СТЕФАН БОГОЕВ
Толку долга што дури оттаму ќе ги контролира градоначалниците на ВМРО – ДПМНЕ.
Враќањето во врвот на партијата на кумот и министер за финансии на Никола Груевски воопшто не е наивен чекор.
Оној кој нарача тепање на пратеници во 2012та, тој кој ги обезбеди милијардите за налудничавиот проект “Скопје 2014”, човекот од највисока доверба на Груевски и Мијалков сега ќе биде „камшикот” за вмровските градоначалници.
Ова само потврдува дека во таа партија, не само што е вкоренет груевизмот, туку истиот се негува и надградува, сокривајќи се зад ликот на професорот Мицкоски.
Мицкоски се слика во работно време злоупотребувајќи вработени од општини, промовирајќи проекти започнати од СДСМ.
Советници на ВМРО – ДПМНЕ потпишуваат меници за да бидат држени Дали под контрола и да гласаат по команда на партијата. Дали некогаш оваа партија ќе се реформира и демократизира?
Дали ќе се најде јунак да се спротивстави на ваквите груевистички политики на Конгресот на ВМРО – ДПМНЕ на 12 Декември
Дали ВМРО – ДПМНЕ ќе го следи СДСМ и ќе обезбеди непосредно гласање на целото членство
Се надевам, но за жал, не верувам.