Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДУХОТ НА ГОРАН СТЕФАНОВСКИ ВО ТИРАНА

May 6, 2024 Filed Under: Ревија

Албанскиот театар од Скопје на покана од Културно – информативниот центар на Република Северна Македонија, во Тирана ја изведе претставата „Диво Месо“ од Горан Стефановски во режија на Мартин Кочовски

НА СЦЕНА Гостите се чувствуваа како да играат дома

-Духот од Горан Стефановски во неговиот текст, неговата модерност и актуелност на вистински начин ја почувствува тиранската публика во театарот АРТурбина, благодарение на маестралната игра на глумците од Албанскиот театар Скопје, сцените се редеа како на филм. Публиката имаше впечаток, како денес во Тирана да се случиле настаните од пиесата. Час и половина, публиката со големо внимание и во потполна тишина го следеше секој збор од текстот и актерската игра на нашите актери, кои на крајот, беа наградени со огромен и долг аплауз, соопштија денеска од Културно – информативниот центар.

Директорот на КИЦ Златко Ориѓански, потсетува дека текстот „Диво Месо“ од Горан Стефановски, беше напишан и изведен далечната 1979 година. За својата драма Горан Стефановски ќе каже: Кога ја пишував пиесата „Диво месо“ мислев дека таа се однесува на минатото. Сега гледам дека се однесувала на иднината“.

-После претставата, нашите актери, заедно со своите колеги од тиранските театри беа во посета на македонскиот Културно Информативен центар, каде до доцна во ноќта се разговараше за претставата и текстот на Горан Стефановски, посочува Ориѓански.

Културно – информативниот центар во Тирана на 10 и 12 мај, продолжува со своите активности. На Тиранскиот џез фестивал ќе настапат ПМГ Џез СЕТСТАТ и новоформираниот биг бенд, НАЦИОНАЛЕН ЏЕЗ ОРКЕСТАР од Скопје.

 

 

Filed Under: Ревија

МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА ГО СПАСИ СУДСТВОТО ОД МИЦКОСКИ
ФЕНИ E ВО ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ, ИЛЈАДА КАВАДАРЕЧНИ СЕМЕЈСТВА БЕЗ ЕГЗИСТЕНЦИЈА
ХРВАТСКА: ЖИВОТOT ВО ЗЕМЈА ВО КОЈА ЦЕНИТЕ РАСТАТ „БЕЗ ВРСКА“
СTАНКО ЦРНОБРЊА: БАЛКАНОТ Е ВО ПОСТОЈАНИ ПРВИРАЊА
ПУТИНОВИОТ ПОКЕР ИЛИ РУСКИ РУЛЕТ (155): ДАЛИ Е МИНИСТЕРОТ ЛАВРОВ ВО НЕМИЛОСТ?

Најново

  • МИЦКОСКИ ТРЕБА ДА ГО СПАСИ СУДСТВОТО ОД МИЦКОСКИ
  • ФЕНИ E ВО ЦЕЛОСЕН ЗАСТОЈ, ИЛЈАДА КАВАДАРЕЧНИ СЕМЕЈСТВА БЕЗ ЕГЗИСТЕНЦИЈА
  • ХРВАТСКА: ЖИВОТOT ВО ЗЕМЈА ВО КОЈА ЦЕНИТЕ РАСТАТ „БЕЗ ВРСКА“

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet