МАРКО БИЧИНА
Полека, но сигурно се создава новата структура на европската политика. Наместо поделбата да е меѓу социјалистите и популистите, прогресивците и конзервативците, новата линија на поделба се случува на линија меѓу унионистите и суверенистите
Сè има свој краен рок, па и упорната трпеливост на лидерите на Европската народна партија со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Enfant terrible меѓу партиите од европски политички блок во последниве години најупорно го тестираше трпението, градејќи го свој имиџ на корифеј на новиот европски илиберализам.
Без отворен инает со политичката агенда на старите земји-членки на ЕУ, Орбан де факто го извлекуваше од темелите на Унијата тмелот на посткомунистичкиот континентален систем, додека седеше на масата каде што се донесуваа сите важни одлуки. Оваа рамнотежа, се разбира, не можеше да трае вечно, и стана непосредна причина за започнување на пресметка на европскиот народ со Орбан кога се појавија навредливите билборди со ликот на Жан-Клод Јункер, што Орбановата партија Фидес ја исполепи низ Унгарија. Како претседател на Комисијата на ЕПП Јункер, очигледно оваа провокација не може да се игнорира, па Јункер неодамна го нарече во афект Орбан како „мојот омилен диктатор”.
Како за прв пат се постави прашањето да се исфрли Фидес од ЕПП и тоа го побараа и некои членови од јужниот дел на Европа, а пред Орбан со поставија условите кои тој не сака да ги прифати, како што се поништување на решението за исфрлањето на Соросовиот универзитет од Будимпешта, се чини декапрекинот на односите стана неизбежен.
Ако се игнорираат вообилчаените сеења на мага за европски вредности, зад целата сторија стои значајна сметка – Орбан би освоил 12 места во Европскиот парламент, како и значителен број во самата ЕПП, што може да влиае на односите и во Парламентот и во партискиот форум – на пример Макрон може да добие максимум 20 места во ЕП, што би било важно кога ќе се крои мнозинството во европските структури, каде мнозинството сепак повеќе би сакало да ја види либералната АЛДЕ отколкку ултраконзервативната Фидес! Така и ќе се одлучува за тоа кој колку функции ќе има во ЕУ.па и кој ќе биде идниот претседател на Комисијата.
Полека, но сигурно се создава новата структура на европската политика. Наместо поделбата да е меѓу социјалистите и популистите, прогресивците и конзервативците, новата линија на поделба се случува на линија меѓу унионистите и суверенистите. Излезот на Обединетото Кралство, исфрлањето на Орбан, дисциплинирање на ПОлска преку одобрување на проектот Северен поток 2, договор за посилна соработка меѓу Германија и Франција …Пред нашите очи расте Европа со две (можеби и повеќе) брзини. Со каква брзина ќе се вози во Хрватска?