Жестоки реакции пристигнуваат од многу страни на одлуката на властите во Будимпешта да му дадат азил на бегалцот Груевски. Не помалку критики и за оние земји низ кои осудениот експремиер мина како низ швајцарско сирење
Унгарија да не се претвора во продолжена рака на автократот Груевски, а Македонија да разјасни дали бегството уследило по дозвола од тамошните власти, бараат деновиве пратениците во Бундестагот. На барање на ДВ да ја коментираат ситуацијата околу Груевски и неговиот азил во Унгарија, тие се прилично јасни во своите оценки и очекувања.
Торстен Фрај, член на Комисијата за надворешна политика на Бундестагот од пратеничката група на Унијата (ЦДУ/ЦСУ), која е дел од семејството на Европски народни партии како и партијата на Орбан, Фидес, непосредно пред да биде одобрен азилот за Груевски, за ДВ оцени дека од Унгарија очекува примена на еднакви критериуми за азил:
„Се разбира, многу е тешко од германска перспектива да се проценуваат постапките околу можниот азил кој Никоја Груевски го побара во Унгарија. Шпекулациите околу тоа и во Македонија се многу разнолики. Меѓутоа, во најмала рака очекувам ваква една постапка во Унгарија да се одвива според јасни принципи на владење на правото и да се применат еднакви мерки и критериуми, кои се вообичаени при постапката за азил таму“, оцени Фрај.
Неговиот колега од Комисијата за надворешна политика, социјалдемократот Јосип Јуратовиќ, има многу поостра оценка за случувањата околу Груевски. Тој во изјавата за ДВ вели:
„Ако работата се погледне подобро, таа смрди до небо. ‘Системот Груевски’ се служи со демократски средства. И тоа е она што е навистина вознемирувачко во овој синџир на случувања – како демократски сомнителни сили злоупотребуваат демократски средства. Можам само да се надевам дека Унгарија во случајов постапувала еднакво како во случаите на сите останати баратели на азил. Случајот Груевски со тоа станува лакмус тест за веродостојноста на правната држава во Унгарија.“
Заменикот шеф на пратеничката група на Либералите во германскиот парламент, Александер Граф Ламбсдорф, во чија надлежност се прашања од надворешната и безбедносната политика, за ДВ оцени дека „Виктор Орбан, со својата одлука да му даде азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, го постави личното пријателство со поранешниот премиер над правосилната одлука“:
„Зошто, Груевски во Македонија беше осуден на две години затвор поради корупција. Истовремено во тек се други постапки поради изборни манипулации и илегално прислушување на македонските граѓани од страна на тајните служби на земјата. Никола Груевски, наместо да бара засолниште во Унгарија, треба да се соочи со овие обвинувања во законска постапка во Македонија. Однесувањето на Виктор Орбан е натамошна индиција за тоа дека унгарскиот премиер е наклонет кон низок степен на почитување на правната држава и кон толкување на правото на азил според сопствен маштап.“
Левицата во Бундестагот смета дека постапките во врска со бегството на Груевски се „исклучително чудни и загрижувачки“. Андреј Хунко, експерт за европска политика во Левицата, за ДВ уште додава:
„Токму унгарската влада штити правосилно осуден бегалец. Очигледно не се работи за азил за политички прогонувано лице. Тоа и натаму ја поткопува довербата во правната држава во Македонија, во Унгарија и пошироко. Меѓутоа, треба да се разјасни и дали бегството на Груевски уследило по дозвол Мануел Сарацин од Зелените, надлежен за прашања од политиката кон Источна Европа, од унгарската влада очекува „да ја прифати судската одлука од Македонија и да не се претвора во продолжена рака на поранешниот автократски премиер“:
„Од една земја членка на ЕУ со право се очекува да придонесува за зајакнување на правната држава и демократијата во една земја кандидат за приклучување кон ЕУ. Тука, без сомнение, се вбројува и македонското расчистување со времето на владеење на Груевски, одбележано од корупција и самоволие“. на македонските власти, како што многумина во Скопје претпоставуваат.“
Унгарскиот политички аналитичар Андраш Рац од „Политикал Капитал“ во интервју за Евроњуз изјави дека нема докази дека животот на Никола Груевски е под закана ако биде вратен во Македонија.
-Нема никаков јавно достапен доказ кој го поддржува тврдењето на унгарската влада дека животот на Груевски би бил во опасност ако е вратен, не сме виделе никаков јавен доказ за такво нешто, посочува тој.
Аналитичарот Рац вели дека легално унгарската влада има право да му одобри азил на поранешниот премиер.
-Меѓутоа ова барање за азил беше процесуирано со извонредна брзина и важно е да се каже дека самиот Груевски беше шверцуван низ цел Балкан од унгарските дипломатски служби, објаснувајќи го начинот на кој Груевски пристигнал до Будимпешта откако ја преминал албанската граница, оценува Рац.
Целиот процес е невообичаен и контрадикторен како за интересите на Унгарија како земја членка на ЕУ и НАТО, така и за билатералните односи со Македонија, вели унгарскиот аналитичар
Изненадувачки е што Унгарија го поддржува членството на Македонија во ЕУ, но не ја смета за сигурна земја, напиша еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на Твитер.
-Владеењето на правото е клучен принцип на земјите членки и за кандидатите за членство. Тоа е клучно за кредибилитетот на Европа, напиша Хан.
Тој вели дека ако се потврдат извештаите дека Унгарија му дала политички азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, „очекува гласно објаснување од премиерот ВикторОрбан на што се заснова тој“.
Државниот министер за Европа во германското Министерство за надворешни работи, Михаел Рот упати критики до унгарските власти за доделувањето азил на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, со што му помагаат да избегне соочување со правдата.
– Правото на азил е човеково право. Тоа е спасоносен гест на хуманост за политички прогонетите, но не и за пријателот на шефот на владата, за да ја избегне правдата. ЕУ мора да остане заедница на демократски и правни држави, напиша Рот на неговиот Твитер профил.
Во придружба на двајца унгарски дипломати, човек без пасош влегол во една од најзатворените земји во светот, па унгарската опозиција бара објаснување – како Груевски стана VIP азилант.
„Ни се потребни јасни и недвосмислени одговори. Унгарското општество и меѓународната заедница мора да биде информирана за ова прашање”, рече пратеникот Жолт Молнар.
Не постојат информации за бегството на Груевски од Македонија и за стигнувањето во Албанија. Според познатите информации, тој се обратил до унгарската дипломатска мисија таму, а преку Црна Гора, а потоа и во Србија, пристигнал во Унгарија.
Фактот дека конечната пресуда, очигледно, не беше интересна за било чиј полицаец на патот покој Грувски е префрлен во Будимпешта. Српскиот претседател тврди – сè е направено во согласност со законот.
„На 13-ти ноември во Скопје во 19,35 потерницата на Интерпол е доставени до нас. Три дена подоцна! Кој се шегува, кога бара Србија да уапси луѓе без налог, како ние да сме диво племе … “, рече претседателот на Србија, Александар Вучиќ.
Се работи за формирањето на фаланга на регионални популисти кои организираат канали за стаорци преку кои префрлуваат осудени криминалци, вели поранешниот српски претседател Борис Тадиќ. Тој не верува во објаснувањето на Вучиќ. Тој вели дека едноставно морал да знае дека неговиот поранешен македонски колега патувал низ Србија.
„А ако не, тогаш тој не ја врши својата работа. Тогаш тој длува целосно аматерски и неуко. Тогаш целиот систем е целосно распукан и ние сме многу ранлива земја. Постојат многу причини зошто јас верувам дека нам како змја ни се заканува опасност ама во овој слулчај тоа и не е толку важно. Имам јасно организиран трансфер на човекот за кого и Вучиќ и Рама и Ѓукановиќ и Орбан знаеле дека неколку часа претходно тој треба да оди во затвор “, рече Тадиќ.