Ревизорскиот извештај на Државна ревизија за 2017 (Годишен извештај 2017) година укажува дека средства што граѓаните месечно ги издвојуваат на име на улично осветлување се повеќе од 2 милиона евра на сметка на ЕВН, односно повеќе од 27 милиони евра годишно не се трошат транспарентно
АЛЕКСАНДАР ПИСАРЕВ
Повикувајки се на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер се обидовме од ЕВН да добиеме методологија според која секој месец одредуват висина на средствата кои им се префрлуватат на општинските сметки за редовно одржување на улично осветлувања. На првото барање се обидоа да да ни „фрлат прашина во очи“ и добивме одговор и на прашање кое не сме го поставиле. Во писмениот одговор од 20 декември минатата година потпишано од Маја Димитриевиќ Митовска, правник во ЕВН, ЕВН се повикува на Закон за комунални такси и објаснува: „Во врска со вашето барање за пристап до информации од јавен карактер, ве известуваме дека во Закон за комунални такси (Службен весник на РМ бр. (наведени се сите бројеви) во член 20, Комуналните такси се плаќаат според Законски предвидена тарифа за комунални такси, Тарифен број 10 кој го уредува користењето и одржувањето на јавното осветлување според типот на потрошувачите. Имено наплатата на таксата за користење и одржување јавно осветлување ја врши Трговското друштво за дистрибуција на електрична енергија и истата ја уплатува на Општините, Општините на град Скопје на чије подрачје е извршена наплата“.
ЕВН ЈА КРИЕ ВИСТИНАТА Практично ни објаснија она што и ние и граѓаните го знаеме, дека мора да се плаќа редовно комунална такса за улично осветлување и дека тие пари се префрлуваат на општините. Но ние баравме одговор по која методологија ЕВН ја одредува сумата на пари кои се префрлаат на општините, бидејќи таа очигледно не е компатибилна со бројот на потрошувачи на електрична енергија по општините. Незадоволни од овој одговор, повторно се обративме до ЕВН повикувајќи се уште еднаш на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, јасно нагласувајќи им дека бараме да ни ја објаснат Методологија според која ја одредуват висината на средствата што месечно ги уплааќаат на сметка на секоја општина на име одржување на улично осветлување.
На 31 декември минатата година, од истата правничка во ЕВН, во писмена форма, преку мејл го добивме следниот одговор: „Ве известуваме дека нема посебна методологија врз основа на која ЕВН одредува колкав износ ќе префрли на општините, туку целокупниот наплатен износ по основа на комунална такса на месечна основа се префрла на соодветна општина, согласно Закон за Комунални такси“, со потпис – Службено лице за посредување при остварување на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, дипл. правник Маја Димитриевиќ Митовска.
ШТО ВЕЛИ ЗАКОНОТ ЗА КОМУНАЛКНИ ТАКСИ Општи одредби Член 1. Со овој закон се уредуваат комуналните такси што се плаќаат за користење на определени права, предмети и услуги од јавен интерес од локално значење од страна на правните и физичките лица кои вршат дејност и од граѓаните. Под корисник на јавно осветлување од ставот (1) точка 10 на овој член се подразбира секој имател на броило од категоријата „домаќинство” и секој имател на броило од категоријата „останата потрошувачка”. Обврзник на комунална такса Член 4 Обврзник на комунална такса е физичко и правно лице и граѓаните кои користат определени права, предмети и услуги за чие користење е пропишано плаќање на комунална такса. Определување на висината на комуналната такса Член 5 (став 1). Комуналните такси се утврдуваат во еднаква висина за сите обврзници кои вршат иста дејност или занимање, односно за сите обврзници од иста категорија. Според Законот за комунални такси, граѓаните и првни лица на секое регисгрирано броило за потрошена електрична енергија должни се на ЕВН месечно да плаќаат 149 денара за домаќинства и 278 денара за броила регистрирана на име правни лица.
Според минатогодишните податоците на Државен завод за статистика во Македонија се регистрирани околу 71.500 активни деловни субјекти, а според пописот на станови, домаќинства има околу 800.000. Претпоставуваме дека секој стан има струјомер и обврска за плаќање на комунална такса за улично осветлување. Ако овие бројки се помножат со висината на комуналната такса, излегува дека ЕВН секој месец по овој основ инаксира од граѓаните и правните лица (трговски друштва) повеќе од два милиони евра, или годишно повеке од 27 милиони евра средства кои треба да бидат вратени на општините за да улиците на нивната територија не бидат во темнина.
ЗЕЛС ВО БИТКА СО ЕВН Интересите на 81 општина во Македонија во овој повеќе од една деценија стар спор на релација ЕВН општини се обидува да ги заштити и ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа).
„Изморени сме од маратонски состаноци, ад -хок комисии, заклучоци, меморандуми … Уште од 2006 година, веднаш по потпишувањето на договорот помеѓу Владата и ЕВН почнаа проблемите на релација ЕВН-општини. Општините кои сами инвестирале во одредени капацитети за редовно снабдување на граѓаните со електрична енергија, граделе инфраструктура за улично осветлување, трафо станици… се најдоа во ситуаиција сето тоа да го подарат на ЕВН и да плаќаат за одржување“, вели Душица Перишиќ извршен директор на Заједница на единиците на локална самоуправа на Република Mакедонија (ЗЕЛС).
Конечно во 2015 и 2016 година, по безброј состаноци на ад -хок комисии, ЕВН се согласила да ги достави до ЗЕЛС бараните податоци, односно да воспостави софтер преку кој ЗЕЛС и општините ќе имат увид во број на регистрирани струјомери на територијата на секоја општина, односно ќе знаат колку корисници од нивна општина заедно со сметката за струја плаќаат и комунална такса за улично осветлување и колку пари можат да очекуват од ЕВН. Заеднички било заклучено дека тоа е и практично и правично решение. На тој начин општините би можеле транспарентно да се појават пред своите граѓани и да им објаснат со кои суми на пари располагааат секој месец за улично осветлување. Меѓутоа, од 2015 година до денес општините и ЗЕЛС немат увид во тој систем, практично се измамени од страна на ЕВН.
„Последната информација која од ЕВН пристигна во ЗЕЛС е дека не можат да обезбедат увид во овие податоци бидејќи на тој начин би се повредил Законот за заштита на лични податоци на граѓаните“, вели Перишиќ.
(продолжува)