БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Ние треба да бидеме горди на 17 мај и на процесите што тогаш се отворија. Не, или не толку, од конкретните резултати. На тој терен има основи и за незадоволство. Но, отворен е џамот на нашите перспективи, бескрајно наивно и будаласти ми делуваат реакциите кои велат „џабе се боревме“
На 17 мај се собра и се легитимира масата која беше решила да го собори Груевски и злосторничкиот режим на вмро-дпмне.
Така и се случи.
Тој датум секогаш треба да остане ден за чествување.
Секогаш.
Затоа што тоа беше ден на избликот на желбата за слобода, правност, европскост и нормалност. За модерност на една заедница која поради невнимание или дефекти во културно-политичкото и историското образование, беше дозволила да биде смачкана.
Проблемот е во тоа што мнозинството не е во состојба на тие денови на славата да гледа како на елементи на еден или повеќе процеси, да ги гледа во нивната развојна димензија, во нивниот екстраполирачки потенцијал, туку обожава да ги гледа како еднократни и дефинитивни победи. Како зрела овошка од која се очекуваат плодови.
И крај.
Се разбира дека тоа не е и не може да биде така. Никаде не е така. Ние треба да бидеме горди на 17 мај и на процесите што тогаш се орворија. Не, или не толку, од конкретните резултати. На тој терен има основи и за незадоволство. Но, отворен е џамот на нашите перспективи, бескрајно наивно и будаласти ми делуваат реакциите кои велат: џабе се боревме, не ги испоапсија главните злосторници или нема да гласам затоа што ми збогтиса од неодговорни поединци кои оставаат пи ем честичките да си летаат и да прават паралтии пред нашите носеви.
Критиките се оправдани, се разбира, но тоа што не е оправдано е низ таа дневна перцепција да се доведува во прашање процесот кој е добар, кој е на трагата на единствените наши историски проекции.
Тоа е, драги пријатели, поради загорена кајгана куќата ја палат само будалиге или пијандурите. Па и тие ептен ако се будали или пијани. Јас, на пример, никогаш не успевам.