Секоја дополнителна промоција на културното наследство на нашата земја, во случајов преку канцеларијата на ЕУ и прославувањето на три години постоење кај нас, е од исклучително значење. Лазар Личеноски, основоположникот на модерната сликарска мисла кај нас, во 60те години на минатиот век имал мисија да ја донесе Европа во Македонија и да создаде еден современ културен живот за сите
Спомен-куќата „Музеј Лазар Личеноски“ , сместена на кејот на Вардар, под Кале, е еден од најважните проекти, како за Националната Галерија така и за културната јавност во земјава воопшто, заради што и постојано поттикнува голем интерес. Но, воедно, е и проект со кој институциите се соочуваат со најмногу предизвици во неговото реализирање. Зошто?
„Станува збор за еден долг процес кој сам по себе опфаќа повеќе фази и ангажман од повеќе тимови и многу стручни лица. И покрај добрите желби и силните настојувања што поскоро да го направиме достапен на јавноста, морам да кажам дека обемноста и сложеноста на работите при изработката и реализацијата на одделните конзерваторски и реставраторски проекти, сами по себе го диктираат и темпото на реализација“, рече неодамна, на одбележувањето на третиот роденден на Европската куќа во Скопје, Дита Старова Ќерими, директорка на Националната галерија, во присуство на евроамбасадорот Дејвид Гир и сопругата на претседателот Пендаровски – Елизабета Ѓоргиевска.
Проектот опфаќа конзервација, адаптација и ревитализација на куќата на сликарот Лазар Личеноски со крајна цел таа како дом на еден најзначајните основоположници на македонската современа ликовна уметност да биде пренаменета во спомен куќа „Музеј Лазар Личеноски“. Со ова на новите генерации, но и на туристите ќе им се овозможи автентично да го доживеат амбиентот во кој овој наш доајен живеел и творел, а водено извршувал и едукативна работа.
„Со оглед на тоа дека процесот за валоризација на куќата како потенцијално културно добро кое треба да биде заштитено како културно наследство започнал уште во 2008, логично се наметнува прашањето каде сме денес, на крајот на 2022 година, по речиси деценија и половина. Можеме да кажеме дека Спомен-куќата „Музеј на Лазар Личеноски“ е во фаза на ревитализација и преадаптација според предвидената намена како во поглед на архитектурата, така и на движниот културен материјал. Тоа значи дека проектите кои опфаќаат конзервација на движниот културен материјал (слики, мозаици, етнолошки, библиотечен и архивски материјал), а се во наша надлежност, веќе се завршени и редовно се аплицира во рамките на Националната програма за да се обезбедат финансии за релизација на активностите. Движниот културен материјал е евидентиран и згрижен во нашите депоа со што сме обезбедиле максимална заштита на истиот како впрочем и за сите останати дела од колекцијата. Овде сакам да напоменам дека конзервацијата на мозаичното културно наследство од Спомен куќата на Лазар Личеноски започна 2021 година и целосно е завршено во текот на 2022 година. Во тек е конзервацијата на сликите која ќе оди во неколку фази, заради обемноста на обврските и во зависност од средствата кои ќе ни бидат одобрени од страна на Министерството за култура. Во очекување сме да ни бидат одобрени финансии и за проектот кој предвидува конзервација на етнолошкиот материјал како би можеле да отпочнеме со непосредна заштита на истиот. Тука е и библиотечното културно наследство за кое во тек е изработка на проектот за негова конзервација и заштита, рече Старова-Ќерими.
Истовремено Градскиот завод за заштита веќе е во фаза на реализација на проектот за санација на куќата. Првата фаза од проектот започна во 2021 година и опфати санација на водовод и канализација, односно приклучување на водоводната мрежа, поставување на водоводна инсталација и канализациска мрежа во објектот итн. Втората фаза од проектот започна кон крајот на 2021 година и заврши во 2022 година опфаќајќи ја фазата електрика, при што се изведени работи согласно одобрените финансиски средства, односно поставување на струјна инсталација, инсталација за ПП систем, систем за видео надзор, светлосна расвета во објектот и дворот и сл. Третата фаза за која во тек е изработка на Анекс на проектот, предвидува поставување на дренажен систем околу објектот заради појава на влага од атмосферски/подземни води како и санација на влезниот степенишен дел на објектот. По изработка на дополнителниот проект и поминати стручни контроли од надлежните институции истиот ќе се придодаде кон Основниот проект со што ќе се овозможи објава на јавна набавка за фазата архитектура.
„Значи ние веќе отпочнавме со реализација на дел од активностите поврзани со санацијата на куќата и движниот клултурен материјал, но, како понатаму ќе оди зависи од тоа дали, кога и колку средства понатаму ќе успееме да обезбедиме. Се надевам сите или барем во најголем дел потребни за да тече непрекинато проектот, за да во што поскоро време куќата стане достапна на јавноста во најубавото светло, така како што сите сакаме да ја видиме. Ние редовно, како што можете да видите, вложуваме максимални напори за обезбедување на сите предуслови за да куќата конечно ја оствари својата намена и да ја исполниме желбата на семејството Личеноски, истакна Старова-Ќерими која на вчерашна презентација во куќата на Личеноски, ги информираше ЕУ амбасадорите за културата, за досегашните и идните активности во куќата и целиот легат на овој наш исклучителен мајстор. Притоа, ЕУ амбасадорите беа одушевени од неговото севкупно творештво и визиите за куќата, која е од круцијално значење за нашето културно наследство и културата воопшто.
„Секоја дополнителна промоција на културното наследство на нашата земја, во случајов преку канцеларијата на ЕУ и прославувањето на три години постоење кај нас, е од исклучително значење. Лазар Личеноски, основоположникот на модерната сликарска мисла кај нас, во 60те години на минатиот век имал мисија да ја донесе Европа во Македонија и да создаде еден современ културен живот за сите. Затоа и ние се радуваме што токму со ЕУ амбасадорот ја прославуваме оваа годишнина, со заедничка визија преку различни начини да најдеме можности оваа спомен куќа да стане функционална и во неа повторно да заживее творештвото на овој автор, рече Старова-Ќерими.
Присуството на првата дама Елизабета Ѓоргиевска на јубилејот, ја надополни целата атмосфера.
Имам чест да присуствувам на настан по повод роденденот на Europe house и да ја погледнам студентската изложба посветена на нашиот реномиран ликовен уметник Лазар Личеновски. Со културните аташеа на земјите членки на Европската унија разменивме идеи за вмрежување со цел да ги разгледаме можностите за ЕУ и чие дело ја збогатува македонската културна ризница.Гордост е да се биде патрон на Проектот во соработка со Националната галерија и претставници на Европската делегација. Проектот е значаен од повеќе аспекти, покрај идеолошката и традиционалната вредност, претставува основ да се изгради жив и динамичен простор како инспирација за наредните генерации, истакна Ѓоргиевска.
Европска куќа (Europe House) овој месец со низа настани и оддавање почит на културното наследство на македонскиот сликар Лазар Личеноски (1901-1964) го одбележа својот трет роденден. Активностите,
организирани заедно со Националната галерија имаат за цел да ангажираат разновидна публика. Дел од нив ќе се одржат во Куќата -музеј на Лазар Личеноски, под скопско Кале.
Еве ја во целост речта на евроамбасадор Гир на одбележувањето на третиот роденден на Европска куќа во Скопје во спомен-Голема чест е што можеме да ја прославиме третата годишнина од отворањето на нашата Европска куќа (Europe House) овде, во домот на еден од големите македонски уметници Лазар Личеноски.
Може да речете, каква врска има Личеноски со Европската куќа ? Каква врска има македонската уметност и култура со Европската Унија? Мојот одговор е – сè.
Идејата за формирање на Европска куќа во Скопје прозорецот е транспарентен и има две насоки. Европската куќа го отвора прозорецот кон Светот за да ја види разновидноста и креативноста, особено на младите. И така, Куќата на Европа исто така отвори прозорец за светот да го види богатството, различноста и креативноста што постои овде во Северна Македонија, особено на нејзините млади луѓе.
И би сакал да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам на младите уметници кои учествуваа на оваа изложба. Но, можевме да одиме понатаму. Благодарение на дарежливоста и имагинацијата на Дита и Националната галерија, успеавме да отвориме не само прозорец, туку и врата до домот на голем уметник. Уметник чие дело ја изразува, за мене, самата суштина на оваа земја – бели булки во поле, водено тркало, цвеќиња во вазна, рибари во чамци на езеро, Охрид, Галичник….
куќата на Лазар Личеноски.
Ова е куќа на духови, на спомени, на живот. Да одвоиме момент да се вратиме наназад. До првите денови кога е отворена оваа куќа….1962 година.
„Кога на 18 април 1962 година се вселивме во нашата новоизградена куќа со гарсоњера кај Вардар, завршните работи сè уште беа во тек. Лазар толку многу сакаше за конечно да влезе во своето прво вистинско студио. Но, набрзо куќата била загрозена од големата поплава што го зафати Скопје на 16 и 17 ноември истата година: водата од Вардар го наполни подрумот до височина од 1,20 m, предизвикувајќи штета“.
Ова се зборовите на сопругата на Личеноски, Зоја, исто така, уметник.
Таа продолжува:
„Во текот на 1962 и 1963 година Лазар го работеше својот голем мозаик „Апотеоза на трудот“ во чардакот кон Вардар. (Познатиот мозаик на отворено „Апотеоза на трудот“ на Лазар Личеноски ја прикажува еволуцијата на човештвото. Мозаикот го велича трудот кој е главниот фокус на претстојната Европска година на вештини во 2023 година н.з.). Работеше на тоа неуморно, со голема енергија и ентузијазам, како и со се што правеше. Со задоволство му помогнав – како некогаш на Крф, на Видо – на некои помали украсни делови, на пример во меандерот, фазанот, сандалите и други, но и во мешањето на песок и цемент со вода за лиење. Ми рече: „Ова ќе биде мое животно дело“. Стана во четири сабајле, како нешто да го тера да го заврши што побрзо. Поставувањето на мозаикот на фасадата беше завршено пред самиот земјотрес. Скелето штотуку беше отстрането. („Апотеозата на трудот“ се гледа на балконот надвор, од улица. Патем, апотеозата на трудот Личеноски ја прикажува во форма на жена научник.)
Да продолжиме, една година подоцна. До кобната вечер.
Вечерта на 25 јули, на гости ни дојдоа нашите пријатели Диме Бојаноски – Дизе и неговата сопруга Душица. Вечерта ја поминавме во пријатен разговор во ателјето, во аголот со гарнитурите и тркалезната масичка, каде што обично седевме и примавме гости – не сфаќајќи дека тоа се нашите последни среќни часови во куќата… Летната ноќ беше топло и останавме доста доцна. Кога најрасположени се разделивме со гостите, никој не можеше да замисли што не чека утре рано. Сите знаеме што се случи следното утро во 05.17 часот – земјотрес кој го остави градот во урнатини. Но, некако оваа куќа преживеа, раскажа Зоја Личеноска.
Ова е куќа на духови, на спомени, на живот. Но, сите сакаме да го видиме како најдобро да се искористи. Да биде прозорец за светот да погледне во големата душа на македонската уметност.
Ова е огромен предизвик за сите нас. Ова не е богата земја и треба да размислиме – сите ние – како заедно да му дадеме живот на ова место. Влада -граѓанско општество – бизнис – меѓународна заедница.
Еден збор на претпазливост –-ако успееме да ја постигнеме оваа задача, треба да дејствуваме со почит. Оваа зграда зборува со нас, има историја, има лузни. Погледнете ја патината на ѕидовите, местата, тој оган што ги допрел, сивилото што се насобрало низ годините. Да не го бришеме сето тоа под сјајните површини и подметнувањето. Ова е куќа чија убавина блеска. Видете го….слушајте ги гласовите што речиси одекнуваат овде. Неговата душа.
Би сакал да и се заблагодарам на првата дама Ѓоргиевска- голем поддржувач на уметноста – за нејзиното покровителство денес, уште еднаш на Националната галерија која ја прифати оваа идеја од самиот почеток. На колегите од Европска куќа кои помогнаа во подготовката на денешниот настан. Посебно би сакал да споменам на оваа трета годишнина од отворањето на Европската куќа, за двајца луѓе кои оттогаш не напуштија: Дејвид Сасоли, претседател на Европскиот парламент кој ја отвори Европата куќа пред три години и веднаш ја сфати нејзината важност и прекрасната Вјоса Бериша која толку брилијантно го водеше проектот Европска куќа, и која, за жал, почина на почетокот на оваа година.
И сега ја оставам Куќа-музеј на Лазар Личеноски и младите уметници овде да зборуваат сами за себе… многу поелоквентно отколку што можам.