Дури и во времето кога се случи првиот „Викенд на гордоста“, кога имавме физички напади врз нас како ЛГБТ луѓе и како активисти за таа кауза, ситуацијата во јавноста не беше волку лоша
Институтот за медиуми и аналитика ИМА од Скопје денес организираше панел дискусија „Медиумите и кампањите со дезинформации и говор на омраза против родова и сексуална еднаквост“, пренесува СМК.
Драгана Дрндаревска од „Коалиција Маргини“, на денешната панел -дискусија укажа дека состојбата како денес се прикажани во јавниот дискурс каузите за родова еднаквост и права на ЛГБТ лицата, никогаш не била толку лоша: „Дури и во времето кога се случи првиот „Викенд на гордоста“, кога имавме физички напади врз нас како ЛГБТ луѓе и како активисти за таа кауза, ситуацијата во јавноста не беше волку лоша. Тогаш беше многу јасна нашата позиција на жртви. Значи бевме група на активисти, група на ЛГБТ луѓе, коишто имаат визија за едно поинакво, еднакво општество, и бевме нападнати и како такви баравме правда и заштита од државата, која тогаш беше главен промотор на овие антиродови реторики.“
Дрндаревска укажа дека „Сега имаме една друга ситуација, каде што ние сме повторно жртва, меѓутоа, ние сме прикажани како злото, како „сотоните“, како оние кои што имаат намера да го срушат семејството, да промовираат педофилија, итн., мислам, јасен е дискурсот. “