Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДУАЛНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ГИ МОТИВИРА УЧЕНИЦИТЕ

February 11, 2020 Filed Under: Македонија

Образованието што вклучува практична нстава на улчениците значи полесно вклучување на младите во работниот процес

МИКИ ТРАЈКОВСКИ

НИШТО БЕЗ ПРАКТИКА Оние кои го совладале занаетот можат вднаш да најдт работа

Охридското средно училиште пред две години беше пилот училиште во кoе почна да се спроведува дуално образование. Тоа на младите им нуди можност преку стажирање да се подготват за вклучување во работниот процес

Евгенија и Шефко се ученици од втора година во Електро машинскиот училиштен центар во Охрид. Но, не само во училиштето, тие дел од практичната настава ја изведуваат и во некои од локалните приватни компании. Втора година по ред овој училиштен центар е дел од т.н дуално образование, односно образование што на идните млади инженери им овозможува да се стекнат со практично и работно искуство во самите фабрики.

„Премногу ни помага праксата што имаме можност да одиме и да ја посетуваме. Сега ни е многу полесно. Друго е кога е имаме теоретски вежби и друго е кога одиме во компанија“, вели Шефко Асим-ученик.

„Ние ќе знаеме и во компанијата што треба да правиме и како целиот тој работен процес да се изведува. Отворени ни се вратите кај нив после нашето четири годишно учење во средното училиште“, вели Евгенија Шулеска, ученичка.

Крајната е цел е младите да се стекнат со потребните вештини и знаења кои ќе им помогнат полесно да најдат работа по завршувањето на средното образование, а на компаниите готов кадар, подготвен веднаш да се вклучи во работниот процес.

Охридското средно училиште е пилот училиште во земјава каде почна да се применува овој тип на образование во 2018 година.

УЧИЛИШЕН ЦЕНТАР ВО ОХРИД Нкогаш ѓрактичн настава од овој тип имаше речиси во секој град

„Учениците се многу мотивирани од причина што по завршување на 4-та година, самите компании имаат интерес да ги задржат, односно да ги вработат во истите. Учениците веќе сфатија што значи да се работи во фабрика и оти фабриките веќе не се како порано, туку се пријатни средини, безбедни и чисти и имаат многу добри услови за работа“, вели Сашо Недески, директор на електро машински училишен центар Свети Наум Охридски.

Во моментов околу шеесет ученици изведуваат практична настава во вкупно четири компании во Охрид.

Со условите за изведување на практична настава во училиштето, се запозна и вице-премиерката за економски прашања, Мила Цароска.

„Се соочуваме со еден предизвик, кој гласно го алармираат стопанските комори и претставниците на работодавачите, а тоа е дека недостига стручен и квалификуван кадар за во производство и одредени струки навистина се дефицитарни. Тоа покажува дека реформите кои се случувале во последните дваесет години не ги дале потребните резултати, но токму со ова тестирање на програмата може да се види дека може да се постине едно усогласување на понудата и побарувачката на пазарот на труд“, вели Цароска.

Дуалното образование се спроведува во седум стручни училишта во државата и е подржано од делегацијата на германското стопанство во земјава. Властите најавуваат дека во догледно време ќе биде понудено системско решение за дуално образование, со цел да се постигне развојна и динамична економија.

(ВОА – опермата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ
ДАНАИ ЛИОДАКИ : ЉУБОВТА Е ЗАЕДНИЦА, НЕ АПЛИКАЦИЈА
ПУТИНОВ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ 128: КУЛТУРА НА СТРАВОТ НАМЕСТО БУНТ – АНАТОМИЈА НА РУСКАТА ВОЕНА МАШИНЕРИЈА

Најново

  • ИМА, НЕМА И СЕПАК – ИМА ТУРБУЛЕНЦИИ ВО ВЛАДИНАТА КОАЛИЦИЈА
  • СДСМ ЗА ЗАКОНОТ ЗА КОЧАНИ: МОРА ДА ПОКАЖЕМЕ СОЛИДАРНОСТ СО РОДИТЕЛИТЕ
  • УНИВЕРЗИТЕТИТЕ ПОД НАПАД ОД АМЕРИКАНСКАТА АДМИНИСТРАЦИЈА: ХАРВАРД НАСПРОТИ МАШИНИТЕ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet