Оваа Банка јавно кажува дека нашата земја и Грција направиле голем исчекор кон стабилизација во регионот и затоа заслужуваат награда
Потпретседателот на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Пјер Хелброн, на деловната конференција во Блед, Словенија изјави уште пред две години дека оваа Банка драстично ќе ги зголеми средствата за Македонија и Грција, пренесе Ројтерс.
– Надминувањето на спорот „отклучи“ многу проекти, бидејќи двете земји имаат желба својот политички успех да го претворат во конкретни инвестиции, изјави Хајлброн во рамки на регионалниот политички и бизнис форум што тогаш се одржа во Блед. Хајлброн најави дека ЕБРД е заинтересирана за инвестирање во трансгранични проекти меѓу Македонија и Грција, пред се во сферата на енергетиката и транспортот.
На пример во 2018 година Грција доби 630, а Македонија 50 милиони евра, но Хелброн рече дека за шесте земји од Западен Балкан заедно ќе бидат доделени по 900 милиони евра во следните 3 години. Доколку средствата бидат распределени рамномерно, според бројот на жители, тоа значи дека сслдуваат 128,5 милиони евра на секои 1 милион жители од регионот или 257 милиони евра на 2 милиони жители во земјава за 3 години. Според тоа, од овие 2,7 милијарди евра, стотици милиони евра би требало да бидат за Македонија.
ЕБРД и натаму е најголем инвеститор во земјите на западен Балкан изјави деновиве директорот на оваа Банка Сума Чакабарти, кој посоччи дека по овој основ ќе се издвојат 13 милијарди евра. Тој изјави дека Банлата ќе издвојува најмалку милијарда евра на година за регионот, но предуслов за тоа е – мирот, реформите и стабилноста. Најголема шанса за инвестиции има секторот на информатички технологии.
Европска банка за обнова и развој (англиски: European Bank for Reconstruction and Development; скратено ЕБОР или ЕБРД) – меѓународна развојна банка, која користи и употребува инвестиции како алатка за помош и поткрепа во изградбата на пазарни економии. Првично нејзината работа била насочена кон земјите од поранешниот Источен блок, но подоцна била проширена и го поддржувала развојот во демократиите во 30 земји од средна Европа и средна Азија. Покрај земји од Европа, земји-членки на ЕБОР има од вкупно пет континенти (Северна Америка, Африка, Азија и Австралија), додека најголем акционер во банката се САД, па така можеме да кажеме дека името е „грешка“. Седиштето на банката се наоѓа во Лондон, а самата банка е поседува од 64 држави и две институции на Европската унија. И покрај тоа што нејзините акционери се држави, таа најмногу инвестира во приватни претпријатија, заедно со комерцијални партнери.
ЕБОР не треба да меша со сличната банка, Европска инвестициска банка (ЕИБ), која е поседувана од земјите-членки на ЕУ и ја поддржува политиката на ЕУ.