Бугарскиот народ е колеблив народ. Проф. Евгени Даинов смета дека тој внимава да не претерува и избегнува одлучни постапки
АЛЕКСАНДАР ДЕТЕВ
ДВ: Достапни се првите проценети резултати. Дали гледате потенцијал за формирање на владејачко мнозинство во следниот парламент?
Проф. Евгени Даинов: Гледам неколку опции за малцинска влада да се потпира на поддршка од невладина партија. Очигледно нема мнозинство.
ДВ: ГЕРБ е прва. Ќе излезе ли партијата на Бојко Борисов од политичка изолација?
Проф. Евгени Даинов: Без да направат некои многу значајни промени и да дадат значителни гаранции дека повеќе нема да градат гангстерска држава, не гледам како ќе излезат од изолација. Затоа, ситуацијата според мене е застој.
ДВ: „Преродба“ е единствената партија која забележа сериозен раст и го удвои својот резултат. Како го објаснувате ова?
Проф. Евгени Даинов: Конечно, во бугарскиот политички систем се појави тема, која не вели срамежливо дека е подобро да се биде надвор од Европската унија, туку отворено кажува – подобро е да се биде во Советскиот Сојуз. Нормално, тие ќе го зголемат својот резултат. Добро е што луѓето кои сакаат да бидеме дел од Советскиот Сојуз не се повеќе од 10%. Досега ова гласање беше расфрлано меѓу многу други партии.
ДВ: Кој е најголемиот ризик?
Проф. Евгениј Даинов: Најголем ризик е малцинската влада која ќе ги размрда работите, ќе управува со нас, а зад неа донекаде ќе си ја поврати силата озборувањето и бандитскиот модел. Но, не може целосно да се врати. Војната промени сè. Не само геополитички, туку и на домашен план.
Ризикот е од бесопатиа и од занесување во одот. Бугарскиот народ само три пати избираше решително реформски влади – на Филип Димитров, Иван Костов и Кирил Петков. Бугарскиот народ е колеблив народ. Се грижи да нема промени и избегнува решителни акции. Затоа, по овие споменати влади нема промени.
ДВ: Каде згрешија од „Продолжуваме со промената“?
Проф. Евгениј Даинов: Да не заборавиме дека целиот ќуп на валкани медиуми и целата машина за масакрирање е лансирана лично против Кирил Петков. Ова веднаш ја симна поддршката. И додавајќи дека ова е прва кампања што морале да ја водат сериозно, а не да бидат на врвот на Мексиканскиот бран. Немаат искуство. А ако се додаде и стратешката грешка што не сме заедно со „Демократска Бугарија“ стигнуваме до оние 4-5% што има недосртасуваат.
ДВ: Дали крајот на изборната кампања означува почеток на новата?
Проф. Евгени Даинов: Се сомневам дека некоја влада, колку и да е беспомошна, ќе постои. Без да се зарекувам.