За Брисел Северна Македонија напредува кон функционална пазарна економија, преземени се добри мерки да се избегне економскаста и социјална криза од епидемијата, иако најголем ризик по земјаста и натаму е ковид-кризата
Северна Македонија направила одреден напредок и е на добро ниво на подготовка за развој на функционална пазарна економија. Економскиот раст се забрзал во 2019 година со зголемувањето на инвестициите, но, од април 2020 година, кризата со КОВИД-19 оставила свој белег врз економијата и јавните финансии, се наведува во годишниот извештај на ЕК за напредокот на земјата.
Властите, според Извештајот, презеле низа мерки за поддршка на компаниите и домаќинствата, за да го ублажат економското и социјалното влијание на кризата. Фискалната транспарентност била дополнително подобрена. Сепак, фискално значајните реформи во оданочувањето на доходот и системот на пензии, воведени на почетокот на 2019 година, забележaле назадување. Фискалната транспарентност била дополнително подобрена, но биле запрени реформите на даночниот и пензискиот систем, почнати во 2019 година. Покрај тоа, спроведувањето на јавните капитални расходи останало ниско, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Пред да се појави кризата, стапките на невработеност продолжиле да опаѓаат, а се намалило и неформалното вработување. Сепак, позитивниот тренд веројатно ќе се промени поради кризата КОВИД-19, се констатира во Извештајот. Проблем за бизнисот и натаму останува високиот удел на неформалната економија, се наведува во делот од извештајот за исполнувањето на економските критериуми.
Покрај тоа, ЕК укажува и дека спроведувањето на јавните капитални инвестиции остана на значително ниско ниво, а стабилизацијата на јавниот долг сè уште не е обезбедена. Пред кризата со КОВИД-19, стапките на невработеност дополнително се намалија, исто така и кај младите, а неформалното вработување благо опаднало. Сепак, влијанието на кризата со КОВИД-19 веројатно ќе ги сврти тие позитивни трендови. Стапките на учество на жените остануваат ниски, иако нивното учество во пазарот на трудот се зголемило.
Финансискиот сектор останал солиден, а заемите за приватниот сектор се зајакнати. Деловното опкружување продолжува да биде попречено од високиот удел на неформалната економија. Северна Македонија постигнала одреден напредок и е умерено подготвена да се справи со конкурентските притисоци и пазарните сили во рамките на ЕУ. Интеграцијата во ЕУ во смисла на трговија и инвестиции дополнително напрдува. Извозот и индустриското производство дополнително се прошириле со производи од повисока вредност. Сепак, недостигот на вештини, како одраз на недостатоците во образовниот систем и одливот на квалификувани работници, како и јазот во инвестициите во инфраструктура ја нарушуваат продуктивноста на трудот и конкурентноста на економијата. Навременото решавање на овие структурни потреби, би поттикнало побрзо економско закрепнување и раст на вработувањето по кризата со КOVID-19, смета ЕК.
Со цел да се подобри функционирањето на пазарната економија, ЕК препорачува да се обезбеди фискален простор за поддршка на закрепнувањето по ковид-кризата преку подобрување на собирањето на приходите, спроведување јавни инфраструктурни проекти кои го поттикнуваат растот и подобрување на управувањето со јавните инвестиции. Се препорачува и зајакнување на фискалното управување, транспарентност и одржливост преку воспоставување фискални правила, соодветна среднорочна буџетска рамка и фискален совет, продолжување со спроведувањето на Стратегијата и акцискиот план за 2018 година за формализирање на неформална економија и подобрување на ефективноста и транспарентноста на државната помош.
Во однос на способноста да ги преземе обврските за членство во ЕУ, земјата продолжува да биде умерено подготвена во повеќето области, вклучително и во областите на конкурентност, јавни набавки, статистика, финансиска контрола, транспорт и енергија. Земјата покажува добро ниво на подготовка во области како што се законодавство на компании, царинска унија, транс-европски мрежи како и наука и истражување. Земјата е во рана фаза на подготовка во области како што се слободно движење на работниците, како и финансиски и буџетски одредби.
Во наредниот период, потребен е поголем фокус и на административниот капацитет и ефективната имплементација. Земјата продолжила да ја подобрува својата усогласеност со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, се вели во извештајот на ЕК за напредокот на Северна.Македонија. Извештајот претставува објективна, сеопфатена и реална анализа на состојбите и остварениот напредок, но и референтна точка што ќе ги диктира реформите од еворпската агенда.
Вториот дел од периодот што го покрива извештајот е полн со предизвици, кои нужно влијаеле на динамиката на реформите покрај пандемијата, здравствената криза, во која се уште се наоѓаме и ние и светот, подолг временски период имавме техничка влада без политички мандат и не функционално Собрание. Сепак и во вакви ограничувачки услови Северна Македонија постигна напредок и можеме и треба да бидеме задоволни од целокупната оценка на Европската Комисија.
Ова го нагласи заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и шефот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, на денешната заедничка прес-конференција на која го презентираат Извештајот на Европската комисија за Северна Македонија за 2020 година, како и пакетот за проширување.
Според Димитров, оценката за вкупната подготвеност за напредок на Северна Македонија е 3,11 или добро ниво на подготвеност, што значи дека споредебено со претходната година има одредено поместување во нагорна линија, затоа што оценката за подготвеност лани била 3,06.
Премиерот Зев на својот Фејсбук профил напиша дека радува тоа што во извештајот за Северна Македонија е констатирано дека содржинскиот дијалог на нашата Влада со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво. Се наведува дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство и се препорачува имплементација и испорака на уште поголеми резултати, пишува Заев на ФБ.
Посебно се издвојуваат наодите во областите на фундаментални вредности, избори, владеење на правото, судството и борбата против корупцијата, од кои може да се заклучи дека земјата е на добар пат и треба да продолжи со имплементацијата на веќе донесените закони и постоечки механизми.
„Финансиската поткрепа од 9 милијарди евра преку ИПА, во комбинирана форма на грантови и поволни заеми за да се поддржи економската конвергенција на Западен Балкан со Европската Унија, ќе испрати силна порака за поддршка на европската перспектива на регионот и за комплементарноста на реформските процеси со забрзаниот економски разво“, пишува Заев на ФБ.
Евроамбасадорот Дејвид Гир порача дека реформите треба да се спроведат не само за да и се удоволи на ЕУ или за да се донесе ЕУ тука, дома, туку и за да се донесе Северна Македонија во ЕУ. Усвојуавањето на законодавството согласно европските стандарди мора да продолжи, административниот капацитет мора да испорачува, а институциите мора да се оперативни. Владеењето на правото, пак, е почетокот и крајот на процесот на пристапување и ќе остане наш фокус низ целиот процес.
Францускиот Амбасадор, Кристијан Тимоние синоќа на тв емисија оцени дека најверојатно преговарачката рамка ќе биде брзо усвоена и сите се надеваме дека ќе се случи меѓувладината конференција. Но, во моментот кога ќе треба да почнат преговорите, владеењето на правото ќе биде најважната точка.
Ќе треба секој да може да си ја раскажува својата историска приказна, но од друга страна да не се потценува чувството на другиот. Ако има доба волја и блискост од двете страни, би можело да се најде решение, нагласи амбасадорот, вели Тимоние, и додаде дека извештајот на ЕК треба да се смета како своевиден водич, а не како критика. Реформите се важни за да се постигне што поефикасна, посилна и поблиска држава до граѓаните.
Ексминистерот и постојан коментатор на состојбите во земјава – Џевдет Хакредити истакува дека „невозможно е да се осигури решавање на предметите што произлегуваат од нелегалните прислушувања, како што се бара во Извештајот на ЕК, кога се знае дека во Македонија, за да се штитат високи државни и партиски функционери на власт, со закон е забрането објавувањето на снимените разговори“.
Во Извештајот со право, и не случајно, вели тој, се истакнува дека корупцијата е сеприсутна во многу области и треба да се обезбеди попроактивен пристап од сите чинители инволвирани во спречувањето и борбата против корупцијата
Министерот за правда Бојан Маричиќ на минатонеделната прес конференција изјави дека последниот извештај на Европската Комисија, за предокот на Република Северна Македонија, претставува најсилен доказ за посветеноста на Владата да ја трансформира државата по европски терк и да овозможи еднаков пристап до правдата, еднакви можности за сите и еднаквост пред законот.
„Во извештајот ни дадоа признание за добриот напредок на реформите во правосудството, како и во борбата против корупцијата. Воедно и се констатира усогласеност на законската рамка за заштита на човековите права со европските стандарди во најголема мера. Зголемени се напорите на нашата земја и остварени се видливи резултати како во судството, така и во борбата против корупцијата и организираниот криминал“, изјави Маричиќ.
Во извештајот на ЕУ се потенцира дека како резултат на реформските напори во последниве години, Северна Македонија воспоставила механизми за обезбедување независност и одговорност на судството, како што се правила за именување засновани на врз основа на заслуги, проверка на имотот и судир на интереси, како и дисциплински постапки.
„Воедно, во извештајот се оддава признание за добриот напредок на имплементацијата на стратегијата за реформи во судството, во која се адресирани итните реформски приоритети во извештајот на Прибе, како и препораките од Венецијанската комисија. Европската комисија има и пофални зборови за проактивната улога на судскиот совет, особено во делот на примената на новите правила за именување и унапредување на судиите, како и за утврдувањето на дисциплинска одговорност и разрешување на судиите. Како успех се забележува и усвојувањето на Законот за Советот на јавните обвинители, Законот за Јавно обвинителство кој беше донесен со дво третинско мнозинство, и продолжувањето на постапките на СЈО преку кои ќе се утврди одговорност за слосторствата кои произлегуваат од и околу незаконското прислушкување“, истакна Маричиќ.
Тој додава дека со извештајот се испраќа порака дека ни се потребни повисоки стандарди на однесување, а дека законите ни требаат и во пракса, а не само на хартија.
„Мислам дека овие позитивни оценки треба да ги искористиме како мотивација да направиме уште повеќе и да работиме уште подобро. Главните препораки во правосудството за наредниот период кој доаѓа, пред сè се однесуваат на следните точки: конзистентна имплементација на стратегијата за реформи за правосудството и демонстрација на цврста посветеност на независноста на судството, заштитувајќи го од каков било ризик од политички влијанија вклучително и со употребата на достапни механизми за проверка на професионалноста и интегритет на судиите и обвинителите. Финализирање и започнување со имплементација на стратегиите за човечки ресурси, за судството и јавното обвинителство и подобрување на акми системот со цел да се обезбеди негова цела функционалност и сигурност“, додаде Маричиќ.
Тој додаде дека треба да се продолжи со имплементација на новата законска рамка поврзана со реформата на судскиот совет и советот на јавни обвинители, како и новиот закон за Јавно обвинителство.
„Одредено ниво на подготвеност се забележува и во делот на превенцијата и борбата против корупцијата, посебно Европската комисија ја поздравува проактивноста на ДКСК, особено во безкомпромисноста во борбата против корупцијата и отворањето на голем број на случаи, вклучително и оние кои опфаќаат високи функционери од целиот политички спектар без разлика на припадност“, истакна министерот.
Тој додава дека во делот на борбата против корупцијата клучните препораки на ЕК за наредниот период се имплементација на новата законска регулатива, со која се префрлаат некои од надлежностите на поранешното СЈО во ЈО за гонење на организиран криминал и висока корупција, и регулирање на статусот на прислушуваните материјали, и дека утврдувањето на одговорноста за кривичните дела кои произлегуваат од прислушувањето ќе продолжи и ќе добие конечно своја судска разрешница.
„Да покажеме повеќе опипливи резултати во борбата против криминалот, односно да се зголеми бројот или досието со конечни пресуди за случаи на корупција на високо ниво, вклучително и со понатамошна конфискација на имот кој е стекнат со криминал. ЕК ни препорачува демонстрирање на политичка волја за борба против корупцијата преку поддршка на релевантните тела со натамошни финансиски и човечки ресурси и преку обезбедување на јасни политички упатства за сите државни институции за тоа како да се справат со корупцијата во согласност со препораките на ДКСК. Препораките на ЕК во однос на заштита на човековите права се во насока на тоа дека треба повеќе да се посветиме на обезбедување на создавање на повисоки стандарди и подобрување на условите во затворскиот систем, како и на исполнување на препораките на Комитетот за заштита од тортура на Советот на Европа“, истакна Маричиќ.
Маричиќ додаде дека е забележан одреден прогрес и во имплементацијата на препораките на ОБСЕ/ОДИХР, во однос на изборниот законик, и дека се нотира дека треба во еден инклузивен процес во наредниот период да направат дополнително усогласување со сите препораки на ОБСЕ/ОДИХР и со Венецијанската комисија.
„Наш приоритет, како за почеток на преговорите така и за целиот тек, ќе биде изградба на транспарентни, ефикасни, независни и непристрасни правосудни институции базирани на принципот на владеењето на правото и заштита на човековите права. Остануваме на заложбата како Влада и Министерство за правда сите реформски процеси од поглавјето 23, правосудство и фундаментални права, да се прават во блиска координација и партнерство со ЕУ, и под лупата на нашите соработници и пријатели во Брисел“, додаде Маричиќ.
Според Маричиќ, со овој извештај и со отворањето на преговорите до крајот на годината, имаме добра стартна позиција и дека следува период на транформација и европеизација, во која секој граѓанин треба да чувствува видлива и опиплива промена, повисоки стандарди и подобри услуги од институциите, пофункционален систем, еднаквост пред законот и заштита на своите права.
„Со поддршка на ЕУ, Северна македонија може да стане подобро место за живеење и ве уверувам дека ќе направиме сè да ги исполните овие промени и да ја донесеме долгоочекуваната промена по која нашата земја ќе треба да биде полноправна членка“, истакна Маричиќ.