Обидите на Москва преку својот гуру да создадат силна политичка партија кај нас од поред 4 години не вродија со плод, иако тука имаше трошок
Јанко Бачев, претседателот на „Единствена Македонија“, кој своевремено имаше блиски средби со Александар Дугин, откако идеологот кој важи за личен гуру на рускиот претседател Владимир Путин во саботата вечерта во експлозија на автомобил ја загуби својата ќерка, руската новинарка Дарија Дугина (30).
Во автомобилот што експлодира од поставена бомба требало да биде и самиот Дугин, но во последен момент тој влегол во друг автомобил, па, постои сомнеж дека всушност тој бил цел на нападот. Трагедијата се случила после одржаното предавање на Дугин на фестивалот Традиција, каде почестен гостин била и неговата ќерка Дарија, политички аналитичар на Меѓународното евроазиско движење, на чие чело е нејзиниот татко.
Во името на Единствена Македонија и во свое лично име, изразуваме најдлабоко сочуство до семејството. – напиша следниот ден Бачев.
Според подетални описи Дуѕина е убиена во село во близина на Москва, откако експлодирал џипот во кој се возела. Беше пропагатор која се залагаше за руската инвазија на Украина. Претходно годинава, таа беше ставена на списокот на санкционирани лица од страна на американските и британските власти, кои ја обвинија девојката дека придонесува за онлајн „дезинформации“ за руската инвазија.
Во 2018 година кај нас држеше политички предавања Леонид Савин, близок соработник на Александар Дугин – советникот на претседателот Путин. Предавањата што беа од затворен тип беше за избрани педесетина членови на партијата на Бачев, селектѕирани велат по ,могу сторг критериум.
Јасно беше речено дека партијата на Бачев „Единствена Македонија“,треба да се подготви да ја преземе власта на следните парламентарни избори и „правилно да ги извршуваат функциите на кои би биле именувани“. Рускиот аналитичар Леонид Савин, чија специјалност е геополитиката, бил повикан од претседателот на партијата Бачев лично да ја одржи обуката, наводно по програма на московскиот универзитет „Ломоносов“.
Појдовна позиција на Савин беше дека Македонија мора да ја задржи унитарноста.
„Важно е да се овозможи декодиран пристап на граѓаните со државната политика и институциите. Вакви обуки имаме во Србија, Либија и други земји. Нашата цел не е да се наметнеме, туку да овозможиме поширок спектар на избор за граѓаните. Новата власт која ќе биде на Единствена Македонија треба да ја задржи унитарноста на земјата. Не се наметнуваме со свои идеи, туку даваме определби како да се работи според Московскиот универзитет“, рече тогаш Савин.
Според него, македонскиот и рускиот народ ги поврзуваат многу работи, а тоа ќе помогне да се зацврсти иднината на Македонија. Народот има единствено право да решава за својата судбина. Сите процеси треба да се подемократски и потранспарентни. Самиот македонски народ треба да одлучи со кого ќе ја поврзе својата иднина“, додаде Савин.
Претседателот на „Единствена Македонија“ Јанко Бачев, истакна дека ќе се залага за сојуз со Русија, доколку тој дојде на власт и најави „чистка на предавниците“.
„Ние како партија цврсто сме решени да ги поправиме состојбите во Македонија и се залагаме за сојуз со Русија. Ќе расчистиме со сите национални предавници кои деновиве гледате распродаваат сѐ живо. Ќе се направи ревизија и конфискација на украденото во овие години. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ за нас се едно исто, лажат и крадат, а единствена разлика е што едните краделе во марки другите во евра“, изјави Бачев.
Леонид Савин тогаш по трет пат беше во Македонија и повторно на покана на „Единствена Македонија“. Претходно тој беше заедно со професорот по социологија на универзитетот „Ломоносов“, Александар Дугин. Дугин е близок советник на претседателот Владимир Путин, и важи за дел од најтесниот јруг на клучни воени и политички фигури во Моква и Кремљ. Дугин се опишуваат како екстремен руски националист, заговорник на рускиот империјализам и „најопасниот филозоф на светот“. Тој важи за гласоговорник на претседателот Путин и често неговите изјави и ставови се сметаат дека се всушност на претседателот Путин, кој не сака да ги соопшти директно во јавноста.
Савин и Дугин во Скопје, направија визиута која аналитичарите ја оценија како „политичка извидница“. На трибина оргазнизрана од „Единствена Македонија“, ги соопштија нивните ставови и гледишта, а тоа се дека Македонија не треба да влезе во ЕУ која е пред распад, туку во Евроазиската унија којашто тие ја заговараат. Врската на Савин и Дугин со „Единствена Македонија“ се јавува откако партијата на почетокот на оваа година се ребрендираше во проруска опозиција, по примерот на „Единствена Русија“ на Путин. Претходно се нарекуваше „Народно движење за Македонија“ и до 2012-та година на изборите беше дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ. Од 2014-та година настапува самостојно, но без никаков позабележител успех на локалните и парламентарни избори. Предавањаата не фатиле корен! Но, тоа не важи за неговите исфрлени пароли кои ги оприграбија многу самоинаречени аналитилчари и мислитетели главно од крилото на десницата.
(Р.Г.)