Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

Д-Р ДАНИЛОВСКИ: ВО СКОПЈЕ Е МОЖНА БУБОНСКА ЧУМА

October 28, 2025 Filed Under: Македонија

ЈП ‘Комунална хигиена’ практично не функционира, а купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите. Ова веќе не е прашање на естетика, туку на јавно здравје – пишува докторот

СТАОРЦИ За 18 месеци двојка староци создава милион потомци

Епидемиологот д-р Драган Даниловски предупред дека Скопје се наоѓа во состојба на јавно-здравствена закана без преседан, оценувајќи дека колапсот на системот за собирање отпад го довел градот до „точка без повраток“. Во својата објава на социјалните мрежи, тој порача дека „Рубиконот е преминат“, откако купиштата ѓубре, глодарите и неодговорноста на институциите веќе го загрозуваат здравјето на граѓаните.

ЈП ‘Комунална хигиена’ практично не функционира, а купишта ѓубре се натрупани околу контејнерите. Ова веќе не е прашање на естетика, туку на јавно здравје“, пишува Даниловски. Според него, последниот инцидент – каснување на дете од глушец во училишен двор – е симболичен доказ за системскиот распад.

Во анализата тој предупредува дека натрупаниот отпад создал идеални услови за развој и размножување на глодари, преносители на сериозни заразни болести како лептоспироза, хантавирус и дури бубонска чума. „Стаорците се размножуваат експоненцијално – за само 18 месеци, еден пар може да даде повеќе од еден милион потомци. Во Скопје сите предуслови се исполнети: храна, вода и засолниште“, вели Даниловски.

Тој предупредува дека епидемиолошките ризици растат експоненцијално и потсетува на историски примери кога ширењето на глодари довело до катастрофални последици. „Во Средниот век, црната смрт однесе милиони животи. Денес имаме медицина и антибиотици, но би било неодговорно да дозволиме создавање биолошки резервоар на зараза во срцето на главниот град“, наведува тој.

Даниловски смета дека каснувањето на дете од глушец е „црвена линија што не смееше да се премине“, и повикува на итна реакција на сите надлежни институции. „Потребна е координирана интервенција, вклучително и можност за прогласување вонредна состојба на делови од градот – заради дезинфекција, дезинсекција и дератизација“, нагласува тој.

„Причините – организациски, политички или финансиски — стануваат ирелевантни кога се доведува во прашање здравјето и безбедноста на децата“, додава Даниловски, потсетувајќи дека правото на здравје е уставно загарантирано право на секој граѓанин.

(рацин.мк – иклусѕрацијата е на Глобус)

Filed Under: Македонија

„БУРНСТОК“, СО КОЈА МИЦКОПСКИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ, НЕ Е КОМПАНИЈА ЗА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА ТУКУ КОНСУЛТАНСКА ФИРМА
ЈОВАНОВИЌ: НА ВЛАДАТА И ОДГОВАРА ИНФЛАЦИЈАТА
ФИЛМАЏИИТЕ И НАТАМУ РЕДАТ УСПЕСИ
ШTO  ПОСТОЕЛО ПРЕД ГОЛЕМАТА ЕКСЛОЗИЈА (1)
КOГА ИЗБИРААТ ЛУЃЕ СО НАМАЛЕНА СПОСОБНОСТ ЗА РАСУДУВАЊЕ

Најново

  • „БУРНСТОК“, СО КОЈА МИЦКОПСКИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ, НЕ Е КОМПАНИЈА ЗА ВОЕНА ИНДУСТРИЈА ТУКУ КОНСУЛТАНСКА ФИРМА
  • ЈОВАНОВИЌ: НА ВЛАДАТА И ОДГОВАРА ИНФЛАЦИЈАТА
  • ФИЛМАЏИИТЕ И НАТАМУ РЕДАТ УСПЕСИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet