„Филаделфија Инквајар“ посочува дека нивниот град е родно место на американската демократија и пишува: „Ако медиумите не се ослободени од репресија, казна или сомнеж поради непопуларни ставови или информации, не е ниту земјата. Ниту нејзиниот народ”.
Повеќе од 300 медиуми во САД денеска започнаа кампања насочена против нападите од претседателот Доналд Трамп и за промовирање на слободата на медиумите.
Весникот „Бостон Глоуб“ минатата недела го објави повикот за национална кампања против како што се нарекува „валканата војна” на претседателот против медиумите, користејќи го хаштагот #EnemyOfNone.
Трамп често, медиумските извештаи ги нарекува „лажни вести” и ги напаѓа новинарите нарекувајќи ги „непријатели на народот”.
Според експертите на ОН, ова го зголемува ризикот од насилство врз новинарите.
„Бостон Глоуб“ најави дека на 16 август ќе објави уводник „за опасностите од нападот на администрацијата врз медиумите” и ги замоли другите да го сторат истото. Првично позитивно одговорија околу 100 медиумски куќи, а со приклучувањето на големите национални весници во САД и на помалите локални, нивниот број досттигна до 350, на што се приклучија и медиуми од други земји, како што е британскиот весник Гардијан.
Што напишаа весниците?
„Бостон глоуб“, во уредничкиот коментар со наслов „Новинарите не се непријатели“, пишува дека слободата на медиумитее е основен американски принцип повеќе од 200 години. „Њујорк тајмс“, под наслов „Му требате на слободниот печат”, ги нарекува нападите на Трамп „опасни за движечката сила на демократијата” и во продолжение објавени се извадоци од десетици други написи.
– Ако веќе не сте го сториле тоа, претплатете се на локалните весници. Фалете ги кога сметате дека направиле добра работа, критикувајте ги кога сметате дека би можеле и подобро. Ова е наша заедничка работа, – наведува дневниот весник од Њујорк.
„Њујорк пост“ – водечки крајно левичарски весник – одговори на повикот на Глоуб, велејќи: „Кои сме да не се согласуваме?” додавајќи: „Можеби е фрустрирачки да тврдиме дека само затоа што печатиме непријатни вистини значи дека сме лажни вести, но да се биде новинар не е натпревар за популарност. Се што можеме да направиме е да продолжиме да известуваме”. Исто така тие поставуваат и реторичко прашање: „Дали ова ќе промени нешто?”
„Филаделфија Инквајар“ посочува дека нивниот град е родно место на американската демократија и пишува: „Ако медиумите не се ослободени од репресија, казна или сомнеж поради непопуларни ставови или информации, не е ниту земјата. Ниту нејзиниот народ”.
Коментаторите во „McClatchy“ објавија заеднички уреднички коментар во сите 30 дневни весници што ги водат, вклучувајќи го и „Мајами Хералд“, во кој се наведува дека речиси никогаш досега не биле на ист став, но тоа го прават сега. Во него се наведува дека „непријателите на народот” биле „она што за нацистите биле Евреите. На тој начин биле бележени и критичарите на Јосиф Сталин за егзекуција”.
„Пост Диспеч“ од Сент Луис новинарите ги нарече „највистински патриоти“, додека „Чикаго Сан-тајмс“ истакнува дека верува дека мнозинството Американци знаат дека Трамп говори бесмислени работи.
– Се надеваме дека поддржувачите на претседателот ќе препознаат што тој работи – манипулира со реалноста за да го добие она што го сака, се истакнува во уводникот на весникот „Н.К. обзервер“ од Фајетвил во Северна Каролина.
Уште еден весник што се приклучи на кампањата е „Топика Капитал-Журнал“, во кој нападот на Трамп врз медиумите се означува како нешто „злобно, деструктивно и мора да престане веднаш”. Инаку, овој весник, беше еден од ретките што му даде поддршка на Трамп во 2016 година.
Но има и медиуми кои не се воодушевени со кампањата на „Бостон Глоуб“.
Во една колумна на „Вол стрит џурнал“ на пример се истакнува дека ваквата акција не е во согласност со независноста која уредништвата на медиумите наводно ја бараат и дека Трамп има право на слобода на говор, подеднакво како и неговите противници во медиумите.
– Иако се согласуваме дека нарекувањето на новинарите како „непријатели на народот’, а новинарството како „лажни вести’ не само што е штетно за нашата бранша туку и деструктивно за нашата демократија, координиран одговор на независните, да не кажеме „мејнстрим“ медиуми го потхранува наративот дека медиумите на некој начин се настроени против овој републикански претседател“, се наведува во уводникот на „Балтимор сан“.
Сепак, овој весник потенцира дека ја поддржува акцијата, додека „Вол стрит џурнал“ се изјасни дека нема да учествува.
Кампањата #EnemyOfNone следи по серијата напади и забелешки од Трамп, што го зголеми притисокот врз медиумите.
Додека ќерката на Трамп, Иванка, се дистанцираше од медиумските напади на нејзиниот татко, секретарот за печат на Белата куќа Сара Сандерс одби да каже дека медиумите не биле непријатели на народот.
И на собирот во Флорида во јули, Си-Ен-Ен ги сними поддржувачите на Трамп, кои упатуваа навреди и пцовки кон новинарите што го покриваа настанот.
Републиканските гласачи го делат ставот на Трамп
Анкетата објавена во вторникот од Универзитетот Quinnipiac покажува дека 51 отсто од републиканските гласачи сега веруваат дека медиумите се „непријатели на народот, а не важен дел од демократијата”, а 52 отсто од анкетираните републиканците не сметаат дека критиките на ќе предизвикаат насилство врз новинарите.
Според анкетата, сепак 65 отсто сметаат дека медиумите се важен дел од демократијата.