Добивме силна изјава за Член 5 и импресивен договорот за зголемени трошоци за одбрана

ЦИВИЛ МЕДИА започна серијал на тема „НАТО лидерски самит 2025: Предизвици и перспективи“ во кои релевантни соговорници, експери во областа на геополитиката, безбедноста, одбраната и членството во НАТО одговараат на прашањата за предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг, зголемување на трошоците за одбрана на земјите членки на 5% од ГДП до 2035 година и единството на Алијансата во претстојниот период.
Своите ставови по овие прашања, ексклузивно за ЦИВИЛ МЕДИА ги сподели Едвард П. Џозеф, предавач на Џонс Хопкинс SAIS Универзитетот со седиште во Вашингтон и кампус во Болоња, Италија, експерт за менаџмент на конфликти, аналитичар за надворешна политика, со над 15 години искуство во најнестабилните региони во светот, водејќи преговори со високи влогови, изборен мониторинг и мисии за одговор на кризи.
ЦИВИЛ МЕДИА: Кои се предизвиците и перспективите на Алијансата во периодот по Самитот на НАТО во Хаг?
ЕДВАРД ЏОЗЕФ: Предизвиците остануваат војната на Русија во Украина – и одбивањето на претседателот Путин да прифати прекин на огнот или сериозно да се вклучи во мировни преговори. Досега Путин ги отфрли обидите на претседателот Трамп, кој го зголеми интензитетот на своите напади врз украинските цивили.
Сите други предизвици остануваат, вклучувајќи ги сајбер нападите и другите средства за хибридно војување, растечките нестабилни временски услови и другите ефекти од глобалното затоплување. За среќа, Блискиот Исток можеби е на траекторија за поголема стабилност.
ЦИВИЛ МЕДИА: Со какви предизвици се соочува иницијативата за зголемување на трошоците за одбрана на земјите-членки на 5% од БДП до 2035 година?
ЏОЗЕФ: Впечатливо е што Алијансата се посвети на оваа амбициозна цел. Секако, клучниот предизвик е реализацијата на зголемувањето. Земјите-членки би можеле да се обидат да ги претстават трошоците кои не се одбранбени како придонес кон целта.
ЦИВИЛ МЕДИА: Може ли да се очекува поголемо единство на Алијансата по овој самит во претстојниот период?
ЏОЗЕФ: Одговорот на ова важно прашање е неизвесен. Во еден поглед, Самитот во Хаг беше успешен, во смисла на добивање силна изјава – со САД – за Член 5. И, повторно, договорот за зголемени трошоци за одбрана е импресивен. Разликите, секако, остануваат околу Украина и како да се пристапи кон Русија, што се гледа од значително понискиот профил на војната на Самитот и понискиот профил на претседателот Зеленски. Во исто време, претседателите Трамп и Зеленски наводно имале уште една позитивна средба, а претседателот Трамп подоцна имал позитивни зборови за него.
Драган Мишев