Генерално, со лажните вести треба да се бориме преку вистините информации – смета професорот на Факултетот за безбедност на расправата Цивил на тема „„Дезинформациите и пропагандата во медиумите: Влијание на проруските наративи врз евроатлантската ориентација на Северна Македонија“
Од безбедносен аспект, станува збор за навистина сериозен проблем и голем предизвик за нашата држава што по членството во НАТО има сериозна обврска да гради безбедносна политика која е соодветна и иста со другите земји, членки во НАТО.
Ова засилено влијание, или таканаречена хибридна војна во медиумите, со лажните вести, започна уште пред една деценија, кога почнаа сериозно да се ладат односите помеѓу НАТО и Русија. И откога Договорот за партнерство помеѓу НАТО и Русија, стана јасно дека е нефункционален. Можеме проблемот да го согледуваме од домашен аспект, и само единствено за Македонија, но секако мораме да бидеме свесни дека ваквите прашања се и регионални прашања, и ниту една држава во регионот, не само тие кои не се членки на НАТО или Европската Унија, туку и земјите членки, се под сериозно влијание на руската погрешна пропаганда. Можеби и повеќе отколку во Македонија. Ќе направам една кратка ретроспектива за тоа што се случуваше во Црна Гора пред нивното полноправно членство во НАТО, на какви се лажни вести тие беа изложени. Голем дел од економските оператори кои работеа во Црна Гора се повлекоа, па дури и неколку дена пред референдумот за членство, се спречи и сериозен обид за напад врз власта во Црна Гора и беше спречен обид за атентат. Коешто потоа беше пренесено повеќе како лажна вест, отколку како вистина, меѓутоа, да, сериозно се влијаеше, вели Дујовски.
ПОСЕБНА ЦЕЛ НА РУСКАТА ПРОПАГАНДА – БУГАРИЈА Во овој момент, најмногу изложени на руската пропаганда и лажните вести, е Бугарија, каде што дури и во владата имаат сериозен проблем во однос на поддршката на западниот свет, односно Украина во ситуацијата, и на Русија, односно на тоа што се случува таму; премиерот мораше да го разреши министерот за одбрана, меѓутоа, тоа не го реши проблемот. Таму населението како пресечено на половина 50-50 се за поддршка на „операцијата“ во Украина и се разбира за поддршка на демократскиот свет.
Кај нас состојбата е исто така прилично лоша, воопшто не треба да ги потценуваме, иако се направија некои претходни проекти Р2 Н2 на пример програмата што ја водеа, во само еден ден се продуцираат повеќе од осумдесет лажни вести коишто пред нашето членство во НАТО па и во првите две години од членството се присутни. Според мене, официјалните медиуми не се некој голем проблем затоа што, факт е дека девет до десет лажни вести се пласираат преку медиумите што се неформални, преку социјалните мрежи, најчесто Фејсбук, Твитер итн., но тие сериозно влијаат на мислењето на граѓаните. И ние како држава мора со партнерите да градиме соодветни политики, затоа што на лажните вести можете да одговорите само со вистина.
ПРОПАГАНДАТА ВО СРБИЈА Јас во моментов на дебата сум во Србија, се враќам од Сараево преку Република Српска, и можам да ви кажам дека не само во медиумите, туку насекаде е забележливо, во делот на Република Српска, бидејќи тоа е во самото Сараево и потоа самата граница кон Република Србија, и во централна Србија, покрај патот се забележуваат многу уредени простори во коишто се заедно врзани српското и руското знаме. Посебен простор (постои) каде што пишува дека Русите и Србите се браќа и секогаш ќе останат браќа и така натаму. Тоа е една пропаганда што дефинитивно многу влијае кај луѓето.
Што се однесува до општата безбедност на Северна Македонија во контекст на војната во Украина и руската пропаганда, Дујовски вели дека таа не е нарушена.
Општата безбедност не е нарушена, но многу прашања кај нас се загрозени токму поради лажните вести што доаѓаат од Руската Федерација, и за тоа не ви се потребни докази. Може да зборуваме дека таквите влијанија, најмалку имаат реперкусии врз безбедносниот сектор затоа што тука се направија сериозни реформи, ние веќе ги имплементираме повисоките стандарди на земја членка на НАТО, но останаа многу други сфери во општеството каде што руското влијание е големо.
Во однос на руската пропаганда и влијание во образовниот процес, образовните програми во основните и средните училишта, како и на високото образование, не дозволуваат, односно не се мета на оваа пропаганда, но сепак има индивидуални влијанија од одредени наставни кадри кои со „меко“ влијание се обидуваат да ја прикажат состојбата во Украина на таканаречен „руски“ начин.
ЦЕЛ СМЕ НА РУСКАТА ПРОПАГАНДА Имаме парламентарна партија со двајца пратеници со отприлика 100 илјади гласачко тело на наредните избори, која што е отворено против членството во НАТО и отворено против интеграциите во ЕУ, и која држи тесни врски со Руската Федерација. Амбасадорот Баздникин оди во Собрание да се сретне со Апасиев од Левица. Нивното влијание во општеството е сериозно и тоа никој не смее да го потцени. Таа може да стане и втора парламентарна сила, и тоа не смееме да го потценуваме како општество. Јасно е дека со нивните идеи и ставови апсолутно ја држат руската страна, и се антизападни. За жал, властите во земјава не презедоа ништо да ја презентираат вистината, затоа граѓаните се толку подложни на лажни вести. Не се согласувам со Андоновиќ дека нема руско влијание, има, и те како има. Кај обичниот граѓанин, во внатрешноста на државата, па дури и во Скопје, тоа влијание е силно, посочува Дујовски.