Погрешна е тезата дека Борисов падна заради „македонскиот штит“ со кој го бранеше своето владеење. Бугарија има клима на општата корупција и со недемократскиот амбиент а ГЕРБ дури бара помош од Брисел. Како ова ја сензибилизира кризата на Софија со Скопје?
ЉУБОМИР КОСТОВСКИ
Првиот јунски ден од аспект на македонско – бугарскиот спор донесе сознанија дека еден од актерите на спорот и потписник на договорот меѓу двата соседи за пријателство – експремиерот Бојко Борисов има многу темни перспективи кога се работи за неговата политичка перспектива, туку и за неговата слобода, бидејќи техничката влада во Софија најави истрага. Вчера угледниот неделник Капитал објави на својот сајт дека заменик на премиерот и министер за внатрешни на Бугарија Бојко Рашков нема да го притвори Борисов за нетовите коруптивни дејствија.
Отпрвин прав подигна обвиненијата на дел од политичкиот спектар (Атанас Атанасов)м дека континуирано биле прислушкувани 32 политичари од опозицијата. Високите полициски функционери во овие недели се на годишен одмор (колективен?) па нивната „доброволна средба“ со претседателот на државата Радев ја прави невозможна, што отвора можност за примена на поенергични форми во истрагата, од што се исплаши и Борисов! Не, нема потреба од страв рече викендов Рашков, бидејќи тој не само што има пратенички имунитет, туку и „апсолутен имунитет“ бидејќи јавниот обвинител му се обраќал на Борисов со „шефе“.
Зошто е за нас битен овој момент од бугарското секојдневие? Оттаму што кај нас собитијата кај источниот сосед се гледаат исклучиво низ призманата на тамошниот историски империјализам, кој оваа земја до сега скапо ја чинел, но не и доволно за таму да се одрекнат од историскиот товар на „македонското прашање“. Што значи постојниот конфликт под Витоша за нашите сознанија?
Најпрвин, оваа ситуација е само потврда на фактот дека Борисов се лизга низ политичката трамбулина кон поголем неуспех на изборниот репесаж. Што значи тоа во услови на предизборни премрежија за сите партии во Бугарија, кога ниту една партија не може ништо да повлече напред во било кој поглед? Дали некоја од нив сега би можела да ја пресврти симпатијата на гласачкото тело кон себе? И конечно дали може да се очекува европеизација на климата во оваа земја полна балкански кошмари?
Понатаму, се создава клима на извесно попуштање кон Брисел. Просто гледано зависноста од Брисел расте – посетата на европските институции на Радев не заврши славно за него. (Друго е што некои наши телевизии како да работеа во некој негов пропаганден штаб – како само беше прикажан неговиот од по црвен килим во Брисел кон новинарите, одење кое траеше барем една телевизиска минута, за да се нагласи неговата наводна непоколебливост и стаменост!). Тој таму изјави дека веројатно ќе мора да се тргне блокадата кон Македонија кон преговорите и на два пати подвлече дека од сите земји му вршат притисок за тоа.
Јасно, како и Захариева во ноември и Радев сега свири на друг кавал кога ќе дојде дома или на скопскиот аеродром, но факт е дека климата сега се менува и заради жалбите на Борисов во Брисел дека се готви негово апсење го муртат секако лицето на европските одговорни функционери. Им ги одврзуваат ли со тоа рацете на оние кои ќе продолжат со притисокот.
Конечно, Софија се прикажува со лице кое до сега беше покриено со фереџето на неовластеноста на постојните институции за покрупни чекори во време пред обновени избори. Ама на внатрешен план се прават крупни чекори како покренување на истрага против Борисов, зарем тоа не значи дека постои лицемерие кај дел од бугарскиот естаблишмент во однос на македонското прашање. Впрочем и однесувањето на бугарскиот дел од историската комисија, како што открија некои детали од страна на нашите членови на тоа тело јасно укажува на потребата да се враѓаат на веќе етаблирани теми, што пак треба со еден вид лажни докази да ја подвлекува кризата во нашите односи!?
Што има ново кај македонската стратегија во однос на софиската несоница?
Од она што се случува во МНР во последно време јасно е дека брзо еродира функционалноста на Османи во спроведувањето на владините политики. Поактивното вклучување на министерот за евроинтеграции Димитров покажува дека и во зградата на Влада се менува перцепцијата кон успешноста на надворешната политика во време кога содржината на песочниот часовник бргу истекува. Но, да се вратиме на последното интервју на Димитров за Радио Слободна Европа.
Накусо, тој се залага за издвојување на работата на Комисдијата за историски прашања од постојниот багаж за започнување на пристапни преговори во контекст на ефективноста нан идните – какошто ги нарекува – патокази кои ќе дојдат од ЕУ. Ова просто кажано значи дека Бугарија ќе го тргне ветото и преговорите ќе почнат, за потоа за секој напредок евентуално би имале, иако тоа Димитров не го не го кажа отворено, одново нови сопки кои веројатн о би се решавакле во од и без толкава доза на ултимативност од бугарска страна.
Оваа идеја веројатно дава единствен простор за „разумен компромис“ кој би се голтнал во овие две наредни недели. Клучниот ров е барањето на Софија да нема мешање на трет фактор (Брисел) а нашето барање тој да стане одлучувачки. Во интервјуто на Димитров тоа е најзначајниот елемент во патоказот ама по изјавата на Заев дека „сами ќе си ги решаваме работите“ се чини дека сакаме самите да си го сечеме дрвото на кое стоиме!
Албанија ќе биде единствен чист добитник во мигот, без условености, за кои, верувам ќе дојдат исто така во текот на преговорите по конкретни прашања, како што знаат Црна Гора и Србија….