) да лобираат за стогодишниот симболичен неделоспособен симпатичен претседател, кој ете на Геријатрија во 103 та го „мези” и СБМ и меѓинародниот углед, а со тоа и темелот на државата-НОБ
Како низ речен песок се движиме спроти матицата, за да стоиме во место. Ако не е замисла, а секако е доктрина на владеење, во држави и со држави, пловечки контејнери: основни услови за живот и препелкање во кој функционираат само системите на присила и наплата, полициските структури и војската во позадина.
На прв поглед бесмислена празнотија, но тоа е метод на владеење со неподнослива леснотија на пуштени реченици без глагол со општост што исполнува простор и одзема време и мисли.
Основната цел е слободно плутање низ летаргија до должничко робство на поединците и заедниците, а за после се става влог на чекање, кој или кои ќе те приберат со обична закачалка. Цената паѓа.
Бесмислени „резолуции” се измислуваат за помин на време и изигривање „избори” па маткање на мистици, коментари, стручни и големи интелектуалци. А еве и академици се симнаа од сцената за црковни литии да се вклучат во ” мигот”.
Додека во соседство 24/7 се приведува и легитимира а низ полупразните градови, игнорирана парадира моторизирана сила ,возила и шлемови, видлива е немоќта со удар во празно. Познато е во спортот дека таков удар (бокс), троши неспоредиво повеќе од оној со погодок.
Но, изгубени се врвките и агонијата на размавтаниот боксер неможе да му ја каже ни надворешниот тренер. Лутаат низ рингови и стадиони, низ булевари и плоштади како и политичари со десетина “презадоволни” наши пензионери.
Нам ни лутаат вапења на семејства од наградени глумци, представени како бардови , дури и легенди на глумиштето но со ниски пензии. Митска патетика за административна процедура.
Додека се уништуваа последните остатоци од Главниот одбор на Сојузот на борците, политичките врвови ги примаа неписмените и неупатени емисари (луѓе за 100 евра…) да лобираат за стогодишниот симболичен неделоспособен симпатичен претседател, кој ете на Геријатрија во 103 та го „мези” и СБМ и меѓинародниот углед, а со тоа и темелот на државата-НОБ. Неразбирлива индиферентност, би рекол „предавничка. Немало „живи” борци, ама историјата, жртвите и учесниците ги оставивме на редки поединци познавачи и оддржувањето на ветеранските врски и уште по ретки општински одбори.
Зошто? За во немоќ да се положи цвеќе за сеќавање на Вера Циривири, крвнички распарчана како и Н.Г.Дуња, ама не била официјално прогласена за народен херој”.
Жални остатоци од минатото од кое секоја жртва или преживеан заслужувал цвет и поклон.
Останаа стотина недоискажани судбини од виорот на војната, но тие нам ни се сегашноста и слободата.
Дали отворањето на боречките прашања ќе отвори простор за ревизионизам, треба да се праша еден политичар што предложил Алеите на заслужните или на паднати борци да се изораат со трактор.
Каде не води немоќта на општеството?
Потајно а јасно, кон преврат од арамии и безлични шпиони што работат за деструктивен центар што има закачалки за прикачување на полутаните, пловечките носители на држави без општества.
Општества како организиран закон на џунглата.




