Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ДEНКО МАЛЕСКИ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ

December 10, 2018 Filed Under: Колумни

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Јас не сум Али Ахмети, ниту Зоран Заев, да делам комплименти и разни признанија, но сеедно, си земам слобода да кажам дека застанувам, со сета почит, надеж и страст, зад неговата кандидатура

Се сеќавате ли на филмовите во кои автобус со опљачкано богатство катастрофира на некој свиок и се клацка над длабока бездна, де ќе паѓа де нема да паѓа, во зависност од тоа дали крадецот му се доближува или се оддалечува од златото. Бандитот не сака да излезе и да си го спаси животот затоа што без рамнотежата што тој ја обезбедува златото и автобусот ќе отидат у курац, а тој ќе ја загуби смислата на своето постоење, што за него е пострашно отколку да се струполил во бездната со својот плен.
Го има тоа и кај Чаплин (таму е, мислам, некоја барака) и кај некои други автори, со тоа што во некои верзии во возилото има и заложници, обични, невини патници.
Во македонската верзија сите сме во автобусот, а Денко Малевски се јавува како минувач кој со сајлите на својот морален и интелектуален интегритет и знаење ќе треба да го врзе автобусот и да ги извлече од границата на смртта и богатството и заложниците и крадците и автобусот кој се вика Македонија.
Можеби е ова пренагласена паралела, но јас така ја доживувам идејата за Денко Малевски како консензуален кандидат за претседател на Република Северна Македонија. Како страната на благородноста која на некој волшебен начин останала да постои во една растурена и раскурцана држава и заедница, темелно разнебитена и опљачкана, морално потоната на најдолното дно. Како послание на божјето провидение во овие драматични моменти. Не претерувам. Како оаза на залутаните во пустината на животот. Како светло за ослепените, како Бах за глувите. Намерно ги употребувам овие силни метафори, кои на Денко веројатно нема да му се бендисаат, не за да ја исткнам неговата големина, зашто таа е евидентна, туку за да укажам на длабочината на нашата катастрофа и на среќата да го имаме како политичка можност и алтернатива. Не на актуелниот идиот, тоа е срамно да се прават такви споредби, туку алтернатива на пропаста, на злото, на распадот. Тој е стотката што сме ја заборавиле во некој џеб и ја наоѓаме во моментот кога немаме ебан денар.
Јас не сум Али Ахмети, ниту Зоран Заев, да делам комплименти и разни признанија, но сеедно, си земам слобода да кажам дека застанувам, со сета почит, надеж и страст, зад неговата кандидатура.

Тој е новата димензија на Македонија, тој е разликата кон која толку време се стремев и за која се борев.

 

Filed Under: Колумни

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet