Критичарите велат дека е потребна итна реакција за да се крене моралот на граѓаните, кои се збунети дали властите воопшто знаат што прават
Видео на Јутјуб со британскиот премиер Борис Џонсон, како ги менува препораките за пандемијата на ковид-19, привлече десетици илјади прегледи.
„Велиме да не одите на работа, одете на работа, не користите јавен транспорт, седете внатре, излегувајте надвор, не излегувајте надвор“, го исмеа Џонсон во видео од 17 секунди, еден од најпознатите британски комичари Мат Лукас.
Според неговите фанови, Лукас совршено ја сумирал фрустрацијата на многу Британци, особено младите, поради постојаната промена на владините регулации и различните совети на министрите.
На почетокот на јули, британската влада ги охрабри граѓаните да одат на одмор во Европа, без да мора да бидат во карантин 14 дена откако ќе се вратат дома. Стотици илјади ја прифатија можноста за одмор, кога наеднаш Владата воведе задолжителен карантин за тие што се враќаат од Шпанија, Луксембург, Белгија и Андора. И Франција се очекува да се најде на оваа листа во наредните денови.
Промените доведоа до гнев, како и грижа кај законодавците за неконзистентност.
Но, Британците не се единствени кои губат трпение. Фрустрацијата се зголемува низ цела Европа, со промена на насоките на владините лица, при нивните обиди да го спречат ширењето на вирусот.
Нетрпението на јавноста не им помага на владите во нивните напори да ги убедат граѓаните да ги прифаќаат и почитуваат рестриктивните мерки.
„Нема логика ниту постојаност во владиниот пристап, особено во однос на економските мерки“, изјави Џереми Ворнер, економски коментатор за весникот „Индепендент“.
Критичарите велат дека е потребна итна реакција за да се крене моралот на граѓаните, кои се збунети дали властите знаат што прават.
Дел од проблемот се и различните мислења меѓу научниците и политичарите. Вирусот е нивен заеднички непријател, но, политичарите се под притисок да земат предвид и други фактори, како одржување на економијата, намалување на штетата врз работните места и бизнисите.
Според аналитичарите, мора да постои согласнот меѓу владините официјални лица и нивните советници за потребните мерки.
Минатиот месец биртанскиот лидер најави олеснување на рестрикциите, меѓу кои и отворање на пабовите. Тој вети дека државата ќе се врати во нормала до Божиќ.
Тоа, пак, доведе до критики од страна на поранешни и актуелни научници, кои се советници во Владата.
Тие испратија многу попесимистички ноти, велејќи дека можеби ќе биде потребен уште едено затворање на државата во зимските месеци.
Но, освен Џоносн, и другите европски лидери се обидуваат да направат баланс меѓу песимизмот и оптимизмот, што води до зголемена фрустрација кај граѓаните.
Италијанскиот премиер Џузепе Конте, исто така, се најде во дилема, откако ги олесни рестриктивните мерки, и покрај тоа што се` уште има зголемување на бројот на заразени, што, пак, претставува аларм за Владата на Италија.
И Франција го промени првичниот став, најавувајќи дека е можно да биде потребен нов карантин во државата.
Грчката влада најави дополнителни рестрикции поради растот на бројот на заразени и критички болни луѓе во државата. Владините министри велат дека голем дел од проблемот се странските туристи.