Ревизорскиот извештај на Државна ревизија за 2017 (Годишен извештај 2017) година укажува дека средства што граѓаните месечно ги издвојуваат на име на улично осветлување се повеќе од 2 милиона евра на сметка на ЕВН, односно повеќе од 27 милиони евра годишно не се трошат транспарентно
АЛЕКСАНДАР ПИСАРЕВ
Граѓаните на Република Македонија и правните субјекти секој месец на име комунална такса за улично осветлување уплаќаат во просек месечно повеќе од 2 милиона евра на ЕВН, односно повеќе од 27 милиони евра годишно.
Средства, кои понатаму ЕВН треба до денар да им ги врати на општините за подобрување на инфраструктура во уличното освелување кое, според законот, е во надлежност на општините.
ПО ТРАГИТЕ НА ЕДЕН РЕВИЗОРСКИ ИЗВЕШТАЈ Ревизорскиот извештај на Државна ревизија за 2017 (Годишен извештај 2017) година укажува дека овие средства нетранспарентно се објавуват, дека општинините немат целосен увид во точната сума на уплатените средства од страна на граѓаните и деловните субјекти и дека со право можат да се сомневат во висината на точниот износ кој ЕВН го предстваува и го префрла на нивните сметки.
Таксата за улично осветлување се наплаќа на секој регистриран струјомер во висина од 149 денари за домаќинствата и 278 денари за деловните субјекти.
Сè би било во ред и транспарентно кога ЕВН би се согласила да каже колку струјомери се регистрирани на територија на секоја општина. Така секоја општина би знаела со колку средства во буџетот месечно располага за оваа намена.
Покрај сите барања, молби, жалби, состаноци, работни групи, заклучоци… ЕВН, од превземањето на државната компанија ЕСМ (Електростопанство на Македонија) и понатаму го крие овој податок од општините, а граѓаните со право негодуват до единиците на локалната самоуправа и прашуват- кој е виновен за темните улици.
Да одиме по ред
Во текот на истражувањето се обративме до сите релевантни фактори за да ги откриеме причините и да ја подигнеме видливоста на овој проблем со што би помогнале тој да се реши во полза на граѓаните и јавниот интерес.
СЕРИОЗНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Државниот завод за ревизија (ДЗР) експлицитно во својот извештај констатира меѓу другото: „По основ на комунална такса за улично осветлување, општините во Република Македонија од страна на ЕВН Македонија АД Скопје не добиваат податоци за: бројот на обврзници по категории (број на броила) согласно тарифниот број 10 од Законот за комуналните такси; извештај за месечниот износ на прибраните средства поединечно и кумулативно; шестмесечен извештај за реалната состојба со бројот на броилата и известување за ненаплатени побарувања по основ на оваа комунална такса.
Имено, во постојниот Закон за комунални такси не е пропишана обврска на доставување на наведените податоци, а за надминување на оваа состојба од страна на ЕВН Македонија и ЗЕЛС е склучен Меморандум за соработка. И покрај склучениот Меморандум за соработка помеѓу ЗЕЛС и ЕВН Македонија АД Скопје, од страна на ЕВН не се почитуваат договорените обврски од член 6 од Меморандумот за доставување на горенаведените податоци и извештаи. Ефектите од вака воспоставената пракса се рефлектираат на комплетноста и точноста на остварените приходи по овој основ, кои општините ги евидентираат во сметководството единствено како прилив без конкретни податоци за истиот. Со цел да се обезбеди комплетност и транспарентност во наплатата на сопствените приходи на општините, ревизијата смета дека е потребно законодавецот да изврши дополнување на законското решение во функција на надминување на истакнатите слабости. Согласно Закон за државна ревизија ЕВН требаше во рок од 90 дена да го извести ДЗР за превземените мерки во врска со наодите и препораките што нее направено“. (Годишен извештај 2017, поглавје Комунални такси, стр.56).
ОБЈАСНУВАЊА ВО ДЗР На оваа тема разговаравме со Љиљана Стојанова помошник на главен државен ревизор, и Јадранка Бошкоска, советник на главниот државен ревизир за ревизија.
„Тоа што го прави ЕВН е резултата на системска слабост во Законот за комунални такси посебно во делот кој се однесува на средствата за јавно осветлување кои ЕВН ги наплатува од граѓаните. На овој начин општините се на некој начин оштетени, бидејки не им се прикажуват транспарентно прибраните средства од страна на ЕВН а општинте немат можност да влезат во документрација на ЕВН и да проверат колку средства се наплатени на територија на нивната општина од граѓаните на име Комунална такса за улично осветлување. Од тој аспект општините кога добиват приходи кои им ги префрла ЕВН се паушални износи и општините не знат и немат увид колку броила има на нивна територија, колку на име комунана такса се наплатени средства и дали таа сума е идентична со она која ЕВН им ја префрла за одржавање на уличното осветлување“, вели Љиљана Стојановска помошник на главен државен ревизор.
Се добива впечаток дека ЕВН на општините им префрла само онолку средства колку им е доволно да ги платат сметките за потрошена електрична енергија на име улично осветлување. Но не се работи само за покривање на сметките за струја потрошена за улично осветлување, туку општините од тие пари треба да вложуват и во инфратструктура и нови инсталации и подобрување на улично осветлување. Во поедини општини во тек е интензивна градежна активност, се вселуват станари во нови згради а со тоа се зголемува и бројот на нови корисници на елекгтрична енергија и нови обврзници кои треба да ја плаќат комуналната такса за уличното осветлување. Меѓутоа, општините со месеци добиват паушален износ од страна на ЕВН. ЗЕЛС некако успеал да го убеди ЕВН да потпишат меморандум за потранспарентна работа во овој сегмент, но тој не се почитува од страна на ЕВН. Затоа општините и барат спецификација колку ЕВН има корисниците – регистрирани струјомери и колку добива секој месец од секоја општина по оваа обврска.
БЕЗ МЕХАНИЗМИ „Ние како ДЗР немаме механизми да наредиме или да санкционираме некого, нашиот извештај констатира и предупредува, дава мислење како да се воспостави подобра соработка помеѓу ЕВН и општините. Врз основа на извршена ревизија ние констаираме дека постојат пропусти и препорачуваме како проблемот да се реши, како што е констатирано и во нашиот извештај препораките од страна на ЕВН не се прифатени. Единствено решение и излез од оваа ситуација е како што сме заклучиле и во извештајот на ДЗР за 2017 година да се покрене постапка со која ЕВН ке биде приморана транспаретно да ги нформира општините за точен износ на наплатената такса да ги информира општините за точен број на регистрирани струјомери и секој месец на сметка на општините да уплатува точен износ на наплатена Комунална такса за ова намена“ вели Стојанова.
Излез од оваа ситуација, како што е препорачано и извештајот на ДЗР за 2017 година општините, ЗЕЛС и ЕВН и законодавецот да седнат на заедничка маса и да се обидат решението да го пронајдат во измена на законската регулатива според која се наплатува комуналната такса за улично осветлување.
(продолжува во следниот број)