Гералд Кнаус и Флоријан Бибер Бугарија го уништува кредибилитетот на ЕУ на Балканот
Познатиот политички научник и директор на Европската иницијатива за стабилност, Гералд КнаУс, ја обвини Бугарија дека го уништува кредибилитетот на ЕУ на Балканот со најавата за блокада на Македонија да ги почне преговорите со ЕУ. Барањето на Софија и на министерката за надворешни работи Екатерина Захариева Скопје да признае дека македонскиот народ и македонскиот јазик имаат бугарски корени го осуди како апсурдно.
„Замислете Германија да инсистира ‘Австрија да ги признае германските корени’, заканувајќи се со ‘тензии’ ако не го направи тоа. Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот“, напиша Кнаус на Твитер.
И Флориан Бибер, професор на Универзитетот во Грац и добар познавач на состојбите на Балканот, реагираше на последната изјава на Захариева за Ројтерс.
„Ернест Ренан го знаеше тоа подобро: Постоењето на нација е секојдневен референдум, исто како што постојаното постоење на индивидуа е вечна афирмација на животот“, напиша Бибер на Твитер.
Никој од македонската Влада не се јави досега со реакција за изјавата на шефицата на бугарската дипломатија, откако и бриселски „Политико“ пред неколку дена кусо објави дека е на повидок наводен „бугарски компромис“, со цел С Македонија да ги почне преговорите за членство со ЕУ.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, пак, кусо коментираше дека инсистирањата на Бугарија за признавање на „историска вистина“ се политика, а дека Заев не се залага да ја презентира и „нашата вистина“