БОРКО ЗАФИРОВСКИ
Таму каде што политичките идеологии се исцрпуваат со народна мудрост или се поставуваат над „народот“ за да го претставуваат, штитат и водат, завршила можноста за дијалог и еволуција, а останала чиста догма од фолклорен и традиционалистички калап
За енигмата, прашањето на Библиската порака за вртење на другиот образ откако ќе ве удрат по едниот, деновиве висат вечните дилеми за толкувањето на една од најупотребуваните и злоупотребени догми во Христијанството, или во религиите, а тоа значи, во филозофско-етичкиот контекст на животот во државничка и научна насока, но тоа уште повеќе го засега секојдневието
Таму каде што политичките идеологии се исцрпуваат со народна мудрост или се поставуваат над „народот“ за да го претставуваат, штитат и водат, завршила можноста за дијалог и еволуција, а останала чиста догма од фолклорен и традиционалистички калап. Таму, во тие општества и средини, нема забележлив напредок оти владее привиден мир, но и просторно, широка и длабока можност за манипулација со „масите“ и длабок криминал кои заедно можат различно да се нарекуваат, но резултатите праволиниски водат кон истоштување, колапс и амбис.
Примери има многу, а последните големи геополитички примери се презентираа во општеството на бившата наша федерација: врвниот лозунг во тој витален (?) еднопартизам беше статутарна утеха дека ништо не е толку свето, за да не може да се менува.
Сведоци бевме на последните заобиколувања за плуралност во текот на седумдесеттите, а завршната етапа ја зграпчи национализмот со апетит на ветва малограѓанска алчност, водена и одиграна од „перјаниците“ на социјалистичката разголена елита.
Деновиве, по децении на мачна транзиција, со блага утеха дека, ете и по „стари“ држави во соседството лутаат низ лавиринти во страв од современите светски текови, ние сме сведоци на граѓанска збунетост околу проценка на очигледни, понижувачки пазарења и бесрамно трговија со луѓе и семејства.
Како да се собираше енергија за што поголемо обезличување на недопирливите институции и мемориските квалитети, за да се ситни и обезвреди остатокот од личниот морал, со последните опијати наменети за испостениот поим на интелигенција и поигрување со титулари на интелектуалци и академски средини каде што би се насочиле.
Тие заблуди ја разоткриваат слабоста на водечка когнитивниот, што не поставува и постави во неизвесност, сосема независно од бројките на избирачките места, а пораката е: претстојат напори и свежа примена на јасен став: ништо не е толку свето, што не може да се измени. Чекаме, особено последните шест месеци, хибридни напади и постојано симнување на човековиот интегритет, граѓанската мисла и културата на живеење и однесување.
Останувам убеден во странски активен фактор, чии пипци подобро брзо да се разоткриваат, оти злото му е играчката а тоа е меѓу нас.
Истакнатиот поет и есеист, писателот – Нобеловец, Јосиф Бродски, во неколку есеи ме храбри да тврдам дека другиот образ не е пасивна, робовска послушност пред насилник и насилство, туку повик за пркос и издржан отпор. Тој го дава примерот со затвореник во гулаг, што на циничниот повик на затворската управа за
Социјалистички доброволен натпревар за цепење дрва (бесплатен бенефит за државни институции), дава приговор, па му ја зголемуваат
Како одговор, тој почнува да цепи и не престанува ни на паузата. Во предвечерјето, по команда, сите заминуваат, а тој цепи до последното дрво
Бродски заклучи: тоа е другиот образ, оти Управата се уплаши од силата на човекот и веќе никогаш не воведе слични, „Социјалистички натпревари“.
Можеби со и по изборите ќе треба да се потсетиме и на „Говорот од крајот на школската година“, што го запишувала негова студентка.
Парафразирано, за оваа прилика, Бродски укажува што ги чека по излегувањето низ животот а после студиите, па кажува надвор е Злото. Нема да го забележите. Нема да застане или да ви чукне на врата и да се претстави – Јас сум Злото. Нема ни посебна облека, едноставно тоа е меѓу нас, пристојно, вообичаено
Особено ги сака и користи стилските конфекции.
Отворете го плакарот, нема ништо да дознаете.
Треба да го откривате сами.
(frontline.mk)