Скопјани доста доцна се сетија на сега покојниот Норвежанец кој толку многу стори за нивниот град после 1963 година. Требаше да почне да доаѓа неговиот син Јанс, генералниот секретар на НАТО за да со присуството не потсети на помошта која ја обезбеди своевремено секретарот на норвешката амбасада во Белград – Торвалд Столтенберг
Годинава се навршија 55 години од кататсрофалниот земјотрес, но годинава и се збогуваме со големиот пријател на Скопје, Торвалд Столтенберг, чии дела скопјани се уште ги паметат, како и неговата несебична помош која ја даде по катастрофалниот земјотрес. Со негова помош се изгради Детската болница во Козле, норвешките бараки и имаше голема заслуга за координацијата на активностите на Црвениот крст на Шведска и Норвешка, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на именувањето на новата улица во градскиот Парк по таткото на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Торвалд Столтенберг ќе се вика улицата пред Стадионот на самиот влез на Градскиот парк.
– Судбината сакала овој град да е поврзан со семејството Столтенберг секогаш кога ни е тешко, додаде Шилегов кој се заблагодари на генералниот секретар на НАТО за помошта што ја дава на земјава. Искрено се надевам дека до година ќе биде генерален секретар и на Армијата на Македонија.
СЕПАК ПАМЕТИ Столтенберг кажа дека бил мал кога се случил земјотресот во Скопје, но дека се уште ги памети разрушените згради.
– Во срцето на мојот татко секогаш инаше посебно место за Скопје и знам дека ќе беше почестен со именувањето на улица по него, рече Столтенберг на свеченоста која по овој повод се одржа во Градскиот парк, на која присуствуваат градоначалниците на ските скопски општини.
Столтенберг сениорот беше во Скопје уште првиот ден после земјотресот. Детската болница во Козле е сведок на неговото присуство. Беше вклучен и во мировните преговори во БиХ и за жал неговиот план не беше усвоен а потоа дојдоа стотици илјади загубени животи
На 87-годишна возраст на 13 јули таткото на генералниот секретар на НАТО. Торвалд Столтенберг (норв. Thorvald Stoltenberg; 8. јул 1931 — 13. јул 2018) бeше министер за одбране (1979—1981) и два пати министер за надворешни работи (1987—1989 и 1990-1993) водве влади на Норвешката лабуристичка партијеа. Од 1989. до 1990. беше норвешки амбасадор во ООН а во 1990. је именован за Висок комесар на ООН за бегалци а во 1993.година е је поставен за специјален представник на Генералниот екретар на ООН за некогашна Југославија а беше и копретседател на Надзорниот комитет на Меѓународната конференција за бившата Југославија.
ПОЧЕСЕН ГРАЃАНИН Његов син Јенс Столтенберг, кој деновиве повторно наш годтин, беше премијер на Норвешке, а сага ее генерален секретар на НАТО пактот. Во 2008 година на одбележувањето на 45-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Столтенберг од тогашниот градоначалник Трифун Костовски беше прогласен за почесен граѓанин на Скопје, во знак на благодарност за неговите залагања за возобновување на градот по катастрофалниот земјотрес, а особено за тоа што по негова заслуга, владата на Норвешка на Скопје му ја подарила Детската клиника за белодробни заболувања во Козле.
Во 2008 година на одбележувањето на 45-годишнината од катастрофалниот земјотрес, Столтенберг од тогашниот градоначалник Трифун Костовски беше прогласен за почесен граѓанин на Скопје во знак на благодарност за неговите залагања за возобновување на градот по катастрофалниот земјотрес, а особено за тоа што по негова заслуга, владата на Норвешка на Скопје му ја подарила Детската клиника за белодробни заболувања во Козле. Столтенберг имал исклучителни заслуги за помошта што ја добил градот Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година. Во тоа време, Столтенберг работел како Секретар во Норвешката амбасада во Белград. После веста за земјотресот, утрото на 26 јули 1963 година, Столтенберг заедно со својот колега од Данската амбасада во Белград, веднаш заминал за Скопје. Потресен од состојбата што ја видел во градот, тој ја известил Владата во Норвешка и Црвениот Крст во Норвешка, потенцирајќи ја потребата од итна помош за настраданите од тешката несреќа. Во тоа време, Норвешкиот Црвен Крст веднаш започнал со преземање на активности за испраќање на помош за настраданото Скопје. Само еден ден по земјотресот, со транспортен авион, во Скопје биле испратени 2.300 волнени ќебиња, 80 килограми антибиотици, 250 пакети за трансфузија на крв, како и 5000 пакети за прва помош. Торвалд Столтенберг ја координирал оваа хуманитарна акција на Норвешкиот Црвен крст наменета за Скопје.
Во деновите после земјотресот, во Скопје пристигнала норвешка делегација, составена од претставници на владата и претставници на невладини организации од Норвешка. Делегацијата, соочена со тешката состојба во којашто се наоѓало Скопје, ги согледала потребите и барањата на тогашните македонски и скопски власти. Како резултат на големата помош од норвешката и данската влада и Норвешкиот црвен Крст, во Скопје била изградена Детската болница за белодробни заболувања. Торвалд Столтенберг ги координирал работите поврзани со изградбата на оваа болница во Скопје, сè до нејзиното отворање во 1965 година.
„Имам само 84 години,, не е време да се повлачам” – изјавил Торвалд пред три години во интервјуто за Политика Тој тогаш ги следел активно изборните кативности од аспект на неговата Работничка партија, загрижен заради растот на десните партии насекаде, па и во неговаа земја.
Лично жали што во есента 1993 година, по барање на лордот Овен направил мировен план за БиХ кој во последен миг н е прифатен од муслиманската страна а можел да спаси поголем дел од жетвите кои настанале во следните две години. Дури потоа доаѓа Дејтонскиот оовор кој го изработиле Американците. Оснониот план ан Столтенберг пак прифатен само сега многу повеќе на штета на муслиманската страна!
Во 2014 година Стотенберг сениор ја изгуби ќерката Нини и од тогаш посебно се бори против зависноста од хероин кај луѓетов о Норвешка. „Годишно губиме 250 животи кај зависниците од хероин, што значи дека немаме успех во таа борба. Предлагал кај оние пациенти каде не помогнале ниту едни средства да минат на контролирано дозирање со хероин во таблети за да се смали криминалот на улиците и смртта од нечистиот хероин.“ – вели тој, иако имал противници во самата земја за таа активност.