Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

„ДIЏЕЈ АХМЕТ“ НА ГЕОРГИ УНКОВСКИ ОСВОИ ГРАН-ПРИ ВО ХЕРЦЕГ НОВИ

September 3, 2025 Filed Under: Ревија

Созревањето на младиот Ахмет од Јуручијата во Источна Македонија на Фестивалот во овој црногорски град беше оценета како способност да се најде виталност и емотивност од стррана на авторот

ДОБИТНИК Унковски се заблагодари на наградата и рече дека се надева дека неговиот прв филм нема да биде последен

Наградата Гран При на фестивалот – Голема Златна Мимоза на 38-от Филмски фестивал во Херцег Нови во Црна Гора му беше доделена на филмот „Диџеј Ахмет“ на режисерот Георги Унковски за, како што е соопштено, неговата способност да внесе нова виталност и емоции во наративот за созревање.Ахмет“ на Георги Унковски со Гран при на филмскиот фестивал во Херцег Нови

Како што беше најавено на затворањето на Филмскиот фестивал во Херцег Нови, жирито составено од Предраг Перишиќ – претседател, и членовите Есра Демиркиран, Маја Богоевиќ, Наташа Нинковиќ и Горчин Стојановиќ, го препознаа филмот „Диџеј Ахмет“ како искрено истражување на првата љубов и товарот на традицијата.

„Георги М. Унковски раскажува приказна која е длабоко вкоренета во културата, а во исто време резонира универзално. Главниот лик (15-годишниот Ахмет) вложува напори да ги помири традицијата и модерноста, да ги исполни соништата на својот татко, но и своите – носејќи ни длабоко личен дискурс за пронаоѓање на сопствениот глас во свет кој се обидува да го замолчи. Го наградуваме овој филм за неговата способност да внесе нова виталност и емоции во наративот за растењето“, се вели во одлуката на жирито.

Наградата Гран При му ја додели на режисерот Георги М. Унковски Стеван Копривица, професор, драматург, сценарист и уметнички директор на ФФХН.

Георги М. Унковски по тој повод рече: „Ова е мојот прв филм, се надевам дека не е и мојот последен. Ќе продолжиме да снимаме филмови дури и кога изгледа невозможно.“

 

Filed Under: Ревија

ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ
ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ
Воена парада во Кина: Путин, Ким Џонг Ун доаѓаат…
40 ГОДИНИ „БУШАВА АЗБУКА“: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ СО МУРАЛ ВО ДЕБАР МААЛО
СOВРШЕНИ ЖРТВИ (1)

Најново

  • ЗАПОЧНА СО ДИСТАНЦИРАЊЕ
  • ЕНЕРГЕТИКАТА ВО МАКЕДОНИЈА КАКО ГРЕШКА ВО ЧЕКОРИ
  • Воена парада во Кина: Путин, Ким Џонг Ун доаѓаат…

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet