Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕВРОПСКАТА НАРОДНА ПАРТИЈА И „ДРЖЕЛА ГРБ“ НА БУГАРСКАТА ИДЕЈА ЗА ЕДНОНАЦИОНАЛНА ДРЖАВА

October 7, 2025 Filed Under: Македонија

Се настојувало да н се поврзува темата за национална малцинства со нивната реална позиција во бугарската држава а зад тоас застанале членовите на Европската народна партија – десницата

ЕВРОПСКИ РАЗНЕБИТИЈА И натамусе гледаат невоодначени ставови за прашања од основните човекови права

Бугарија сакаше да ја избрише обврската да реферира за македонското малцинство во Советот на Европа – ја спречија социјал-демократите,

социјалистите, демократите и зелените спречија да се избришат деловите за македонското малцинство во Бугарија од резолуцијата на Советот на Европа со која се заклучува дека завршил мониторингот во оваа земја во однос на човековите права, владеење на правото и слобода на медиумите. И покрај обидите на членови на Европската народна партија (ЕПП) да се избришат деловите за македонското малцинство и пресудите за ОМО Илинден на Европскиот суд за човекови права, благодарение на известителот за Бугарија од групата социјалисти, тоа не поминало.

Тоа значи дека Бугарија, и покрај тоа што е донесена оваа резолуција, и понатаму ја има обврската да реферира за степенот на правата на малцинските заедници во земјата, особено во однос на Ромите и на бугарските граѓани кои се декларираат како Македонци, како и во однос на слободата на политичко здружување и организирање.

Според информациите до кои дојде Рацин.мк, ове не одело лесно во парламентарното собрание на Советот на Европа затоа што на иницијатива на бугарската делегација, на чело со Деница Сачева било испратено писмо во име на Европската партија во резолуцијата да бидат отстранети делови кои се однесуваат на правата на малцинствата во Бугарија. Европската народна партија, во која е придружна членка ВМРО-ДПМНЕ, под притисок на бугарските пратеници, во еден момент дури и ја прифатилна оваа иницијатива да се избрише делот за пресудите за ОМО Илинден и дека не треба да се зборува за македонски малцинство.

Сепак, на иницијатива на македонската делегација во парламентарното собнрание на Советот на Европа, известителот од Паријата на социјалистите, демократите и зелените инсистирале дека Бугарија има уште многу да работи на овој план и дека усвоената резолуција не значи дека нема да се следи состојбата во државата и почитувањето на европската конвенција за човекови права.

Овој став бил поддржан од сите говорници од коалицијата на социјалистите, демократите и зелените.

Доколу успееше обидот на Бугарија да биде избришан дел за македонското малцинство во нивната земја, Софија немаше да има обврска редовно да реферира за човековите права на осатанатите заедници во државата, освен на барање на некоја земја членка на Советот на Европа.

Коалицијата на социјалистите, демократите и зелените го спречи тој посакуван епилог за Бугарија.

 

Filed Under: Македонија

АНАЛИЗА: ВИСОК ИЗБОРЕН „СТАРТ“ СО ВИСОКИ ДОЛГОВИ
ПРЖИНО, ВО СЕНКА НА НОВОСАДСКАТА НАСТРЕШНИЦА: ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ДОГОВОР Е ДОБАР ПРИМЕР ЗА СРБИЈА
ОРБАН ПРАВИ СПИСОК НА НЕПОДОБНИ НОВИНАРИ И МЕДИУМИ
ЏЕЈН ГУДАЛ: ПРЕТЦИТЕ НА ЧОВЕК ВИДЕНИ ОД ПОМРАЧНАТА СТРАНА
ШTO E ПОТРЕБНО ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА МИР ВО ГАЗА?

Најново

  • АНАЛИЗА: ВИСОК ИЗБОРЕН „СТАРТ“ СО ВИСОКИ ДОЛГОВИ
  • ПРЖИНО, ВО СЕНКА НА НОВОСАДСКАТА НАСТРЕШНИЦА: ДАЛИ МАКЕДОНСКИОТ ДОГОВОР Е ДОБАР ПРИМЕР ЗА СРБИЈА
  • ОРБАН ПРАВИ СПИСОК НА НЕПОДОБНИ НОВИНАРИ И МЕДИУМИ

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet