Авторката на книгата „Низ светот со 80 возови ви нуди соввети како да ја запознаете Европа
Љубителите на железницата, од кои многумина тоа станале со првиот контакт со ова превозно средство, ќе ви каже дека не постои начин да се запознаеш со земјите и нивните уникатни пејзажи од погледот низ прозорецот на возот во движење.За оние на кои им треба малку повеќе убедување дека патувањето со воз е уникатно искуство, светскиот патник Мониша Рајес, која е автор на книгата „Околу светот со 80 возови” ги претстави првите 9 железнички правци во Европа, што се совршени за патување со воз, не само затоа што нудат волшебни пејсажи, но, исто така,заради фактот дека законодавството на ЕУ е исклучително посветено на заштитата на правата на патници со воз.1. Шкотска: планински пат од Глазгов до Малиг
Почнувајќи од Квин Стрит железничка станица во Глазгов, возот ја следи реката Клајд во северозападниот дел, пред да скрене од главниот пат и да ги преземе патниците од шкотската дивина без патишта, автомобили, а често и без луѓе. Опкружен со долини и падините украсени со области на грмушки со виолетови цветови, врз кои ниските облаци фрлаат сенки, возот наскоро ќе почне да оди цик-цак околу езерот,о чија површина е сребрена, како огледало, не одвојувајќи се од стрмните падини, опкружен со борови дрвја.
По кратко време, по следната точка, малото шкотско село Таиндрама, познатата туристичка локација, главно поради тоа што е неизбежна станица, возот се врти низ крива пруга во форма на потковица во подножјето на планината Бен Доран, пред возот да стигне во градот Форт Вилијам. На крајот на неговиот пат возот минува долж една од најпрепознатливите делови од железничката пруга во светот: вијадуктот Гленфинан на езерото Шиел, каде Хари Потер и неговите пријатели се возеа со Хогарт експрес.
- Португалија:: вкусот на португалските вина
Железничката пруга низ долината на реката Дуро и лозјата кои се создадени да задоволат секакви вкусови на љубителите на виното, нуди тричасовно патување, Поминувањето низ долината на реката Дуро озозможува да се види каде се создаваат најдобрите вина и како се обработува грозјето. Секако и да се пробаат некои од добиените вина..
Опремени со полирани дрвени клупи, со широко отворени прозорци, историската парна локомотива hisses поминува преку широката река Дуро, потоа низ градовите Регуа, Пињао, се до станицата Туа, од каде потоа се враќа низ истата патека. Во текот на целото патување, локалните музичари ве забавуваат свирејќи на тапани, гитара и хармоника, додек пиете порто.
- Италија: оживеана легенда
Ескпресниот воз Венеција-Симплон Ориент Експрес поаѓа од Лондон и оживува една стара легенда. Во форма на еден од своите луксузни возови, компанијата Белмонд го оживува Ориент експресот, во својата варијанта познат како Венеција Симплон Ориент експрес, имитирајќи го златното време на патувањето. Додека паѓа мрак на венецијански канали, патници на овој воз патуваат во текот на ноќта, во посебниот воз, украасен со лен и дамаск, со светилки во Арт Деко стил, што трепка низ прозорецот.
Дами облечени во розов шифон, со бисери околу вратот, на оваа линија, може да ги видите како вечераат јастог со шери, додека ветровите укажуваат дека се минува низ италијанските Доломити. И кога паѓа ноќта, ќе уживаате во погледот, гледајќи го синкавиот снег во австриските Алпи, на чии падини светат бунгаловите, собрани како гроздови на златни топки . Во сонот чувствувате благо лулање и се будите во Париз, каде што добивате за појадок свежо печени кроасани, заедно со топло кафе.
- Франција: од Кана до Монако во двоспратен воз
Главно се полни со средношколци, и баби и дедовци шопингхолици, кои на нозете имаат сандали, во рацете држат хартиена кеса во најмалку еден багет, па возот минува низ целата француска ривиера. Кан гов поврзува со прекрасниот град Вентимилја. Забрзувајќи додека минува по брегот на треперливото лигурско море, овој даблдекер воз овозможува воаерско шпионирање на пливачите, тинејџери кои играат одбојка и продавачи на сладолед и топли вафли.
Поминувајќи и стоејќи кај станици сите оковани во розова бугенвилија, возот ќе мине и крај Ница и Монако, покрај морето што ѕирка меѓу станбените блокови, додека не заврши во последната станица, веќе на италијанскиот брег.
- Швајцарија: глечер еспресо од Чермат до Св. Мориц
Глечер по име и со глацијални природа, преку која минува, на оваа турнеја е наменет за љубителите на возови, кои патуваат до позната крајна дестинација. По заминувањето од ски одморалиште Цермат, после појадокот, серијата на црвени вагони ќе плови меѓу врвовите оковани во мраз, на Пенинските Алпи – Матерхорн, па потоа осум часови ќе меандрира низ кантоните Вале, Ури и Грубенхоен, па низ кањононот на Рајна, поминувајќи ја глацијалната Рона, пред пристигнувањето во Сен Мориц.
Со прозорци од подот до таванот, возот нуди панорамски поглед на алпски ливад, дрвени бунгалови и говеда кои пасат на падините на планината. Иако ова прекрасно патување со воз е препорачливо во секое време од годината, сепак е најубаво во пролет, кога полиња се покриени со тепих на виолетови цветови, секогаш привлчен од алпските врвови на планините со треперлива снег.
- Норвешка: во длабочината на фјордовите
За помалку од 100 минути возење по пругата од Реума до Донбас, можете да минете низ непознати предели, сурово убави и да го запознаете духот на оваа земја. Уште додека сте на станицата Реума вашпит еочекувања се надминати а секој пат патниците возот ги носи во длабочините на норвешки фјордови и шуми, планини и реки.
Возот лета крај ливади преполни со пеперутки, меандрирајќи меѓу карпи и рева на водата под мостовите, практично реката Грин Ровер Раума грми под шините. Сепак, најдобро време да се патуваат е во текот на зимата, кога покриените со снег зимзелени дрвја, низ водопади изгледаат како сребрена жица обрабена надолу по планината, каде ниското сонце ги претвора нивните врвови во меки праски..
- Италија: Чинкве тера низ лигурските села
Најдобро позната по своите козји патеки, серија од пет лигурски села најдобро може да се види од прозорецот на возот кој се движи од Левант до Ла Специја, преку станиците Маре, Вернак, Кормилја, Монорола и Риомаџоре. Возот постојано влегува и излегува од многубројните тунели, возот лета меѓу тие села кои се многу шаренолики.
Додека поминува низ терасовидни лозја, се слуша дека некаде под морето го напаѓа ѕидот, а во вечерните часови мирисот на лимони се шири во топлиот воздух. Ако ова не ви е доволно за веднаш да си резервира место во еден од возовите што ќе ве однесе на ова патување, оние кои веќе се во возот велат дека ова е едно од најромантичните места низ кои минале.
- Шпанија: Кратко патување од Барселона до Монтсерат
Кога ќе патувате во Барселона, а ст исцрпување од предјадењата, музеи, плажите и бутици, еден од најдобрите начини за да го поминете попладнето е да одвоите време за еднодневно патување, што вклучува кратка посета на планините и на Националниот парк Монсерат. За само неколку минути, возот ќе го напушти градот, ќе се ослободи од предградијата и ќе лета низ масивната маса на расфрлани карпи, кои изгледаат како гигантски парчиња од зелени ѕидови.
Со поглед од кои ви се врти во главата, низ мрачните полиња и крошните под кои се наѕираат црвените покриви на куќите, стигнувате до подножјето на планината, каде патниците можат да одат до манастирот или низ планинските патеки низ кои сакаат да пешачат со жицарници во форма на корпи.
- Србија и Црна Гора: пруга со 254 тунели и 435 мостови
Да, знаеме дека повеќе ова не е иста земја, но ова е ситуација во која тие земји не можат да се одвојат. Дел од наследството на Тито беше и проектот за поврзување на српскиот главен град со јадранскиот брег и денес возот вози низ една од најпознатите тури, кои се сепак потценети во Европа. Авантуристите треба однапред да се согласат за превоз со вревливи, стари и клацкави возови, кои нудат десет часови одење низ 254 тунели и преку 435 мостови.
Оние кои не ја имаат можноста допрва треба да резервираат кревет за спиење, да си облечат топли чорапи и кога можат да седат до прозорецот со чаша топол чај. (Со оглед на тоа што може да се резервираат билети тоа веднаш, преку мобилни апликации, буквално се немаат повеќе изговори туристите да не заминат по патеката). Железницата накусо минува и низ Босна, поминува низ полиња и шуми, но не заборавајте да останете будни кога возот ќе минува преку Црна Гора и да уживате во сценографијата составена од сцените на снежните како чипка врвови на планините, прошарани со реки и да гледате по должината на брегот на Јадранското Море, непосредно пред да стигнете до Бар.