БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Главните финансиери на Брегзитот сметаат дека проектот е пропаднат и дека Британија треба да остане во Европската унија. Така и ќе се случи. Се бараат форми кои најмалку ќе ги повредат чувствата и дигнитетот на Британците сеедно дали тоа ќе биде нов референдум на кој ќе се гласа за ЕУ, макар што Најџел Фараж смета дека мнозинството за излегување од Унијата ќе биде поголемо на новиот референдум
Британските институции не се во состојба да ја спроведат вољата на народот. Меј е во право, тоа е пораз на британската демократија, пораз на националното дистоинство и самодоверба, но не затоа што Парламентот е арогантен или однароден, туку затоа што империјалниот рефлекс и медиумските и политички манипулации на популистите, го беа довеле народот во заблуда околу можните ефекти и импликации на излегувањето од Европската унија. Спроведувањето на неговата воља би предизвикала страшни последици и веќе ги предизвикува, како што страшни последици ќе има и непочитувањето на неговото решение.
Во услови на либерализирани медиуми, без посредување на значењата, во време на форсирани паники и стравови и ресентимани, референдумот за вакви прашање не е демократска работа туку идиотски увод во катастрофа.
Главните финансиери на Брегзитот сметаат дека проектот е пропаднат и дека Британија треба да остане во Европската унија. Така и ќе се случи. Се бараат форми кои најмалку ќе ги повредат чувствата и дигнитетот на Британците сеедно дали тоа ќе биде нов референдум на кој ќе се гласа за ЕУ, макар што Најџел Фараж смета дека мнозинството за излегување од Унијата ќе биде поголемо на новиот референдум, или друг начин со кој ќе се суспендира идејата за Брегзитот. Владата има три дена за нов план, а потоа следи специјален одбор кој ќе ги преземе ингеренциите околу ова прашање. Нов договор со Брисел не е можен, како што не е можен и таканаречениот тврд брегзит, без договор со Европската унија.
За Европа исто така може да има сериозни последици при брегзит без договор. И голем плус за европската идеја ако Лондон се откаже од сепарацијата.
Британците ми личат на мазохисти кои се боцкаат со острите ножеви на империјалниот рефлекс за да ги спречат Европјаните да направат од нивната кожа тапан. Кога ќе умрат. Тие не бираат како да се спасат од говната во кои потонаа бркајки ја илузијата за својата величина и ексклузивност, туку бараат “Ер викиви” кои најдобро можат да им ја направат смрдеата поподнослива. И тоа да го патентираат како нов британски влог во светското културно наследство. Неверојатно за една нација на која светската цивилизација и должи толку многу, на нација со таква традиција, историја и култура. Или тоа што се случува е резултат имено на таа историја и на нејзините културни напластувања со кои имаат проблеми правилно да ги комуницираат предизвиците на новото време. Тие можат да стигнат до целта само ако се вратат. Во сите аспекти и во сите солуции, во сите области, одат кон полоши состојби од оние што ги имаа и тие и Европската унија, пред Камерон да се сети на идејата за референдумот.
Дали тоа што Британскиот парламент не го изгласа договорот за брегзитот, значи дека пропаѓа проектот за Северна Македонија!?
Да, им викам на тврдокорните, некој мораше да не спаси!
Да си жив и здрав, Тричко, секогаш Македонија никогаш Северна!