Глобус-Неделен весник

  • Македонија
  • Свет
  • Ревија
  • Архива
  • Контакт
  • Фељтон
  • Колумни

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“

July 9, 2025 Filed Under: Македонија

Доколку нема реформи до 2027 година, парите за Западен Балкан од Планот за раст ќе бидат вратени во ЕУ. Она за што се добиени веќе средства од Брисел главно не се заслужени, целта не е остварена. Македонската јавност е планирано од власта-домаќин замаена со перидерни сегменти за да не се види она што ние си го знаеме – нема никаков развој има просто фалбаџиски, голи тиради на Мицковски

САМИТ ВО СКОПЈЕ Засенување на сериозноста на средбата со илустрации на Мицковски за неговиот патриотизам

Европската комесарка Марта Кос јасно им кажа на балканските лидери – доколку не спроведат реформи, нема да добијат пари од Планот за раст за Западен Балкан. Секое евро од планираните шест милијарди треба да се потроши за земјите од Западен Балкан, изјави комесарката за проширување и добрососедство на Европската унија (ЕУ) Марта Кос на 1 јули во Скопје, на Самитот ЕУ – Западен Балкан посветен на Планот за раст.

„Парите што ги користиме во овој инструмент за сите земји од Западен Балкан ќе бидат достапни до крајот на 2027 година, а доколку не ги искористиме, доколку земјите не успеат да ги повлечат, ќе морам да ги вратам парите во буџетот на ЕУ“, рече Кос на заедничка прес-конференција со домаќинот на состанокот на лидерите, премиерот на Северна Македонија Христијана Мицкоски. „Мислам“, додаде таа, „има подобри решенија од тоа, ако спроведете реформи, ние попрво ќе ви ги дадеме отколку да ги вратиме во буџетот на ЕУ“ – беше речено како некаква утеха.

Во јавноста оваа конференција просто беше затскриена. Се говореше дека ќе трае два дена, потоа се сведе на еден ден а учесниците можевме да ги видиме на заедничка фотографија и поголем дел од присутните и да не ги препознаеме! Имаше шаренико во составот на присутните, на нивниот ранг што се должи на „лошите оценки“  кои требаше да се добијат, меѓусебната нетрпеливост на одделни балкански земји и слично.

Од регионот, на настанот во Скопјe присуствуваа тројца премиери – од Македонија, Косово и Албанија, односно Мицкоски, Албин Курти и Еди Рама, последниов препознатлив по белите патики.  Претседателот на Советот на министри, Борјана Кришто, пристигна од Босна и Херцеговина, додека српската делегација ја предводеше министерот за европски интеграции, Немања Старовиќ.

Црногорскиот премиер Милојко Спајиќ присуствуваше на вечера во Скопјe на 30 јуни, по што замина, веројатно очекувал поинаков состав на собирот а нешто не му се допадна а делегацијата ја презеде вицепремиерот за надворешни и европски работи, Филип Ивановиќ.

Инаку претходно постоеле средби на слично, би се рекло посилно ниво каде – така да се рече- се делеле парите согласно на проектите – а сега требаше да се „стави црта“ и да се даде оценка за спроведеното.

Албанскиот премиер Еди Рама понудил да биде домаќин на следниот самит, но сè уште не е одреден датум.

Свикувачот – еврокомесарката Кос, пресече – просекот за сите земји во регионот досега е дека 75 проценти од реформите се или спроведени или се во процес на спроведување. Сепак, една четвртина од реформите не се миту отпочнати и Кос ги повика лидерите да ги забрзаат процесите.

Северна Македонија, која прва ја презентираше реформската агенда за Планот за раст, како што рече премиерот Мицкоски, води за неколку процентни поени над регионалниот просек од 75 проценти.

СЕРИОЗНИ ЗАБЕЛЕШКИ Кос им порача на присутните дека не ги исполнуваат своите задачи на кои се обврзале

Конкретни резултати –по премиерот се СЕПА, Коридор 8, роаминг со ЕУ

Планот за раст и реформи за регионот треба да овозможи забрзана интеграција во ЕУ, а граѓаните на Западен Балкан да ги почувствуваат придобивките дури и пред полноправното членство, како што е интеграцијата на нивните земји во единствениот европски пазар. Еден од конкретните резултати е приклучувањето на Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија кон Единствената европска платна зона – СЕПА.

„Младите претприемачи во Скопје или Тирана можат да добиваат исплати од целата ЕУ исто како компаниите во Мадрид или Виена. Ова важи за земјите од Западен Балкан, станува збор за четири земји“, рече Кос.

Таа, исто така, го нагласи посветеноста на проектот „Зелени линии“ на границите, употребата на сателитите „Галилео“ за следење и надзор на камиони и надминувањето на тесните грла на границите.

Кос, исто така, го поздрави фактот што Северна Македонија и Бугарија се согласија за изградба на Коридорот 8, кој, според неа, е важен не само за регионот, туку и за ЕУ ​​бидејќи ќе учествува во новата стратегија за Црното Море што неодамна ја усвои Европската комисија, односно за поврзување на Унијата со земјите од Централна Азија.

„Разговаравме и за роамингот, ако навистина работиме вредно, ќе има многу реформи што ќе ги променат законите и ќе можеме да имаме бесплатен роаминг од 1 јануари 2026 година“, истакна Кос.

Една четвртина од реформите не се спроведени.

„Разговаравме и за роамингот, ако навистина работиме вредно, ќе има многу реформи што ќе ги променат законите и ќе можеме да имаме бесплатен роаминг од 1 јануари 2026 година“, истакна Кос.

Планот за раст, кој го дискутираше Европската комисија со лидерите од регионот, беше договорен од Европскиот парламент и Советот на Европската унија во мај 2024 година, а беше одобрен во октомври истата година. Неговата вкупна вредност е шест милијарди евра и опфаќа инвестиции и реформи во земјите од Западен Балкан, како дел од реформската агенда 2024-2027 година.

Босна и Херцеговина, од сите земји од Западен Балкан, беше единствената што не ја усвои реформската агенда. Сепак, како што рече Кос, тоа се промени бидејќи Советот на министри ја усвои агендата на 25 јуни и првиот услов беше исполнет. Ова, оцени европскиот комесар, е „добра вест“.

Од пакетот од шест милијарди евра за целиот регион, земјите ќе добијат еден дел во форма на неповратни грантови – 2 милијарди евра, а другиот дел во форма на меки заеми – 4 милијарди евра.

Како стоиме ние во однос на европските пари? За Северна Македонија се планирани вкупно 750 милиони евра, од кои земјата досега добила 52,4 милиони евра. Од другите земји во регионот, Србија веќе добила пари – 110,7 милиони евра, Албанија 64,5 и Црна Гора 26,9.

Следните транши, според најавите од Самитот во Скопјe, се очекуваат подоцна во јули, како и на есен, по евалуацијата на извештаите за работата што земјите треба да ги достават до европските претставници.

СОСТАВ Имаше само тројца премиери, другите беа министри од земјите на Западен Балкан

Земјите од Западен Балкан се во различни фази од пристапувањето кон ЕУ, а Планот за раст има за цел да ги забрза нивните реформи и да ги подготви за членство во ЕУ.

Во последните месеци, Албанија и Црна Гора брзо отвораат нови поглавја во преговорите за пристапување со цел да станат членки во 2028 година, додека од Северна Македонија се бараат уставни измени што би го вклучиле бугарското малцинство во Преамбулата со цел формално да започнат преговори со ЕУ. Кос бара уставни измени,

Но, покрај исполнувањето на реформите предвидени во Планот за раст, земјите од регионот се соочуваат и со други предизвици. За Северна Македонија, ова се уставни амандмани кои ја вклучуваат бугарската заедница во Преамбулата, а премиерот Христијан Мицкоски ја искористи заедничката прес-конференција со Марта Кос за да каже дека нема да ги прифати новите услови.

„Сакам да биде јасно дека нашите чекори на европскиот пат се со отворено срце и ум. Со прифаќање на европските вредности. Сепак, ние се спротивставуваме на уцените што не се дел од тие вредности. Не прифаќаме наметнувања под маската на европскиот процес“, рече Мицкоски.

Од друга страна, Кос рече дека ситуацијата е јасна за Европската комисија и ги повтори пораките испратени претходно во врска со европската интеграција на Македонија – „доколку Северна Македонија ги исполни своите обврски и го промени Уставот, тогаш Меѓувладината конференција ќе започне веднаш без никакви дополнителни политички услови“.

„Идентитетот не може да биде предмет на политички одлуки, тој е нешто што го носиме во нашето срце и душа, тоа е како се чувствуваме за нашата татковина, како се грижиме за нашите традиции. На пример, за манастирите, погачата, тавче-гравчетот, полнетите пиперки, како ги одржуваме традиционалните носии, какви односи градиме со старешините во земјата, каков став имаме кон зачувувањето на нашиот јазик. И никој не може да ви го одземе тоа“, рече Кос. Додека таа зборуваше за македонските специјалитети, Мицкоски одговори дека за него идентитетот е повеќе од само македонска кујна, туку и Илинденското востание, националниот херој Гоца Делчев, Даме Груев итн.

„Морам да признаам дека изгубивме многу во овие три децении – менување на знамето, името, а неколку пати и Уставот. А во услови кога нема гаранции дека ова е последната отстапка на идентитетот, би била многу повнимателна, водена од максимата: не слушајте што зборуваат, гледајте што прават. А она што го правеа и сè уште го прават некои од членовите на Европскиот парламент од нашиот источен сосед нема никаква врска со европските вредности“, рече Мицкоски.

Овој сегмент очевидно беше искористен во нашите медиуми за преземање на штафетата на потценување на собирот и замајување на критиките по другите основи.

Кос најави дека наскоро ќе оствари билатерална посета на Северна Македонија. За тој период, како што рече, се договориле со Мицкоски да ги посетат повредените во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, што го нарече „национална трагедија“ од која земјата сè уште се опоравува, и изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Во оваа трагедија што се случи на 16 март, загинаа 62 лица, а над 200 беа повредени.

(Р.Г.)

Filed Under: Македонија

ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД
ЦАНЕ АНДРЕЕВСКИ: НЕ ЗНАМ ЗОШТО СЕ ПЛАШИМЕ?
НОВО ОБМИСЛУВАЊЕ ЗА ФИНАНСИРАЊЕТО НА РАЗВОЈОТ ОД ПЕРИФЕРИЈАТА

Најново

  • ЕВРОПСКА УНИЈА ДО ЗАПАДЕН БАЛКАН – НЕМА ВЕЌЕ ПАРИ „НА ЖИМИ МАЈКА“
  • ЕВРОПА ДА СЕ ОБЕДИНИ, РЕФОРМИТЕ СЕ ТЕШКИ
  • ОБВИНЕТИ ЗА НАПАДОТ ВО БАЊСКА ВО „ЌАЦИЛЕНД“ ВО БЕЛГРАД

Импресум

Издавач - Здружение за нови политики и слобода на медиуми "Јавност" - Скопје,

Партизански одреди 23/1/3 Скопје

globus@globusmagazin.com.mk

Барај

Сите права задржани© 2025 · ГЛОБУС · Log in

Developed by Unet