Од година на година власта во Србија ја наградува својата омилена банка со сериозни клиенти кои поседуваат голем капитал и прават впечатлив обрт. Треба ли да се потсетиме како оваа банка се всели кај нас и која треба да биде нејзината основна цел? Засега се одвива брза смена на управувачките кадри во преземената битоклска банка – додека си ги научил имињата едните, дошле другите…

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Во Србија големите фирми, со сериозен обртен капитал како што се EPS (Електро стопанство на Србија), Паркинг Сервисот, Мнистерството за внатрешни работи, се дел од главните коминтенти на Алта банка. Деновиве во тоа „јато“ слета и Ер Србија. Тие работат заедно на создавање картичка што ќе ја наградува лојалноста со ексклузивни бенефиции
Барем на овие страници по прв пат во земјава сте можеле да ја прочитате генезата за создавање на оваа во стртот минорна институција, иверка од некогашната Јумбес банка, која со помош на власта на Вучиќевата екипа, понза вештчки да е дувана,како усните на некоја фолк пејачка, за под моќната закрила да станува се повидлива. Тоа секако не беше едноставно создаван простор за оваа финансиска куќа во шумата на моќни финансиски корпорации. Вработените се радуваа кога ќе отвореја било каков деловен простор во Белград или Нови Сад. Имаше тогаш и конфети и сечење торти. Но банката на Давор Мачура, кој не може да се бави со тој занает во ЕУ (!) сепак е „специјализиран“ за стратешки партнерства со државни претпријатија и институции во Република Србија, склучувајќи зделки вредни десеттици милиони евра. Така, многу државни проекти од најголемо значење за режимот течат преку сметките на Алта банка.
По Електропривреда Србија, Паркинг Сервис, MУП, Мацура сега го стави „кабелот“ во штекерот на Ер Србија. Поточно, тоа се случи кон средината на јуни 2026 година, При тоа оваа спојка настанала откако
Ер Србија објави целосно нова, иновативна програма што ја рекламираат како „програма за лојалност“. Што значи тоа во практиката? Па на пример, отсега, секое купување авионски билети или дополнителни услуги им носи на членовите поени, кои лесно можат да ги заменат за „низа ексклузивни бенефиции и персонализирани опции“, објави Ер Србија и додаде дека програмата вклучува бројни привилегии – наградни летови, дополнителен багаж, избор на седиште, пристап до премиум салони, како и надградба во бизнис класа. Да не сметаме колку се нови пари ќе се вртат преку оваа банка а таа јавно си се прголасува дека е стратешки партнер практично со државата а државата пак ортачки ќе ја наградува таа лојалност.
БАНКА СО ЕКСПРЕСЕН РАСТ Алта банка се фали дека е „најбрзорастечка банка во Србија две години по ред“.
И навистина е така. Во 2023 година, Алта банка постигнала 22 пати поголем раст отколку во 2022 година, а Давор Мацура го развиваше својот бизнис со вртоглава брзина. Многумина слушнаа за него дури во 2025 година, кога се дозна дека граѓаните на Белград ќе плаќаат за електрична енергија на неговата банкарска сметка, за разлика од претходните плаќања за потрошената струја на сметка на државната каса. Замислете го само тој обрт на пари!
Авто-мото сојузот на Србија и Паркинг службата на Белград ја доверија работата на Алта банка. Доброволно или принудно? Што мислите? На почетокот на ноември 2023 година, оваа банка склучила договор за стратешко партнерство со EPS, а потоа станала посредник во електронското плаќање на сметките за електрична енергија на веб-страницата на јавното претпријатие, како и во апликацијата „Увид во сметката“. Во летото 2024 година, компанијата, предводена од споменатиот Мацура, добила тендер за финансиски услуги за наплата на превоз во Белград. Тендер си е тндер, нели, таму сите натпреварувачи биле „равноправни“.
Групацијата Алта доби и стимулации од државата за изградба, реконструкција и проширување на хотел во Белград за потребите на саемот ЕКСПО 2027, а шалтерите на банката се наоѓаат и во полициски станици. Ова, како што сме пишувлае, бил вистински шок за вработените во МВР ама „олеснувачка околност“ била таа што тие почнале да добиваат плата самопреку оваа банка.
ОД КАДЕ ТАКВА ПОТПОРА ЗА МАЦУРА? Овој стопанственик е сопственик на Групацијата Алта Пеј и претседател на Управниот одбор на Алта банка, а има 15 компании во Србија. Според истражувањето на БИРН, преку неговата компанија „Даница Парк“ тој бил сопственик на две парцели кои сега се во сопственост на Никола Петровиќ, кумот на Александар Вучиќ! Ова можеби објаснува нешто. Влзот во семејството отвора многу врати, разбирливо. Во БИРН напишаа дека истата компанија била инвеститор на згради кои сè уште се градат на земјиштето на сопругата на Звонко Веселиновиќ и на земјиштето на Милан Радојичиќ и неговата сопруга Ема.
Како по правило, работењето на Алта банка со државни компании се одвива под тајност и потпишување договори без тендер, велат медиуми во Белград.
Така, еден од првите договори беше со EPS, кога Алта стана посредник во електронското плаќање сметки за електрична енергија на веб-страницата на јавното претпријатие, како и во апликацијата „Bill Insight“. Тој договор бил склучен без никаква јавна набавка или тендер.
Електропривредата на Србија одби да достави документација за своето работење со Алта банка, што Нова економија го побара преку барање за пристап до информации од јавно значење.
Исто така, банката постојано се докапитализира од друга компанија, Алта пеј, и само во 2025 година, во банката беа внесени дури 66 милиони евра. Со нов капитал, работењето со државата носи раст на банката. Финансиските извештаи потврдуваат дека капиталот доаѓа од сопственикот Давор Мацура – но не го објаснуваат потеклото на тој капитал.
Карактеристика на влезот на оваа банка во земјава, преку купување на Стопанска банка Битола беше дека отпрвин Комисијата за хартии од вредност не даде согласност за таа пенетрација во нашиот финансов систем! Секако, се имаше во предвид и лошата меѓународна репутација на „гостинската екипа“. Повеќе од шокантно беше што надлежното тело не се изјасни децидно зошто не даде дозвола ама уште пошокатно беше што не образложи зошто при непроменети околности речиси експресно се премисли! Дека не се очекуваше реакција од гувернерот на НБМ Трајко Славевски беше очекувано иако тој е регулаторот на финансовиот пазар со силни ингеренции. НБМ постои токму да спречи вакви ситуации (пенетрации). Еден од претходниците на Славевски – Петар Гошев како гувернер се изнамачи и кој знае какви притисоци му се вршеа кога успеа да го исччисти банкарскиот пејсаж од вакви вгнездени ала газда Нини банки ама сега се чини одново се враќа времето на странските партиски финансиски уставнои. Впрочем тоа најдобро се гледа од составот на управните органи, оние кои белграѓаните почнаа често да ги менуваат по преземањето на Стопанска банка Битола, токму онаа со чија помош двоецот Камчев – Мијалков го приграбија агро и прехрамбениот сектор во државата а ја направија земјава еден вид на жирант на албанска компанија, која, имаше исти апетити во однос на некогашната битолска банка!
Последниот состав на управната номенклатура на Алта банка Битола е јасна комија на политичко-менаџерската управувачка структура во земјава, што јасно ја покажува и смислата за нејзиното функионирање.
Но, бргу се јвуваат и видливи промени н кадровски план што укжуваат на јасно раскомотување на белграѓани при пелистерски воздух.
Според официјалната страница на банката, менаџерскиот тим го сочинуваат Наталија Мицковска, Наташа Савова, Наталија Михајлоска, Елена Таховска, Марјан Закев, Драган Иванов и Даниела Ѓоршевска. Од последниот список ја нема екс-судијката Лидија Неделкова која веќе беше разрешена од Судскиот совет!. Закев е дел од предметот „Империја“ и тоа доволно кажува со кого е врзана комплотот и како по личности а и како начин на работа. Наталија Савова е екс-ведета на СДСМ од времето на Бранко Црвенковски а сега води маркетинг а сите знаат колку е блиска до Камчев.
Во Надзорниот одбор некогаш беа Стевчо Јолакоски, баџанак на Панче Тошковски, актуелен министер во владата на Мицкоски како и Антони Пешев кој е извршен директор на Стопанската комора на Македонија и поранешен министер во владата на Бранко Црвеновски.
Претседател на Надзорниот одбор беше Гордана Гацева која од октомври 2004 до денес работи како адвокат партнер во Адвокатското друштво Трпески и Гацева во Скопје. Гордана Гацева ја извршува функцијата независен член на Надзорниот одбор од октомври 2022 година. Тука беа и Игор Камбовски, член на Бордот на директори на Бимилк од Битола, син на проф. Владо Камбовски и Борислав Атанасовски кој е дипломиран економист и овластен ревизор и поседува богато професионално искуство во оваа областа. Тој е косопственик на Друштвото за ревизија Расел Бедфорд Атанасовски ДОО Скопје кое во своето портофолио има и извршената независна ревизија на компанијата на Орце Камчев, „Орка Холдинг“.
Но сегашниот список на НО е доста постеснет и во него има, ако може да забележиме се српски имиња – сопственикот Мацура, Уна Сикимиќ, Татјана Куљак и Вељко Миљушковиќ.И тоа е се’ народе.
Управниот одбор на Алта Банка Битола го сочинуваат тројца членови, од кои еден е претседател.
Александра Радевска останува претседател на Управниот одбор на Стопанска банка Битола коија сега го сменила сопственикот. Одлуката на Надзорниот одбор за нејзинот реизбор доби и потврда со согласноста дадена од Народната банка.
Радевска во Управниот одбор членува веќе две години – од јуни 2023, а на претседателската позиција првпат беше именувана во ноeмври истата година. Со Стопанска банка Битола професионално е поврзана 12 години, од кои една деценија била дел од Надзорниот одбор, а од 2019 е и во Одборот за ревизија. Таа е еден вид кадар за врска од старите и новите времиња на оваа банка.
Истата по завршувањето на формалниот дел од образованието, во периодот од март 2003 до јуни 2003 година работела на позицијата асистент за ревизија во Друштвото за ревизија „Б и Љ Ревизија“ ДОО Скопје, компанија во која косопственик бил Борислав Атанасовски кој беше член на Надзорниот одбор на Алта банка Битола. Инаку таа е дел од потесниот круг на финансискиот колегиум на Камчев – директор на сектор за финансии на „Орка холдинг“ АД Скопје. Да нема изненадувања.
Затоа пак во упавата ги нема другите македонски кадри кои беа таму лани ако не се лажеме?! На пример Даниела Ѓоршевска која поднела писмена оставка од својата функција на ден 5 ноември 2025 година. Во истото соопштение се наведува дека Надзорниот одбор на банката, на својата 25. седница одржана на 10 ноември 2025 година, донел одлука м-р Маја Кадиевска Војновиќ да биде именувана за нов член на Управниот одбор, ама сега и неа ја нема на списокот на членовите на УО! Просто се гледа дека има едехн вид на брза игра на замена на партнери, која некогаш беше популрна на некои балови и игранки. И таквата игра треба да не направи демотивирани да се концентрираме на одделни имиња кои треба со својата кариера да не смират, демек нема никакви сериозни промени. Потоа се покажало дека Кадиевска Војновиќ има стопиран избор. Споменатата е позната во македонската јавност како некогашна вицегувернерка и професорка на Американ колеџ, но таа беше и дел од Извршниот одбор на ВМРО-ДПМНЕ, а сега е член на Надзорниот одбор на операторот на платниот систем КИБС (Клириншки интербанкарски системи АД Скопје).
Па сега другхите двајца членови на УО се Зарије Ќоралија и Срефан Николиќ. Претпоставуваме белградски кадри! Као пред очи да се одвива сцена од дансинг стилот „а сега менуваме партнери“. Делумно е ова резултат на тоа што државата ги продаде запленетите акции (седум отсто од вкупната маса) на Мијалков во случајот „Империја“. Јасно, сликата за оваа банка се комплетира и се добива посакуваниот пејсаж што господин Мацура го имал во мигот на одлуката да се влезе во земјава.




