Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕВРОПА НА СОЗЛИТЕ НЕ ИМ ВЕРУВА!?

May 25, 2021 Filed Under: Колумни

ВЕЛЕ МИТАНОВСКИ

Исто, како и кај Черних – желбите не се сразмерни со можностите! На сплетките и интригите во Москва се опекоа трите наивни девојки, а ние се опековме на Брисел – подеднакво наивни, лесноверни, брзоплети… 

Москва на солзите не им верува! Тоа е делото на Валентин Константинович Черних, кое, по негово сценарио, беше преточено во прекрасен филм за трите млади девојки од провинција: Људмила, Антонина и Катерина што доаѓаат во Москва да си ја испробаат својата среќа, на семеен и љубовен план.

Но, како што обично бидува, желбите не се сразмерни со можностите!

И, ете ја приказната за сплетките и интригите, приказната преточена во овој текст како сторија под нов наслов: Европа на солзите не им верува!

Исто, како и кај Черних – желбите не се сразмерни со можностите! На сплетките и интригите во Москва се опекоа трите наивни девојки, а ние се опековме на Брисел – подеднакво наивни, лесноверни, брзоплети …

Така завршуваа сите кои ветуваат, или се надеваат на „лесно ветени брзини!“.

Да изјавите денеска дека Европа „веќе чувствува колку погрешила кон нас!“, е повеќе од наивност. Во политиката нема чувства, има само интереси.

Тоа е помалку и неукост. Задоцнетото јуначење, откако малку не потапкаа по рамениците, за нашите црвени линии, само уште повеќе ги забетонира бугарските ровови.

Брзоплетоста и наивноста не се добри другарки во политиката!

– Бугарија останува доследна во поддршката за европската интеграција на земјите од Западен Балкан, истовремено почитувајќи го критериумот за индивидуалните достигнувања на секоја земја и почитувајќи ги основните вредности на заедницата, како што е добрососедство – се огласи од Столицата техничкиот министер за надворешни работи Стоев.

Се огласи, од заеднича прес-конференција со Вархеи и португалскиот шеф на дипломатијата Силва, а ние се понадевавме дека, ете, ДВОЕЦОТ БЕЗ КОРМИЛАР, Вархеи – Силва, ќе ги раздрма софијаните, затоа што од премиерот добивме охрабрување, оти португалското претседателство ќе смисли некаква „креативна стратегија!“.

Filed Under: Колумни

МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД
ЛОШИ ПЕРСПЕКТИВИ: ГЕНЕРАЦИЈАТА Z САКА МИЛЕН ИУМЦИТЕ ДА СЕ ПЕНЗИОНИРААТ ЗА ДА ИМААТ РАБОТНИ МЕСТА
ЧЕТИРИЕСЕТ ГОДИНИ ОД МЕМОРАНДУМОТ НА САНУ: СРБИЈА НА ПАТ ИЛИ НА ЗАОБИКОЛЕН ПАТ

Најново

  • МИНИМАЛНАТА ПЛАТА НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ПОТВРДА НА СИРОМАШТИЈАТА!
  • МИЏКОСКИ УШТЕ НА СТАРТОТ ГО ПОСТАВИ ДИЈАЛОГОТ СО СОФИЈА НА СТАКЛЕНИ НОЗЕ
  • ОСТАВКАТА НА АЛЕКСАНДAР ВУЧИЌ. СОЛЗИТЕ СЕ ВО РЕД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2026 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet