Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДУШАН МАКАВЕЕВ: ЦРН БРАН БЕЗ ГАЌИЧКИ

February 5, 2019 Filed Under: Ревија

Постојат тие кадри зарзнати во вечноста. Мерлинка на удар на ветилациониот систем, кој го подигна нејзиниот фустан, потоа истегнатата во постела Ума Турман во „Евтини приказни“ и кадарот со Ева Рас и црна мачка. Иако филмовите на Душан Макавејев трајно сместени во букварот на „црниот бран”, тие се подеднакво важни, па дури и несоодветио во тој контекст во светски размери, бидејќи никој подобро не забележа некои аномалии на Западот и Истокот отколку познатиот режисер. Затоа светот и Југославија беа добредојдени со ентузијазам, но и со ножици на цензори

БРАНКО РОСИЌ

МАКАВЕЕВ Во егзил до 1988 година

Во уводникот на посветата на големиот Душан Макавејев, веднаш ми доаѓа на ум она што ќе ја нагласат соговорниците. Тоа дека Мак беше некакво поврзување меѓу нас и светот. Но, не само затоа што тој е автор на генијални играни филмови, што значат поврзување на Истокот и Западот, во прилог на генијот постои и една друга работа – забраните. На истокот, како и на Западот, тој беше почитуван автор и креатор на филмови или дела кои беа цел на цензура. Иако имаше неверојатни филмови дури и Британците имаа материјал за „сечење” на кадри. Тоа беше случај и со филмот „ Љубовниот случај на службеничката на ПТТ”.

Се сеќавам на деновите кога правев интервју на Милена Дравиќ. Отидовме во нејзиниот стан за да ги собереме сликите. Исто така, имаше и насловни страници од печатот. Од „Њујорк тајмс“. Голема почит на Милена, но причината за тоа беше нејзината улога во филмот “WR: Тајни на организмот” од Душан Макавеев. Филмот долго играше во кината во центарот на Лондон неколку месеци. И во другите големи градови.

Постојат тие кадри зарзнати во вечноста. Мерлинка на удар на ветилациониот систем, кој го подигна нејзиниот фустан, потоа истегнатата во постела Ума Турман во „Евтини приказни“ и кадарот со Ева Рас и црна мачка. Целата оваа приказна за интересот кон „Љубовниот случај на службеничката“ за многумина, дури го доведе и познатиот Хичкок на Калемегдан. Мак беше слобода, провокација.

На нас адолесцентите во социјализмот во седиштето на Кинотеката во Косовска улица гледањето на филмови беше како дрога. Требаше да се вовлада, се рзбира овој автор. Чекавме да дојде на ФЕСТ, незаборавни беа оние во кои глуми

Мак беше како никој друг, а немаше никој како Мак. Тој немаше филм според академски „терк“, бидејќи и самиот немаше училиште,. Предаваше едно време но нему не му – требаше. Харвард повеќе му значеше, иако не нему, но тој мораше да живее и да ги сака учениците кои го обожуваа. Мак беше добронамерен смеатрес, о вишок на неприлагодена интелигенција на времето и општеството во кое живееме. Мак немаше никој што ќе го копира и никој не знаеше како тоа да го стори, тоа што беше Маково не беше за никој друг и беше лудо, незаборавно, нагло и слободно и послободно од мислите што ги имавме во нашите умови. Мак создаде нешто не може да се уништи, само ние уште не знаеме. Тој го знае некоја друга планета која Мак ни го подари како подарок “, вели Цветковиќ.

Душан Макавеев (роден во Белград, на 13 октомври 1932 – 25 јануаруи 2019) е српски режисер и сценарист, еден од најпознатите режисери од просторите на поранешна Југославија. Еден е од најистакнатите претставници на црниот бран во југословенската кинематографија.

СЦЕНА Кадар од филмот „Љубовниот случај…“ со Ева Раси црната мачка“

Макавеев има завршено психологија на Филозофскиот факултет во Белград и режија на Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Белград. Од 1953 година почнува да се занимава со филм. Со своите три филмови од 1960-тите, „Човекот не е птица“ (1965), „Љубовниот случај или трагедијата на службеничката на ПТТ“ (1967) и „Невиност без заштита“ (1968), Макавеев стекнува меѓународна слава. Сепак, неговиот следен филм, „Вилхелм Рајх: мистериите на организмот“ (1971), е оној што ќе предизвика најголемо внимание. Поради својата сексуално-политичката содржина филмот е забранет во Југославија, а Макавеев е принуден да замине во егзил, каде останува до 1988 година. Во овој свој филм, Макавеев го комбинира претставувањето на идеите на познатиот левичарски психоаналитичар Вилхелм Рајх во контеклстот на комунизмотк и сексуалноста.

ПОСТОЈАНО Кинотеката постојано ги дава неговите ремек дела

Следни негови филмски остварувања се: „Ми недостига Соња Хени“ (1971), „Сладок филм“ (1973), „Црна Гора или свињи и бисери“ (1981), „Кока кола кид“ (1985), „Манифест“ (1988), „Горило се капи на пладне“ (1993), „Дупка во душата (1994) и „Данските девојки покажуваат се“ (1996).

Макавеев е добитник на поголем број награди: „Октомвриската награда“ на Белград, „Сребрена мечка“ во Берлин, „Сребрена арена“ во Пула, „Луис Буњуел“ во Кан, „Сребрен Хуго“ во Чикаго, „Златно време“ на Белгиската кралска кинотека и други.

 

 

Filed Under: Ревија

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet