Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕВГЕНИЈ МАЛОЛЕТКА: ГО ФОТОГРАФИРАЛ ЗЛОТО НАПРАВЕНО ОД РУСИТЕ

December 20, 2022 Filed Under: Свет

Тој е фотографот кој ги сними злосторствата на Русите во Мариупол: Евгениј Малолетка, кој веќе има добиено голем број награди. „Русите тврдеа дека нашата работа е лажна, не прогласија за информатички терористи. Но, тие секогаш го прават тоа“. Интервју за Дојче веле

МАЛОЛЕТКА Важно е да останете луѓе – бидејќи за жал сите се навикнавме на овој ужас. Но, мислам дека има моќ во вистината

ИГОР БУРДИХА

Од почетокот на војната во Украина, заедно со Мстислав Чернов, сте добиле голем број награди за вашата работа во Мариупол. Дали ти се мешаат во работата?

Евгениј Малолетка: Не е лесно. Но, ние не се номинираме – не номинираат новинарски организации. Работата во Мариупол беше навистина историска – затоа ја оценија толку високо и доделуваа награди. Нам, од наша страна, ни е мило што на овој начин го привлекуваме вниманието на трагедијата во Мариупол и на војната во Украина воопшто.

Од Мариупол, многумина не препознаваат и ни се заблагодаруваат за она што го направивме. Но, ние работевме исто како и другите новинари и продолжуваме да работиме така. Важно е да не застанете и да продолжите да ги прикажувате страшните настани што се случуваат.

Штотуку се вративте од Херсон. Како е таму?

– Работев таму последните десет дена. Има многу траги од воени злосторства, многу минирани области, бескрајно гранатирање… Постојано слушате експлозии. Ситуацијата е многу далеку од нормална – како и во другите градови блиску до фронтот. Луѓето умираат секој ден, исто како и денес.

Оние кои решиле да останат таму се обидуваат некако да си го нормализираат животот. Видовме, на пример, враќање на бизниси кои не сакаа да работат во услови на окупација. Луѓето се надеваат дека промените ќе бидат на подобро. А еден од цитатите што често се слуша е: подобро да се живее под оган отколку под окупација.

Сите се надеваме дека нашата земја ќе биде ослободена од окупацијата и се’ ќе биде во ред – сите сакаме да си одиме дома. Ова е нашата главна задача – да победиме и да си ги вратиме животите, да си го вратиме домот. Се надевам дека ќе го поминеме ова без да се пролее премногу крв. Затоа што премногу наши момчиња умираат секојдневно.

СЦЕНА ОД ФРОНТОТ Украински вод наидува на трупот на соборец

Работата на воените новинари е многу ризична. Што би ги советувале вашите колеги?

– Не можеш 100 отсто да се подготвиш за војна, не можеш да бидеш 100 отсто да си сигурен дека се’ ќе биде во ред, дека токму кога си на првата линија, сè ќе оди без проблеми. Ми се чини дека сите колеги кои одат во војна разбираат колку е голем ризикот да ги загубат животите. Мој совет е: подгответе се за најлошото што можете да го замислите, но надевајте се на најдоброто.

Русите во Мариупол најавија своевидна награда за вашата глава по објавите за нападот на породилиштето. Дали ова влијаеше на вашата понатамошна работа?

– Сè уште внимателно ја следат нашата работа. Таа доби признание, но од друга страна наиде на многу силен руски напад. Троловите на социјалните мрежи, дипломатите и функционерите тврдеа дека нашата работа е лажна, не прогласија за информативни терористи. Тие секогаш го прават тоа. Нивната задача е да ги побиваат фактите, за што ги користат сите свои ресурси. Но, ние само продолжуваме да работиме.

ПРЕД ПОРОДУВАЊЕТО На влезот во болницата каде оваа жена, под удар на непријателскиот оган треба да се породи

Колку е силно, според Вас, влијанието на руската дезинформација на окупираните територии? Дали луѓето навистина се лишени од можноста да ја слушнат вистината за војната, за настаните во Украина?

–  Самиот почеток на војната – првите експлозии и првите бомбардирања на границите – беа придружени со голем информативен напад. Истиот беше исполнет со неверојатна количина фалсификати, со употреба на инсценирање, архиви кои го затнаа интернетот и создаваа паника кај луѓето. Сето тоа беше направено за да се исплашат Украинците и да мислат дека Киев е освоен во првите часови, дека владата побегнала. Сето тоа беше дел од голем план.

И повеќето луѓе не ги проверуваат вестите што стигнуваат до нив – немаат толку време и ресурси или знаење како нашите новинари. Тие имаат тенденција да веруваат во она што го гледаат или, напротив, да се сомневаат во апсолутно сè. Кога бевме во Мариупол, мештаните не запреа и не прашаа – дали е вистина дека руските тенкови се веќе во центарот на Киев? Во нивниот стрес, луѓето се подготвени да веруваат во првото нешто што го пробива информативниот вакуум.

Што најмногу ве загрижи овие девет месеци?

– Во принцип, војната не може да остави никого рамнодушен. Затоа што дури и кога читате бројки во вашата земја, разбирате дека зад нив стојат човечки животи, деца, старци. Украинците се убивани секој ден. Сè уште не можам да го сфатам ова ниво на суровост што не познава граници. До денес се обидуваат да го скријат тоа, но тоа е невозможно. Не е можно да се заколат околу 100.000 луѓе во Мариупол, во Изум и тоа да се сокрие. Пукање за забава во приватните автомобили во кои луѓето се обидуваат да избегаат… Кршење на черепот на маж во Херсон кој едноставно не би им го дал својот автомобил. Овие места на тортура кои се наоѓаат во секој ослободен од окупацијата град… Но, најлошото е што крајот на сето ова не се гледа.

Важно е да останете луѓе – бидејќи за жал сите се навикнавме на овој ужас. Но, мислам дека има моќ во вистината. А новинарството е едно од алатките на оваа вистина, затоа е особено важно сега. Важно е да им кажеме на Украинците и на целиот свет за ова зло што се случува. Тоа мора да се документира, да остане во историјата, а тоа е и наша задача.

ИМИТАЦИЈА НА НОРМАЛНОТО Ова деввојче во скривницата се обидува да направи детска соба

На 12 декември, Евгениј Малолетка и Мстислав Чернов ја добија наградата „За слободата на печатот“ на меѓународната организација „Репортери без граници“. Во јуни 2022 година, на двајцата им беше доделена и наградата за слобода на говор на државната влада за нивните информации и извештаи од Мариупол во февруари и март 2022 година.

 

Filed Under: Свет

СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ
БЛАГОЈ МИЦЕВСКИ (2): ИДЕНТИТЕТИ – БУДЕЊЕ И УМЕТНИЧКАТА СОРАБОТКА СО РИСИМА РИСИМКИН
СТУДЕНТИТЕ И ГО ОДЗЕДОА ВИДОВДЕН НА ВЛАСТА

Најново

  • СДСМ НА МЕЃУНАРОДНА СЦЕНА ГИ БРАНИ НАЦИОНАЛНИТЕ ИНТЕРЕСИ А ВЛАДАТА?
  • ОРДАНОСКИ: ВОЈНАТА ВО УКРАИНА ГОДИНАВА НЕМА ДА ЗАВРШИ, РУСИЈА НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА НАТО
  • ИСТОРИСКИ МОМЕНТ ЗА ДЕМОКРАТИТЕ ВО ЊУЈОРК: КОЈ Е ЗОХРАН МАМДАНИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet